Па „книгата“ сфати ја како метафора за мудрост и искуство и скромност и морал и етички норми и уште многу други работи кои не прават зрели...
Годините директно не, ама животното искуство и те како. Реков дека годините не се мерило директно но се тесно поврзани со животното искуство. Поголемото животно искуство дава можност за поинакви размисли и потрезвени и позрели одлуки.
И сепак се врти околу тоа дека и годините се важни,што значи животното искуство,сепак години поминати да се стекне тоа живитно искуство,мислам дека се важни годините.Па не се вика џабе,не си созреан,тоа значи не си наполнил доволно години.
Не баш, затоа пишав дека не се директно поврзани но се важни. На пример мала е веројатноста дека некој до 23-4 години ќе има животно искуство поголемо од повеќето што се 50+, но сепак постои.
Како и секој плод на едно растение,како расте така и зрее.Искуството може да биде лошо и добро,негативно и позитивно,болно,среќно,така да тоа нема врска со зрелоста.Зрееме со растењето,со остарувањето,со наученото,виденото,осетеното,изгубеното,на на крај после зрело иде што......скапано.Може ли тогаш да се каже кога човек е најзрел?
Немора да значи имам сретнато деца од по 10 години а се ептен зрели и разбираат а имам сретнато и возрасни од по 40 години кои не се зрели и сеуште размислуваат како деца