Дали Скопје треба да се затвори?

Дали Скопје треба да се затвори?


  • Вкупно гласале
    50

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Абе доста теми се поврзани ама секоја си има конкретна цел за што се збори,ако гледаме така многу работи имаат поврзаност со темава,и немам против тоа што го спомна на темава,ама зборот ми е дека јас се задржав на конкретново
а за Тоше примерот ти го пишав само за Скопје оти беше напишала дека пола Скопјани го немале тој капацитет
иначе еве уше еден пример
не прашувате ли вие нас дали си го сакаме детево назад? :igra
ма не го сакаме,нека седи во Скопје,1000 други ке повлечиме само тој нека остане
563956_10150926892961852_1496097445_n.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Има капацитет за 350 иљади се друго е претеризам. AnnAmaa е у право станува тесен град.
Зборам за сегашнава бројка на веќеизградениве станови. И точно, презадушено е.

Подобро би ти било немакедонци !!! Се надевам на убава дружба за некое време. Ке имате убави и интересни моменти. Како и да е вина барај кај што треба да се бара, а не во скопјани нескопјани и не знам ти што.
Кога цела Македонија го бранеше Скопје да тогаш сме Македонци, а сега скопјани и нескопјани. Ццццц проклет народ.
Ни најмалку не ја барам во нив, веруј. Туку тоа е продукт но не и причина зошто скопје изобилува од скородојдени. Прочитај ги и другите постови па ќе ти стане јасно. Народот оди онаму кај што му одговара. Властите диктираат каде е подобро за живот. Властите одлучуваат дали скопје би бил отворен/затворен град.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А значи сега имаме уште една поделба...Градска работа и неградска. :)
Многу банални и општи примери,без навреда но многу површно гледање на нештата.Многу буквализирање,а кога ке се расчепка малку подетално би се уверила и ти ете ке го земам пример и форфан со кого исто дебатирав,но мислам дека тој е малку поупатен,ке сватите дека не се глобализираат така ни лугето ни работите.
Да беше се така едноставно животот ке беше досадна песна која на 4годишна возраст веке ке ни беше здосадена.
Ако сум јас еден пример,верувајте дека ги има доста кои дошле и сакале да се вратат.
Срека што јас сум еден бунтовник кој нема да дозволи вакви површни размислувања да му ги плеска некој во лице и попрво би се повлекол некаде каде што се помалку лугето со вакво размислување.
Овде лугето малку поинаку гледаат на конкуренцијата.Се трудат и работат наместо да кукаат како некој им земалл нешто што е нивно само ради тоа што се родиле таму.
И упорно избегнувате еден дел од моите постови,не верувам дека кај сите се базира заради тоа што некој е слабо упатен.
За кои фабрики зборувате?За кои работни места зборувате за во некои градови низ Македонија?
Да се иселат сите луге Дошљаци,како што ги нарекувате,кои се доселиле само последниве 20 години,дали сте свесни дека во наредниве бар 5 години нема да имате доволно кадар со капациитет за некои работни позиции? :)
Ах...знам дека џабе пишувам,тука се работи повеке за инает отколку за било што друго.
Јас кажав,сум да се затвори Скопје,но на секое нешто ново отворено во Скопје,немора по повеке,по едно нека се отвара и во било кој град,нека се распоредат малку работите низ државата,тогаш верувајте дека после 20 години и без да се затвори ке се намалат Дошљаците таму.
И не се плашете од конкуренцијата седејки дома.Излезете,работете и задржете си го она за кое сметате дека е ваше.
Во Англија работев,значи држава која не ми е татковина,па ниту еден жител таму не ми префрли дека не ми е заслужено работното место,а овде?На еден форум само колку се нагласени тие префрлања,а можете да замислете низ се што поминува секој трет дошљак таму.А не има секакви,и баш и онакви какви што наброја фанот,но такви има и во скопјето.
Еден дел се сложувам со постов но мааалку болдов ми задира. Не дека имам нешто против дошљаци, аутсајдери тиреков мирече. Точно е и дека се жалат многу, наместо да превземат мерки. Но.... Многу се ретки градовите покрај Скопје кои нудат перспектива/имаат некакви работни односи. Освен Скопје, ѓевѓелија и евентулно струмица јас не познавам други. Е сеа за проблемот околу „дошљаците“. Тие рецимо во куманово немаат некои услови, па ене им го скопје на 35 километри. Јес да они се враќаат често дома. Но стопанственто речено, куманово замира. Скопје го има тој капацитет, но преголемата администрција (поготово сега во моментот) го гуши. А знаеме сите дека која и да е влада да стапне на чело, дополнително ги уништува условите за унапредување на стопанството во билокој друг град. Со други зборови - нив им е полесно да онтролираат едно големо трло од овци, отколку 5 помали, затоа што нели - локалната власт може но и не мора да биде целосно под нивна капа. Ова со дисперзираниве студии е само мачкање очи. На студентите само им се олеснува патот до универзитетот, но они кад тад се враќаат дома, или ОТКОГА ќе го завршат факсот, се пребацуваат во работен однос.
Затоа викам дека проблемот е дааалеку покомплексен и не може тек така да се затвори. Прво треба да се воспостават некакви услови во другите градови, за да населението да може да дише. И после тоа треба да пројдат неколку генерации за да се приспособи масата подеднакво да работи. Финтата е што не е мрднато ни со прст од горе за да се воспостават некакви услови. А човекот како единка е невозможно сам да се бори против тоа.
 

AnnAmaa

Полноправен Член
11 јули 2012
42
20
8
СК.
Токму така Скопски Солидарец,урбаната мафија цвета а и заедно со нив сите тие што го дозволуваат тоа.
Неможам да верувам дека на некого му текна да дели маркици на планината Водно.Што се тие елити дојдени да живеат на планина...па незнам само во Скопје има планина? ако веќе се планински нека си седат тамо кај што се.
Исто не ми се верува како онаа зграда никна поред кеј кај стадионот...станарите мислеа дека Вардарец ќе ги лади?
Имаше еден обид во сред парк да се гради...па каде иди ова лудило!
Има уште многу примери ама ај.....
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Во време каде 90% од инвестициите на владата во култураи во инфраструктура се во нашиот главен град во Скопје треба вие Скопјаните ( тешко дека сте старо седелци) природно и сосем нормално е да има огормен прилив на граѓани да живеат таму. проверете само колку споменици и улици се изградени во Скопје, колку театри и кина се изградени во Скопје проверете се и споредет еги рзултатите со другите градови оние кои вие Скопјаните обожавате да ги нарекувате провинција. Јас немам ништо против Скопје иСкопјаните ама едноставно сте ми дојдени преки тасета со тие ваши муабети како ова енаше скопје не го даваме. Кое ваше Скопје бе ? на татко ти? на мајкти е то Скопје? Ова е слободна држава и секој има право да се движи и да живее кај шо сака и вие не можете ништо да направите против тоа. Скопје не е ваше. Скопје е и мое колку шо е мој Прилеп, струмица, Битола или тетово. Скопје е ваше колку шо е и мое и вие не можете да ми го одземете то аправо да живема кај шо сакам. Ако сакам ке живеам во Скопје ако сакам ке живема и на шар планина. Сите ваши муабети дека скопје требало да се затвори да не се доселувале оние кои вие ги нарекувате селани пропаѓаат во вода кога ке се распрашате за вашето потекло и ке дознаете дека вашиот татко или дедо доаѓа од таа провинција која вие елитните граѓани на оваа држава шо живеете в оСкопје толку ја мразите. Поздрав и за инает на сите таквите од септември ке живемаи јас во Скопје зашто јас имам такво право и така сакам .. ај поздрав
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
изивини шо сум толку директен ама зошто? Скопје е на таткоти? на Мајкти? го имате Скопје во приватна сопственост или ..?

Не е ни на татко ми ни на мајка ми. Ама вака ако продолжи Македонија ќе треба да се преименува во Скопје. Се гради без усул зашо нема кај да се сместат луѓето. Пола Водно се раскопа, останатите населби се преполнија. Другите градови се празнат. Останаа со по неколку населени улици и толку, а за селата да не прајме муабет.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Фала богу дека НЕ , а и не може.... Не може да се дискутира на ова прашање.... Дебатата лежи во перспективата за развивање на другите градови освен Скопје а не тука :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
Токму така Скопски Солидарец,урбаната мафија цвета а и заедно со нив сите тие што го дозволуваат тоа.
Неможам да верувам дека на некого му текна да дели маркици на планината Водно.Што се тие елити дојдени да живеат на планина...па незнам само во Скопје има планина? ако веќе се планински нека си седат тамо кај што се.
Исто не ми се верува како онаа зграда никна поред кеј кај стадионот...станарите мислеа дека Вардарец ќе ги лади?
Имаше еден обид во сред парк да се гради...па каде иди ова лудило!
Има уште многу примери ама ај.....
Затоа треба да се оформи критична маса, треба да се дроби за ова на секој форум, да се стане досаден ако треба. Градоначалник што нема да издава така лесно маркици. Да се обврзе пред да седне у фотеља, ако прво седне ќе заборави одма што требал да направи. Нема друго чаре. Иначе ќе продужи се постаро како што вика предходниов. Да ви ибам тоа Скопјаните и ја за инат ќе живеам у Скопје. Како да му објасниш дека ова не е добро ни за државата а камоли за Скопје. Има да пукне како меур од сапуница еден ден. А после што, Скопјани кој ве е*е ја се враќам од кај што дојдов. Не иде така тоа. Затварање на градот значи и инвестирање у другите делови на Мкд. Толку ли е тешко да се свати тоа.