Дали ви се има случено некоја натприродна работа?

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Значи видов дека има нешто вака слични теми , но оваа која ја отварам е сосем различна(се надевам дека нема да биде префрлена во некоја си постоечка тема која наликува на оваа а сепак се различни) иначе ке зборуваме за Духови односно ДАЛИ ДОМОТ ВИ Е ОПСЕДНАТ СО ДУХОВИ(се надевам и ги замолувам модераторите/администраторите да ја остават темата би бил БЛАГОДАРЕН)
Мнгоу луѓе доживеале некое паранормално искуство , ситуации кој не можат рационално да се објаснат.
Повеќето од тие работи се поврзани со проколнати куќи во кои се случуваат чудни работи.
Многу случаи со бука,редовни електрични дефекти,ладни места кој никако не можат да се опишат сето тоа спаѓа во некоја си паранормална појава за која нема опис.

Исто еве едно мое такво искуство кое не знам како да го опишам и како да го наречам.
Пред неколку години почина дедоми.
Јас така со бабами и мајками си седиме на каучот во кујната и од муабет на муабет се запрајвме муабет за мене односно , причината за муабетот за мене беше за една слика која стоеше во рамка над телевизорот (се работи за мало сликче за во книшка и сл) и баш посакав од блиску да ја видам и му реков на бабами да ми ја подаде да ја видам , во моментот кога ја фати рамката и да ми ја подаде и јас ја спружив раката да ја земам рамката ,кога ја вртам рамката гледам дека внатре нема СЛИКА едноставно рамката е празна , рековме дане паднала некаде , цела соба ја превртевме слика немаше никаде.

Но тоа тогаш не го сватив толку сериозно како паранормална работа се до ден денеска кога чисто од досада ми текна да погуглам малце за духови и најдов некој неверојатни работи кој секој дневно ни се случуваат а ние едноставно не знаеме што е односно не ни помислуваме дека е нешто паранормално.

Еве баш сега ке го копирам тоа што го најдов и со задоволство би го споделил со вас.
1. Дали сте слушнале необични звуци? Најчесто можат да се слушнат звуци на отчукување, чекори, гласови, ѕвонење, или пак деца кои што плачат. Понекогаш тоа се нарекува ментален обид на духот кој што живее таму да привлече внимание. Сепак, тоа можат да бидат и сеќавања кои што се случиле во минатото.

2. Исчезнување на некои предмети? Можете да се заколнете дека нешто сте оставиле на одредено место и за момент тоа исчезнало. Некои духови се тивки, а други пак уживаат да прават шала на ваша сметка. Но, не мора секогаш да значи дека вие сте избрани некој да си поигрува со вас. Можеби само некој гостин од другиот свет сака само малку да си поигра со вас.

3. Чувствувате необичен и необјаснив мирис? Понекогаш мирисот може да биде многунепријатен, додека некогаш може да биде како да покрај вас поминала некоја елегантна жена намирисана со убав цветен мирис. Необјаснивиот мирис може да биде некој потсетник на некој кој порано живеел во таа куќа.
4. Чудно однесување на животните на одредени делови од домот? Познато е дека мачките и кучињата имаат зајакната перцепција на духовниот свет. Тие некогаш можат да го видат она што луѓето не можат.
5. Дали постои просторија во вашиот дом, во која секогаш е ладно, без оглед на тоа колку надвор е топло? Истражете го убаво домот и забележете дали температурата насекаде е рамномерна. Прашајте ги старите соседи доколку имате некои нејасни работи. Можеби во вашиот дом се случило нешто непријатно во минатото.

6. Чувствувате како да не сте сами во куќата иако сте сигурни дека нема никој дома. Многу веројатно да не сте сами.

7. Светлата во собата сами се палат и се гаснат. Ако одговорот е позитивен и доколку немате проблеми со инсталацијата, тогаш одговорот е многу едноставен.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Темите се споени поради ист контекст, со оглед на тоа што намената на темава е токму за паранормални работи и искуства.
Освен оваа, постојат и повеќе слични теми на кои може да се развива истата дискусија.

Духови: http://forum.crnobelo.com/threads/Духови.426/
Паранормални дестинации: http://forum.crnobelo.com/threads/Паранормални-дестинации-низ-светот.3172/
Проколнати места: http://forum.crnobelo.com/threads/Проколонати-места-низ-светот.940/
Па и Македонски урбани легенди е на таа тематика: http://forum.crnobelo.com/threads/Македонски-урбани-легенди.279/
:)
 
srcu6ka

Нов член
22 март 2013
11
3
3
Да, и тоа не еднаш ама ако споделам што ми се случило можеби ќе ме сметаат за луда, така да ќе остане само на краток одговор ДА.
e ako spodeli nema da te smetame za luda ;)

Вчера ноќта некој ми тропна на вратата надвор после 3 саато по полноќ запали јас сијалица отвори немаше никој па си викам ае сигурно е ветер иако знам дека ветер немаше вчера па ме фати страв после. Шо беше тоа не знам. Сега пак седам го чекам тоа време да видам дали ке има нешто па :ladno
Па обично таквите случки се случуваат околу 3 саатот по полноќ...

Значи видов дека има нешто вака слични теми , но оваа која ја отварам е сосем различна(се надевам дека нема да биде префрлена во некоја си постоечка тема која наликува на оваа а сепак се различни) иначе ке зборуваме за Духови односно ДАЛИ ДОМОТ ВИ Е ОПСЕДНАТ СО ДУХОВИ(се надевам и ги замолувам модераторите/администраторите да ја остават темата би бил БЛАГОДАРЕН)
Мнгоу луѓе доживеале некое паранормално искуство , ситуации кој не можат рационално да се објаснат.
Повеќето од тие работи се поврзани со проколнати куќи во кои се случуваат чудни работи.
Многу случаи со бука,редовни електрични дефекти,ладни места кој никако не можат да се опишат сето тоа спаѓа во некоја си паранормална појава за која нема опис.

Исто еве едно мое такво искуство кое не знам како да го опишам и како да го наречам.
Пред неколку години почина дедоми.
Јас така со бабами и мајками си седиме на каучот во кујната и од муабет на муабет се запрајвме муабет за мене односно , причината за муабетот за мене беше за една слика која стоеше во рамка над телевизорот (се работи за мало сликче за во книшка и сл) и баш посакав од блиску да ја видам и му реков на бабами да ми ја подаде да ја видам , во моментот кога ја фати рамката и да ми ја подаде и јас ја спружив раката да ја земам рамката ,кога ја вртам рамката гледам дека внатре нема СЛИКА едноставно рамката е празна , рековме дане паднала некаде , цела соба ја превртевме слика немаше никаде.

Но тоа тогаш не го сватив толку сериозно како паранормална работа се до ден денеска кога чисто од досада ми текна да погуглам малце за духови и најдов некој неверојатни работи кој секој дневно ни се случуваат а ние едноставно не знаеме што е односно не ни помислуваме дека е нешто паранормално.

Еве баш сега ке го копирам тоа што го најдов и со задоволство би го споделил со вас.
1. Дали сте слушнале необични звуци? Најчесто можат да се слушнат звуци на отчукување, чекори, гласови, ѕвонење, или пак деца кои што плачат. Понекогаш тоа се нарекува ментален обид на духот кој што живее таму да привлече внимание. Сепак, тоа можат да бидат и сеќавања кои што се случиле во минатото.

2. Исчезнување на некои предмети? Можете да се заколнете дека нешто сте оставиле на одредено место и за момент тоа исчезнало. Некои духови се тивки, а други пак уживаат да прават шала на ваша сметка. Но, не мора секогаш да значи дека вие сте избрани некој да си поигрува со вас. Можеби само некој гостин од другиот свет сака само малку да си поигра со вас.

3. Чувствувате необичен и необјаснив мирис? Понекогаш мирисот може да биде многунепријатен, додека некогаш може да биде како да покрај вас поминала некоја елегантна жена намирисана со убав цветен мирис. Необјаснивиот мирис може да биде некој потсетник на некој кој порано живеел во таа куќа.
4. Чудно однесување на животните на одредени делови од домот? Познато е дека мачките и кучињата имаат зајакната перцепција на духовниот свет. Тие некогаш можат да го видат она што луѓето не можат.
5. Дали постои просторија во вашиот дом, во која секогаш е ладно, без оглед на тоа колку надвор е топло? Истражете го убаво домот и забележете дали температурата насекаде е рамномерна. Прашајте ги старите соседи доколку имате некои нејасни работи. Можеби во вашиот дом се случило нешто непријатно во минатото.

6. Чувствувате како да не сте сами во куќата иако сте сигурни дека нема никој дома. Многу веројатно да не сте сами.

7. Светлата во собата сами се палат и се гаснат. Ако одговорот е позитивен и доколку немате проблеми со инсталацијата, тогаш одговорот е многу едноставен.
1 - Јас многу често кога легнувам да спијам и де нешто ми крцка, ми мрда а еднаш се сеќавам како што спиев и одеднаш нешто падна на подот, како некоја тешка работа, станав запалив светло немаше ништо после сон не ме фаќаше, еднаш легнав и кај компјутерот ми шушкаше нешто како најлон.. многу пати така се имам уплашено...
2 - некој предмет и не ми има исчезнато.. не се сеќавам
3 - Понекогаш кога влегувам со спалната на мајками осеќам силен мирис, како на некое животно пцојсано и многу ми е чуден тој мирис а не знам од каде доаѓа
4 - Еднаш моето куче ненормално лаеше саатот беше некаде 20.. излегов надвор да видам и кога гледам во надворешното ВЦ вратата отворена и кучето лае силно и ко да сака да влези внатре ама како нешто да го сопира.. јас се уплашив го зедов ножот хаха му кажав на мајками и кога излегов пак надвор кучето веќе беше смирено и не лаеше.. до ден денес не знам што беше тоа во ВЦто.... Толку од мене поззз

Да, и тоа не еднаш ама ако споделам што ми се случило можеби ќе ме сметаат за луда, така да ќе остане само на краток одговор ДА.
е ајде кажи ни што ти се случило нема да те сметаме за луда ;)

Ja nezz so se slucuva so mene ko da ziveam po vtor pat ili mozebi imam vizii znaci primer si sedam pred PS i se sto se desava kako da bilo porano znam se tocno sto ke se desi ama ipak toa ne trae poveke od 10tina sekndi tie 10tina sekundi kako da gi ziveam po vtor pat...
и мене тоа ми се дешава
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

stojanovski z

Нов член
5 април 2013
1
1
1
55
Мислењето е напишано на латиница, чие користење е против правилата на форумот. Ве молиме во иднина користете кирилично писмо.
Не ке да е психа... Пред 2-3 дена потчукнување на вратата пак слушнала и мајка ми после 3 часот по полноќ. Денес прашав една бабичка за случајот и целосниот одговор нормално го добив после голема упорност со прашања. Прво што ми кажа беше у никој случај не отварај оти ке нема никој. По моите прашања зошто да ми каже поточно ми кажа дека не сака да ми каже да не ме плаши, али јас бев упорен и вака изгледаше целосниот одговор: На вратата ти тропа ѓаволот:ladno ако не отвориш ништо нема да биде, ако отвориш пак немало ништо да биде затоа што тоа било невидливо,но кога отвориш уствари го пушташ внатре во куќата (домот) и се нешто ке идело наопаку кавги, недоразбирања ова она... И да кажам дека после овој одговор ке избегавам да си идам дома тоа време или ке си идам до 2 часот или покасно накај 5-6 :ladno И сега седам ама со музика малце колку да не слушнам некој тропања:ladno
a sto bise slucilo dokolku bi bil otvoren prozorecot??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: V00J.

Tojsum123

Нов член
5 април 2013
1
0
1
33
Да... видов еден ист човек, на две различни места во рок од 20 секунди - не е можно да бил побрз од мене - со кола бев.
се надевам дека се работи за близнаци...пошо пред месец дена идејќи по улица случајно погледнав во автобус кој иде во спротивен правец од мене а во автобусот човек,и по 100 метри на раскрсница истиот човек возеше комбе . Неможе да сум се помешал или препознал или нешо пошо некој треба да има ептен специфична фаца за да можеш да ја запамтиш одма (човекот го видов во автобус кој возеше)

би го опишал човекот како 40/50 год. смеѓ прокелав со светли очи и буцкаст носеше црвенкаста блуза и црно или сиво елече,па ако е истиот за кој збориш... :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153

Не се фокусирав да го анализирам колку години имаше, ниту ништо слично. Само видов дека носи најлонска бела кеса впечатлива ми беше.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Во мојата соба некогаш се осеќам ептен несигурно, исплашено, се мислам како некој има позади мене, слушам како дише некој, се потам, имам некој немир.. Од време на време ми се дешава ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Децо, држете се до темата, и без глувци, за да не мора да настапи на сцена натприродната појава наречена Казнени поени.
Фала на разбирање. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
хахахахха јас не верувам во вакви работи ама прегеска мајка ми ме замисли со еден муабет
таа работи во старечки дом,каде има многу старци кои починале
е сега пред некој ден додека таа била трета смена заедно со уште една колешка,кај 12 саатот лифтот сам си се уклучил и се се повозил празен до подрум,падо трети спрат па до втори:ladno тие никако не изреагирале,само се насмеале
во истиот момент потоа слушнале како бастун три пати тропнал пред лифтот и провериле а во тој момент немало никој
доста стари имаат таму починато,па не ме чуди некои ниви души сеуште да шетаат таму :ladno
мајка ми мртва ладна се смеее,и ми вика па што да правам сега хахахахах
морници ме полазаа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Kitty

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
хахахахха јас не верувам во вакви работи ама прегеска мајка ми ме замисли со еден муабет
таа работи во старечки дом,каде има многу старци кои починале
е сега пред некој ден додека таа била трета смена заедно со уште една колешка,кај 12 саатот лифтот сам си се уклучил и се се повозил празен до подрум,падо трети спрат па до втори:ladno тие никако не изреагирале,само се насмеале
во истиот момент потоа слушнале како бастун три пати тропнал пред лифтот и провериле а во тој момент немало никој
доста стари имаат таму починато,па не ме чуди некои ниви души сеуште да шетаат таму :ladno
мајка ми мртва ладна се смеее,и ми вика па што да правам сега хахахахах
морници ме полазаа

Некоја залутана душа го искористила лифтот до трети и пак назад до приземје?
Одлична инспирација и идеја за нов научнофантастичен филм.