Дали сте во мода?

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
31
Скопје
Дали сакате да бидете секогаш во мода?
Дали кога ќе дојде нова мода се трудите да бидете во тек?
Дали секоја сезона купувате по некое ново и моментално модерно парче облека?

Јас пример никогаш не се трудам да бидам во мода и не следам многу што се случува ама секогаш кога ќе видам некои статии за што е модерно во моментот сваќам дека јас веќе ги имам тие парчиња и дека секогаш сум во мода не по своја воља. А за шопинг не одам често, освен кога имам конкретно парче замислено и само тоа го купувам.
 
  • Like
Реакции: Marinna and jovanKH2O

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Дали сакате да бидете секогаш во вода?
Дали кога ќе дојде нова вода се трудите да бидете во тек?
Дали секоја сезона купувате по некое ново и моментално модерно парче облека?

Јас пример никогаш не се трудам да бидам во вода и не следам многу што се случува ама секогаш кога ќе видам некои статии за што е водено во моментот сваќам дека јас веќе ги имам тие парчиња и дека секогаш сум во вода не по своја воља. А за шопинг не одам често, освен кога имам конкретно парче замислено и само тоа го купувам.






(вака ми е поинтересно)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,626
1,683
Normandy
Шо се тиче облека, не пратам и не се замарам за мода. Носам она што ми се ускладува на тело, не да боде очи за у јавност. Мала дигресија, нешо шо не трпам е да се биде вон стадото по секоја цена или накратко речено - хипстеризам. Демек сеа ќе терам нешто вон мода, ќе пишувам со молив додека полесно ми е да куцам на ПС, ќе се облекувам во нешто невкусно само колку да привлечам внимание пошо нели, као мал сум бил исмеван и не можам да се носам сеа со тоа што луѓето више не се замараат со мојот итака неиновативен живот. Е сево ова ми е толку дебилно што понекад им удирам контра шо ваквиве хипстери им викам: Ејј брат па вчера видов еден ист ко тебе, го носеше истото парче облека, па мислев дека си ти, ама некако по фаца не си личите.
Значи едно е уникатност, друго е хипстеризам. Уникатност секако да, тоа отсликува дека личноста не е сериски број. Ама замарањето со тоа доведува до она погоре.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не се облакам според мода, носам тоа што ми се допаѓа и пред се, во тоа што се чувствувам удобно.

Имам доста едноставен вкус. Слободно можам да кажам дека 99% од времето, носам панталони, маичка и дуксер. По некое џемперче и по некоја кошулка. И секако, патики.

Бидејќи дремам на интернет, а и ме интересира модата, пратам што се случува, но не сум доволно мотивирана за да бидам дел од неа.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
22
Куманово
Од моду прату само оној, мајца да е у фармарке ставена или не, трењерке да ги ставу у патике или не и тој :D. Ако е мода тој што сам онј пут видеја на телевизор ондак боље да извршу самоодземање.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Мојот стил се подудара со модата колку демократијата со Саудиска Арабија.
Имам проблем со пронаоѓање работи кои ми се допаѓаат. А пошто нашиве продавници се претежно зависници од Туркиш мода, треба да се гордееш кога ќе ти кажат „Турско е, не е кинеско.“
Не дека немам такви де, туку тешко е да најдам модел што ќе се вклопи со работите што ги носам.
И не дека имаме којзнае каква мода овде. Ако не нарачаш од интернет или да фрлиш дебела сума пари за едно парче од нова колекција, заеби, кај нас најмалку година доцнат трендовите.
 
  • Like
Реакции: ~ Скарлетка ~

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,007
3,215
1,143
  • Like
Реакции: DarkPassenger and МиГ 21

Marinna

Староседелец
13 април 2012
117
160
643
Дали сакате да бидете секогаш во мода?
Дали кога ќе дојде нова мода се трудите да бидете во тек?
Дали секоја сезона купувате по некое ново и моментално модерно парче облека?

Јас пример никогаш не се трудам да бидам во мода и не следам многу што се случува ама секогаш кога ќе видам некои статии за што е модерно во моментот сваќам дека јас веќе ги имам тие парчиња и дека секогаш сум во мода не по своја воља. А за шопинг не одам често, освен кога имам конкретно парче замислено и само тоа го купувам.
и јас така... воопшто не се трудам да бидам во мода, и секогаш купувам она што ми е убаво (без разлика дали е во мода или не)... ама секако не ќе купам нешо шо се носело во триесеттите ... (wave)
 
  • Like
Реакции: ~ Скарлетка ~