Дали годините се мерило за зрелост?

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Дали годините се мерило за зрелост?

Според мене зрелоста на една личност не зависи од годините туку од она што човекот го поминал низ животот, грешките од кои учел, сите порази и успеси, начинот на размислување, искустват, самото по себе го прави зрел.
Зрелоста зависи од самата личност, од тоа колку е способна да сфати и научи нешто од своите грешки, а и тоа низ какви се проблеми поминала, зрелоста доаѓа со искуството.
Некој на многу помлади години има искусено многу повеќе работи од некој повозрасен..
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
100% си у право, не зависи од године, зависи од тој колко човек прошја у живот. Какви проблеми имаја и како ги е решија. Има људи сс 20 године у г'з а размислуев како да имав 10.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Годините немаат никаква поврзаност со зрелоста.-Мое мислење. Сум имал можност да се најдам во друштво на возрасни луѓе но на некој начин ограничени во размислувањата - општо земено. Не знаат да довршат односно сврзат реченица со реченица. Или едноставно проба да се вклопи но самите заостанати или не апдејтирани, односно мисли кои што сака но воопшто не му постојат во главата или ги нема не му даваат да дојде до ниво со другите и се исклучува од целата ситуација. А има и многу помлади коишто размислуваат зрело... Знаат да се вклопат во друштво, да разговарааат на скоро секоја тема итн....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Гледам тука некаде сме сите со мислењето.
Дефинитивно сум сигурен дека годините ти ја означуваат само годината во која си дошол на овој свет - толку. Ништо повеќе.
Зависно од тоа колку комплексен живот живееш може да се означи менталната возраст. Обично децата кои имале родители што не ги оставале ни момент самостални останале така... никогаш несозреани, секогаш очекувајќи „закрила“ од своите „мама и тато“.
А наспроти нив се оние кои созреале побрзо од своите врсници. Тие се оние кои од било каква причина или воопшто немале родители, или имале а исто како да ги немале, или имале родители кои биле во вистинска смисла на зборот „родители“ па деноноќно зборувале како треба да го насочат нивните деца животниот пат па успеале во замислата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
и се и не се. Повеќе е она колку имаме пројдено. Но еве рецимо има работи кои ги проаѓаме на 12 години и истите ги проаѓаме на 26. Сосема различно се доживуваат. Тука мислам дека повеќе се дава улога на биолошкиот часовник. Истотака рецимо некое дете од 17 можеби има некое предзнаење што неговите уште од мал го имаат учено, (животни лекции) но се` додека не го искуси на свој грб (а тоа го искусува некаде подоцна), тоа може само да предава теорија. Така да имаат улога годините но не целосна. Повеќе тоа како ќе си го устроиме животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and Lady*

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
па не би требало годините да се мерило за зрелост, не мора да има врска ниту со доживеаното ниту со искуството.....
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Дефинитивно годините не се мерило за зрелост.
Во едно општество навидум демократско и еднакво за сите, стегите на животот ја развиваат секоја личност на различен начин. Секој добива посебен третман, а со тоа таа личност созрева или останува со плитки мислења.
И во темата која е посочена како слична имам напишано а ќе напишам и сега : Околностите на раст и развој, условите понудени од поблиските, истите услови прифатени од самата индивидуа се патот кон зрелоста. Искуството е она што не прави зрели личности со доследни ставови и мислења.
Доколку цел живот живееме во рамките на кралството кое мама и тато го изградиле за нас во детството, и доколку никогаш не погледнеме преку неговите ѕидови очигледно сме далеку од зрелост. И обратно, доколку ние со подршка на мама и тато со тек на време сме ја рушеле таа тврдина околу нас и сме ја вкусувале покрај слаткоста и горчливоста на светот тогаш без разлика колку години имаме можеме да се наречеме зрели личности.
 

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
Дали годините се мерило за зрелост?

Според мене зрелоста на една личност не зависи од годините туку од она што човекот го поминал низ животот, грешките од кои учел, сите порази и успеси, начинот на размислување, искустват, самото по себе го прави зрел.
Зрелоста зависи од самата личност, од тоа колку е способна да сфати и научи нешто од своите грешки, а и тоа низ какви се проблеми поминала, зрелоста доаѓа со искуството.
Некој на многу помлади години има искусено многу повеќе работи од некој повозрасен..
така е (nod) се согласувам со тебе :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*