Дали сте во мода?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не сакам да бидам во мода. Понекогаш и намерно внимавам да не изгледам модерно...
Глупаво ми е да се облекувам според најнови трендови кои некој друг ги наметнува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and 990Freak

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Го носам она што најубаво ми стои,нормлано дека нема нешто да облечам што е во мода а јас да бидам ко бидам кловн односно да не ми стои.Си имам некој свој стил на облакање,и купувам работи со цел мене да ми стојат а не со цел да бидам во чекор со модата, но често се погодуваат тие работи да се во тренд,но не купувам работи што сите ги имаат и станале како униформа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Ич. Заглавен сум ја у времето коа бев осмо,коа се носеа ниски и ептен широки патики,широки сомотски и блузони. Тоа и до ден денес си носам,сомотските ги мењам со фармерки или долни тренерки(и горна и долна заедно ретко носам,ептен ми е дизелашки),врз блузоните тенка пролетна или дебела зимска јакна,патиките со ништо не ги мењам,освен со папучи за по дома. Летно време или фармерки или три четврта и рандом маици. Капа носам кога е ептен ладно,шал ретко,ракавици исто по потреба. И сите три се класични.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Не сте ми јаснииии лилаааа! Какоо можетее да не БИДЕТЕ ВО ТРЕНД?!!! Па тоа е нешто најважното!!!!!

пфф, не личе на мене овоа ич. :D
Не носам модерно од причина дека не ми се свиѓа. А го носам тоа шо ми се свиѓа и ако се чувствувам удобно во него. Ако можам да седнам на каучО како шо ја сакам додека го носам тоа, тогај тоа е за мене. :)
Зимото планирам да се стоплам со облеката, а не да мрзнам или да се стегам, само ради тоа шо СЕ НОСЕ моментално.
За летото е лесно, облачам нешто шо би се осеќала фино, исто да се движам како ми е прилагодно. Убавината во облеката е да се чувствуваш слободно додека ја носеш, безразлика каква е..
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Можеби делува излитено, и стопати спомнато но модата е минлива, стилот е вечен ;)

Мојот одговор е краток и јасен - не. Носам тоа што ми е удобно, практично и мене што ми се допаѓа. Нема теорија да носам нешто што ќе ме прави да изгледам како кловн, да се стегнувам, премрзнувам и што и да не само за да бидам во тек со модните трендови. Не не прави нас облеката, туку ние неа.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Модата често се менува.

Можеби во Македонија вреди да се следи модата, најновите трендови, итн. бидејќи кај нас касно доаѓаат и долго остануваат, па така ти вредат парите што си ги потрошил на тоа, ама за надвор од Македонија не знам колку луѓето можат да си дозволат да ја следат модата постојано, и да бидат во чекор со неа кога и да се смени.

Затоа, синко, постојат така-наречени timeless парчиња облека.

Ама па од другата страна не знам колку всушност вреди бидејќи сметам дека голем дел од народот во Македонија баш многу ја цени модата... Или воопшто обрнува внимание на неа. Ама тоа што го купуваме го купуваме заради нас, бидејќи на нас ни се допаѓа, а не за другите да одлучат дали е или не е океј.

Арно ама во Македонија (благодарение на опсесијата со Америка, познатите личности и американските серии, емисии и слично) и да видиш нешто интересно/во мода на интернет, или ќе си го нарачаш преку ebay или amazon, или тета Соња/Петкица/Зорана ќе ти го донесе коа ќе оди/ќе се врати од Њу Јорк, па ќе си го имаш и за неколку месеца (дур да почнат да го произведуваат Ботоно, Шатце и слично) ќе бидеш во центар на внимание. That's how it works.

Но, се-на-се, мислам дека повеќе вреди да се има стил (да се знае да се искомбинира добар изглед со неколку парчиња облека (стари или нови)) отколку постојано да се трошат пари на глупости или нешто што ќе се облече еднаш (полека, уште не сме до таму за да си дозволуваме да носиме нешто само еднаш и да го фрламе, особено ако излагањето ти се состои од Дринкерс -> Парадизо -> Колосеум секој викенд) или да се експериментира со некоја нова екцентрична "Гага/Ријана" мода што може-а-може-и-нема да се нафати.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ако бевме во мода ќе требаше да изгледаме како хипстери (facepalm)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Се стремам да бидам во мода со стандардите кои јас ги поставувам. Сите пишуваме дека сакаме да носиме тоа што е практично, што нас ни се допаѓа, а при тоа сите трчаме во сити мол да купиме во зара, бершка , и тако даље од најновите колекции. (не зборам за сите, навистина има исклучоци и ги почитувам, а исто и оние што трчаат ги почитувам не ми сметаат) но во глобала барем од моето окружување и во мојот град сите станале “болни“ за тие демек “марки“ и обавезно дискутираат на тие теми како да е целта на нивно постоење да си купат најнова колекција фустанче од зара.Ми се случило да ми напомене една девојка дека блузичката што ја носам ја имала таа пред 2 сезони.... Во некои моменти ми паѓа тешко што не можам да си приуштам шопинг во сити мол и одеднаш да се опремам од глава до пети, но во следниот момент сфаќам дека сум во многу случаи подотерана во стварчињата што ги купувам од обичните “чајна мејд“ дуќанчиња и ги комбинирам по мој фкус и во мој стил. Така да не сум старомодна, следам што е ново, но не боледувам да бидам џет сетерка која подалеку од фешн ис мај дрог не знае.