До пред некое време мислев дека имам духови дома, а тоа вентилацијата да ти било. Секоја вечер во едно исто време во собата кај што спиев од еден ќош баш кај што е вентилацијата се слушаше тропање, ко некој на врата да ти тропа, (а таму па и врата има и еден мал простор) и тоа не полека а силно ма со нога ко да мава. На почеток додека сконтам што е како е под штрек бев после тоа се навикнав на тропањето дури и го прифатив духот
но еден ден главата ми ја пукна, стани светни нема тропање, легни изгаси почнува, пак стани светни нема тропање, легни изгаси ете го пак и се раздрав "доста бе" и ова престана,
а не дека има врска туку си престанало да тропа.
И пред некое време отидов со мајка ми кај комшивката и муабетот некако ни се сврте на вентилацијата па се жалеше дека многу тропала не можело да се спие, а ја па и викам "а вентилацијата ли било ја па си мислев духови имам" ми се изнасмеа
и така сфатив дека сум немала духови