Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Мене лично, копирањето ми сметало отсекогаш. Го сфаќам тоа така, бидејќи секој човек се издвојува по нешто свое и со самото тоа покажува колку е без идеи и слично... односно имитира нечија лоша копија Ви смета ли и на вас ?
не можам да се сетам кој го рекол ова, ама вели вака
„да си оригинален не значи да не копираш никого, туку значи никој да не може да те копира тебе“
ти текнува?
Подобро да умреш како оргинал одколку како нечија копија. Ја почитувам оргиналноста, ме нервира кога некој имитира некој друг и секој сам треба да си се создаде, да оформи стил..
ме боли меѓуножјето за тоа дали некој ме копирал или не. И онака сум нон-стоп само во црна облека, па што ако носи некој црно демек ме копира? Не ја измислив јас црната облека за да го кажам тоа.
ај да ве прашам нешто сега јаас:
на кој начин сте оригинални???
на кој начин си го оформувате сопствениот стил ???
омилени глумци, глумици, пеачи, пеачки, групи, филмови, серии итн итн немаат никакво влијание на вас??
не вртите списанија разгледувајќи комбинации и идеи ??
оригиналноста ја гледате во однос на што ??
оригиналноста ја дефинирате.... како???
порано да, а сеа кој и да сака да ме ископира неможе, премногу ми е специфичен стилот, така да неможе секој да носи дреч бои секако усогласени со стандард бои
многу од луѓето шо ги иам сретнатно прв пат ми рекле дека им се свиѓа мојот стил и дека тоа ме прави на некој начин униката, што е и така, и дека дефинитивно го имам згрешено факултетот,
се надевам ако се има време и живци ќе запишам и трет факултет за моден дизајн и професионален стилист