Грција

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
На татко ми сестра-моја тетка е мажена во Грција, па секое лето одам таму. Местото е на првиот крак-Халкидики-Касандра-Неа Фокеа. Мало туристичко селце, мене лично ептен ми се свиѓа.. Луѓето се опуштени, гостопримливи и што е најбитно не ме замараат со политика. Ме научија тамошна игра со карти-Рибиза, бев неколку пати на риболов со нив, видов риби што не бев свесна дека постојат.. Се супер, само ноќниот живот им е тапа некако, ептен турбофолк и некои кич музики. Мада има и некои добри кафичи, ама зјаат празни. Се на се местото е како измислено за одмарање и опуштање, па за кратко ќе одмарам пак таму : )))
420260_511867228852032_679350944_n.jpg
 
Andrej4e

Нов член
25 мај 2013
22
5
3
25
Незнам во кој град да одам за одмор! Може предлози??
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Незнам во кој град да одам за одмор! Може предлози??
Зависи од широчината на сопствениот џеб.
КАко најефтини места ти се оние пред краците (Катерини, Паралија, Олимпик Бич), за поширок џеб можеш на краците (Калитеа, Пефкохори, Полихроно, Ханиоти), за уште поширок (Закинтос, Крф, Тасос), а за елита имаш Санторини, Крит. За историски локалитети може да ги посетиш Микена, Крит, Атина, Делфи....
 
Фала Saladin!!
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Како најсоодветна тема ми се виде оваа,па да ве прашам:
има ли некој од вас патувано со Collegium & Rapsody агенцијата?
Какво искуство имате со нив,во смисла дали го исполнуваат тоа што го ветуваат?
Сакам преку нив да одам на Закинтос,а гледам најефтини аранжмани нудат,па чудно ми е.
И, уште едно прашање:
ги нудат следниве вили за сместување:
  1. Асториа студија-900 метри од главната улица
  2. Јулија студија- 20мин пешачење од плажите и од центарот
  3. Вила Gioio Di Mare-100 метри од плажа,во центарот на Лаганас
  4. Хотел Албатрос-300 метри од плажа,во центар на Лаганас
па доколку некој престојувал во некоја од овие,да сподели искуство за услугата,дали навистина се на овие локации како што ги прикажуваат и то.:D
 
peperutc

Нов член
9 јули 2015
2
0
1
35
да не знаете дали може на грчка граница да се помине со пасош месец дена пред истекување, фала
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
да не знаете дали може на грчка граница да се помине со пасош месец дена пред истекување, фала
Не може, жал ми е. Оди на друго место. Во Бугарија на пример, викаат Црното Море било најубаво на свет.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
да не знаете дали може на грчка граница да се помине со пасош месец дена пред истекување, фала
Сите земји каде е неопходен ќе ти прават проблем, ако не на влегување, тогаш на излегување.
 
peperutc

Нов член
9 јули 2015
2
0
1
35
Сите земји каде е неопходен ќе ти прават проблем, ако не на влегување, тогаш на излегување.
хмм а нели кога влегуваш во грција ти даваат лист еден да го пополниш така да листот е најважен мислам дека пасошот е колку ради реда знам дека за сите евровпски земји пасошот ттреба да ти е три месеци пред истекување , ама за грција не важело затоа што нели тие и не г признаваат нашиот пасош и затоа ги даваат тие листи