Ти, авторче, со свои 17 години, не може да бидеш „сам себе сврстувал во Алфа мажјаци.“
Маж, благо заокружено, после 25та, а богами по денешни стандарди и 30та ги фаќа некои, па уште се ко да имаат 15.
Знам дека е копирана статија де, ама набројаното ич не доликува на алфа и бета мажјак. Пре би рекла дека повеќе одговара обратно, алфа е бета, а бета е алфа. Аман од тоа зелено размислување дека ако мажето вежба што ти знам што и вози јака кола, врти типки и си билда его со тоа, автоматски е алфа. Жими газов. Колку што женските што трчаат по него се фини, наивни и бараат вистинска љубов, толку и типацов е алфа мажјак.
Ако за час завртел некоја лесна со безвезно спуштање ѕвезди и по некое купено парталче или со фактот дека вози јака кола, тури му онаквото. Не е никаков подвиг за гордеење. Тоа е баш онаа алфа-сељачана од погоре.
Алфа мажјак ти е бре човек кој е созреан, кој знае што сака за себе, а притоа внимава и на потребите на тие што му значат. Си работи работа која ја сака и си овозможува себеси средства за добар живот, а сепак тоа не му е главниот приоритет.
Може малце забегав, ама смешни ми се споредбиве со мажјациве.