има луѓе шо на 18-19 год ти прават муабет како зреч човек а има луѓе со се по 40-год и ти прават некој затапан досаден муабет шо те нервира 2-збора незнаат да сврзат давам само пример дека годините не се баш битни за зрелоста
ГОЛЕМО НЕ ! Многу ме иритира она острото : Повеќе знам, постар сум од тебе, поголем пат имам чекорено. Со самото тоа што си постар не значи дека си попаметен. Додека ти не мрдаш од дома со своите триесет, и немаш никакви сериозни планови ниту пак си мрднал подалеку од градот, некој друг на свои осумнаесет се труди што повеќе да прошета, види, научи и вложи во себе. Да образложам со пример - некој три години слуша само еден ист албум од еден ист бенд и е музички туп, додека некој секој ден слуша по три различни албуми, и може да се пофали со големо знаење на тоа поле.
Зависи за каква зрелост станува збор. Искуството не го прави еден човек зрел, доколку ништо не научил од истото, а понекогаш непријатните искуства уште толку может да ја затапат човековата емоционална зрелост. Годините исто така не се показател и мерило на зрелоста кај еден човек, ама во некои случаи е добро кога годините се земаат предвид. На пример како може едно 17 годишно девојче да биде зрело за сериозна врска или брак. Или како може еден 18 годишник, без разлика на искуствата што ги имал во животот, ама да предпоставиме дека ги имал, да биде доволно зрел за да донесе важна животна одлука на своја одговорност.
Не, туку книгите прочитани и наредени на полицата. Колку повисока е кулата од книги, толку повисока е зрелоста.
Добро другари, разбрасмо сви дека га делимо исто мислење дека године не су мерило за зрелост него животно искуство. Фала
Ова е најпогрешната животна лекција. Нималку не мора да значи со прочитаноста дека се стекнува некоја зрелост. Зрелост се стекнува на два начина. Емпириски и со тек на време. Мали Џокица од 12 години што ако ја имал прочитано Ѕвонарот од богородична црква коа биолошкиот часовник на 19 ќе го пукне и ќе му го сврти паметот. Исто така ако сум ги прочитал сите книги на Мир-Јам, Паоло Коељо, Николас Спаркс, не можам да се рамнам (интелектуално) со некој кој го има прочитано само Алесандро Барико. Квантитет не значи квалитет.