Генерација '96

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Шминкање и штикли уште во осмо одделение?Ма дај брееееее,јас на тие години се уште одев неисчупана на школо,со врзана коса и само лабело на уста а денеска?Штикли,шминки,деколтиња и што уште не.

E e e, баш тие се поголемите проблемаџии него овие од '96. Брачеда ми сеа полуматура ќе прави, повисока штикла ќе носи отколку јас на матура шо носев. (facepalm)

Не ми е јасно шо ќе прават новиве генерации на 20, 21,...,25 години. До 18-19тата се ќе им е изживеано, чак некои и со деца ќе се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, Ludaca and 048

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,027
9,656
1,683
Normandy
МериСелест никој не го оспорува неговиов став дека општоземено старосната граница е изменета. Но интересно е како колумнистот опрезентира горенаведениот став - кој да речеме не е ништо ново. Збори за одредена генерација, не го кажува проблемот дека е малку поразличен - дека не е само една стотинка од век. Има став но многу ограничен за еден временски период, без притоа да разгледа наоколу како било во негово време со очите на постарите. Глобално речено има многу ствари со кои скоро секој би се сложил. Ама има многу контрадикторност.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
E e e, баш тие се поголемите проблемаџии него овие од '96. Брачеда ми сеа полуматура ќе прави, повисока штикла ќе носи отколку јас на матура шо носев. (facepalm)

Не ми е јасно шо ќе прават новиве генерации на 20, 21,...,25 години. До 18-19тата се ќе им е изживеано, чак некои и со деца ќе се.

оф топик
foREVer ... а да ги баталиш постовиве денес и да земеш полека со маж ти да се спремате за утрешното финале ... ајде уште сега распалувајте скарата, прати го мажот нека земе две буриња пиво на точење ...еве јас ке ви најдам и неколку вувузели ... мора да има фантастична атмосфера (party) :D (искрено Баерн сакам да победи, ама заради вас ке навивам за Челси) (muscle)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
хахаха нема потреба да зборам повеќе, бројките си кажуваат..
Првично, мило ми е што се трудиш да развиваш некаква дискусија, да создаваш нешто твое...
Второ, морам да кажам дека она што се обидуваш да бидеш, она по кое сакаш да те распознаваат, моментално ти е во некое благо бунило.
Зошто?
Колумнист не може да биде човек што не знае да прифати критика!

Е сега, малку он топик.
Секогаш ќе има разлика на генерации, тоа е некако природен тек на нештата.
И да, морам да кажам дека во голем број на случаи, апсолутно стојам на страната на оние кои со чудно спуштени веѓи и размислување исполнето со прашалници ги посматраат одредени постапки на тинејџерите.
Во некои ситуација, според моите критериуми ја поминуваат границата...ама што знам, можеби јас премногу очекувам или пак имам краткотрајна меморија.

Реално 16 години и не е баш период кога треба да очекуваме да се затворат дома, да дремат над книги или не дај боже кукли и вовчиња, да играат жмурка во маало...
Мое дете да го прави тоа на тие години, ќе го однесам на психијатар.

Па логично е да имаат љубови, да сакаат да шетаат, да експериментираат...се во граници на нормалното (иако тоа за секого е различно)
Па побогу и јас на 16 години пушев трава, не можеа да ме приберат од улиците, па сполај му мислам дека се изградив во сосем нормална, принципиелна личност, која си го изживеала тинејџерскиот филм.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
4FUN - ма се спремам јас, ама наоѓам по некоја минутка тука да напишам по нешо. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Се сложувам во глобала со текстот. Тоа е реалноста. Ама, не треба да очекуваме да играат ластик. Не ги кривам јас нив, такво дојде времето. До пред 6-7 години интернетот не беше толку распространет во нашава држава како што е сега. Затоа и децата повеќе излагаа надвор и играа. Тогаш како што памтам имаше во 12 саатот на полноќ врвеше полиција по кафиќи и ги приведуваше малолетниците. Сега децата седат до 4-5 сабајле, а ни полиција има, ни има врска тоа што си малолетник или не.
Како што кажав, не ги обвинувам нив ради тоа што се дешава моментално. До таа точка дојде светот, што тие ако не го прават тоа ќе бидат заостанати за другите.
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Малце забега муабетот, извинете и ако претерав.. Само сакав да доловам една поента! Колумнистот го пишува своето мислење, ова е моето мислење. Пишува од лични искуства, сум имал лоши искуства со оваа генерација, затоа и пишувам за неа.. Прифаќам критика, но не и да ми се кажува дали МОЕТО мислење е правилно или не..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Малце забега муабетот, извинете и ако претерав.. Само сакав да доловам една поента! Колумнистот го пишува своето мислење, ова е моето мислење. Пишува од лични искуства, сум имал лоши искуства со оваа генерација, затоа и пишувам за неа.. Прифаќам критика, но не и да ми се кажува дали МОЕТО мислење е правилно или не..
појасни ми го болдираното те молам :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
разлика во генерации имало, и ќе има. Порано созреале децата.
Ќе споредам со овошје...презреаното овошје пука....Највиновни се родителите за нивното предвремено пукање
оф топик
foREVer ... а да ги баталиш постовиве денес и да земеш полека со маж ти да се спремате за утрешното финале ... ајде уште сега распалувајте скарата, прати го мажот нека земе две буриња пиво на точење ...еве јас ке ви најдам и неколку вувузели ... мора да има фантастична атмосфера (party) :D (искрено Баерн сакам да победи, ама заради вас ке навивам за Челси) (muscle)
намали со офтопик и не чепкај ми ја форевер. Не гледам ни најмала поврзаност на Челзи и генерација X :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест