Дали ви се случило некој да ве копира и дали ви смета тоа или не?

наташа

Староседелец
3 март 2012
139
115
653
Krusevo
Мене не ми смета на пример кога некој ме копира во се баш ми е мило видел/а нешто убаво но нема никогаш да биде како мене бидејки јас сум јас и не може никој друг
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and jovanKH2O

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
мислам дека никој никого не копира барем кај нас во македонијава и ретки се тие со си имаат свој стил на облека и фризура ама обицно тој стрчи во оците на другите и автоматски спага во "nesfatenite". Ако јас купам некои фармерки или блуза сигурно дека и некој друг ке ги има истите зошто имаме пар подобро снабдени дукани за облека па сакале некеле ке копираме некој или ке не копираат нас но сепак мислам дека треба да си се дрзиме до некои наши поставени стандарди и да си бидеме свои :)
 

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Ми се случило и тоа доста пати.Не ми пречи.Само има премногу моменти кога тој што ќе проба да ме копира ќе се изглупира и . . . :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Читам и уште малку па да паднам у несвест.
Абе ајде, мижи Митро тулумби ќе паѓаат. Како се изродија се оригинални фаци на форумов побогу, никој од никого не гледа, не прати, не поднесува влијанија.
Идеите за сопствената оригиналност ви стасаа преку спејс шатл? :alien

Нема грешка.:giggle
На ваков или онаков начин, секој го гради сопствениот стил врз основа на нешто што веќе го видел и доживеал. Нешто што му оставило впечаток.
Муабетот е само, до која граница ќе идеш со тоа?
Колку си инвентивен да го примениш и да го збогатиш со твој печат....тоа е моментот.

И да одговорам конкретно на прашањето, не сум приметила дека некој ме имитира, не се ни трудам да приметувам.
Ако на некој сум му инспирација, тогаш браво за мене :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Да, ми се случило некој да ме копира. Тоа копирање беше ептен апла. Значи денес јас купувам розова маичка со некаков натпис, утре таа ја има истата. Истите работи ги комбинираше исто како мене. Мислам дека ако денес го отвориме нејзиниот плакар и мојот дека нема да има разлика во облеката. Можеби само во величините.

Не дека јас сум некој којзнае каков оригинал, ама она што го носам го носам на мој начин и зашто мене ми се допаѓа.
Да, некогаш знам да украдам некоја идеја за комбинација од девојката со која случајно сме се разминале, знам да купам нешто и после на интернет низ слики да пребарувам со што да го искомбинирам и сл. ама да копирам некого во детали не!
Глупаво ми е, во тоа копирање се губи личноста која копира.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Немам поим.
Единствено сум сигурна дека јас копирам како фотокопир.
Копирам стилови, вкусови, рецепти, штикли, шминка и гестови.
Прибирам се што сметам дека е добро и корисно за мене, понекогаш може убаво за глетка да ми промакне. Но!
Копирана идеа развивам до оригиналност и ја прилагодувам на својствен начин за да создадам неповторлива слика на сама себе. Или како што милувам да кажам - Автентичен фалсификат, со тапија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
десило ми се, ама тииииит(цензура) ме боли, ехеее колко само пута, живела ракија жута хххххх
 

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
да ми се има случено тоа многу пати и да ми смета, баш е глупаво кога љуѓето немаат свој живот, вкус и стил на живеење па веднаш го копираат мојот -.-