Дали си Алфа мажјак или Бета маже?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
И јас сум гага... Лејди гага...

Смешно е да се прават такви споредби. Рецимо не секоја цура сака мачо типови кои доминираат во друштво. Секој со желбите и потребите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ти, авторче, со свои 17 години, не може да бидеш „сам себе сврстувал во Алфа мажјаци.“
Маж, благо заокружено, после 25та, а богами по денешни стандарди и 30та ги фаќа некои, па уште се ко да имаат 15.
Знам дека е копирана статија де, ама набројаното ич не доликува на алфа и бета мажјак. Пре би рекла дека повеќе одговара обратно, алфа е бета, а бета е алфа. Аман од тоа зелено размислување дека ако мажето вежба што ти знам што и вози јака кола, врти типки и си билда его со тоа, автоматски е алфа. Жими газов. Колку што женските што трчаат по него се фини, наивни и бараат вистинска љубов, толку и типацов е алфа мажјак.
Ако за час завртел некоја лесна со безвезно спуштање ѕвезди и по некое купено парталче или со фактот дека вози јака кола, тури му онаквото. Не е никаков подвиг за гордеење. Тоа е баш онаа алфа-сељачана од погоре.
Алфа мажјак ти е бре човек кој е созреан, кој знае што сака за себе, а притоа внимава и на потребите на тие што му значат. Си работи работа која ја сака и си овозможува себеси средства за добар живот, а сепак тоа не му е главниот приоритет.
Може малце забегав, ама смешни ми се споредбиве со мажјациве.
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
418
710
1,103
секаков. повеќе од тоа бетата ама има и некоја трага од алфата... :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Алфа, бета, епсилон и остали мажи се фрагмент од растечката популарна психологија која се пласира на гладните народни маси. Карикатурално стереотипни карактеристики без некоја особена содржина. Као демек еволуциона психологија ти реков ми рече само што во еволуцијата постои 1.опстанок 2.размножување и 3.адаптација, останатото е вакуум.

Шо поента ако некој си се смета алфа мажјак а нема деца, не оплодил ниедна?! Во еволутивна смисла сексот без потомство е небитен, дали ликот свршил во кондом или на перница е исто како и воопшто да немал секс.

http://www.mkd.mk/makedonija/sedum-...-aber-za-pomosh-ima-li-ovaa-drzhava-socijalno
Ова е пример како се шири својата ДНК наоколу. Ма каква алфа овој е делта форс тројката со Џак Норис ...:kafe

А најголемото мажиште кое историјата го забележала бил прост руски селанец од подмосковието кој направил 87 деца. Со првата си жена 69 а со втората 18. Од нив дури 82 стигнале зрелост што за негово време било прилично феноменален процент.
Не би ни сакал да се обидам да замислам колку внуци имал, ќе прегори и дигитрон и све :D

http://en.wikipedia.org/wiki/Feodor_Vassilyev

Evolution likes this.

Јаки мажи (во еволуциски поглед) најчесто се среќаваат во Супсахарска Африка, Индискиот потконтинент и Филипинскиот архипелаг. Балканот се јаки само на пијана уста... дури и мажиштата во Косово и Иљиридистан не се веќе тоа...
 
Последна промена: