Читам и уште малку па да паднам у несвест.
Абе ајде, мижи Митро тулумби ќе паѓаат. Како се изродија се оригинални фаци на форумов побогу, никој од никого не гледа, не прати, не поднесува влијанија.
Идеите за сопствената оригиналност ви стасаа преку спејс шатл? :alien
Нема грешка.
На ваков или онаков начин, секој го гради сопствениот стил врз основа на нешто што веќе го видел и доживеал. Нешто што му оставило впечаток.
Муабетот е само, до која граница ќе идеш со тоа?
Колку си инвентивен да го примениш и да го збогатиш со твој печат....тоа е моментот.
И да одговорам конкретно на прашањето, не сум приметила дека некој ме имитира, не се ни трудам да приметувам.
Ако на некој сум му инспирација, тогаш браво за мене