Секогаш ми била глупава реченицата -простувам ама не заборавам- по малце нелогична и малку повеќе дволична.
Дали тоа значи дека ако некој ме изневерил, ќе му простам, ама нема да му го заборавам и на секоја следна караница ќе му го вадам на нос?
Гледам сите се изјасниле дека простуваат, браво убаво е да имаме повеќе луѓе како вас...
Јас и да кажувам и да пишувам и себеси да се убедувам дека простувам, секоја постапка ме убедува на спротивно. Дека ни знам да заборавам (освен во случај во кој ќе се изјаснам подолу) ни знам да простувам. А не ни сакам, тоа не ме прави подобар човек, него наивна мета за искористување.
Сакам да се одмаздувам, ни помалце ни повеќе, онолку колку што ми згрешиле. Тогаш сум на рамно и можам да заборавам и да тргнам понатаму. Да простам не можам, па нека ме прави тоа и ужасен човек!