Генерација '96

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Јас би споделил уште нешто под мое авторство, ако не е проблем после настанатава фрка.. И овој пат би сакал коментари и критики, морам да се навикнам на тоа :D
АЈДЕ ДА ВИДИМЕ ШТО КЕ БИДЕ :) ОБЈАВУВАЈ
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Не ти кревам 5 пати, зошто мислиш дека ќе ти кренам по наредните 15 обиди?

Ѕвониш еднаш, ѕвониш двапати, ѕвониш три пати, ѕвониш тринаесет пати, не добиваш одговор нит после првото, нит после второто, нит после третото, зашто мислиш дека ќе кренам после тринаесетото ѕвонење?
Тешко на тој што „случајно“ не го гледа телефонот, кој не престанува да „урла“поради досадната персона од другата страна на линијата, и само тупка кога овој досадниов ќе се откаже. Но тука има уште една работа, колку и да сакаш да го избегнеш разговорот, секогаш те копка што таа особа има да каже.
И така после милион обиди да те добие, досадната персона оди на план Б. Планот Б обично е ѕвонење со скриен број или ѕвонење од друг број кој вие не го знаете. Е сега, за тоа дали ќе „паднете“ на оваа фора влијаат неколку фактори, како на пример: колкава е временската разлика помеѓу планот А и планот Б на досадната персона, исто така колку искуство имате со ваквите персони, па и колку ја познавате персоната и колкав е степенот на нејзината упорност (да не речам напорност). Ако паднете на оваа фора тогаш, навистина ве сожалувам, ако успеете да го избегнете и ова, честито, избегнавте навистина непожелен муабет.
Да разјасниме нешто, причините за избегнување на некои муабет не се секогаш злонамерни.. Да, има случаи кога знам дека ќе ме замараш со истата глупава работа, што ме замараше и вчера, па само ова е решение. Но има и случаи кога нема ништо зло во мојата намера. На пример, доаѓам од факултет мртов уморен, пижамите ме чекаат на креветот како што ги остаив сабајле, јорганот отворен ме чека да се бутнам под него и само што сум го сторил сето тоа ете те тебе, ми ѕвониш, сакаш да ми ја одземеш оваа убавина за која мечтаев од факултет до дома, само затоа што „ти се јавила желба да се видиме“, во превод, незнаеш што да праиш со себе. Епа нема, ѕвони си ти до утре, ќе ти ја исполнам желбата кога ќе се наспијам. Друга ситуација, излезен сум и убаво ми е, седам со луѓе и си праам маубет, кога телефонот ѕррнн, погледнувам да видам кој ми ѕвони, ти го читам името и знам дека не сме се виделе ни чуле најмалце два века, како да ти кренам, ќе треба саат време да правиме муабет, а јас седам со луѓе, што и да ти кажам ќе ме сфатиш погрешно, не сме се чуле толку време, а јас се обидувам да те откачам, нема смисла. Лекот е тоа, нема кревање додека не останам сам и спремен за да ти го прераскажам делот од мојот живот што го имаш пропуштено. Следна ситуација, сме се чуле или виделе пред неколку саати, тебе ти е досадно, мене баш и не, а знам, едноставно знам дека немаш ништо важно да ми кажеш, дека ќе го направиме НАЈглупавиот муабет, муабет без никаква смисла, се додека не почнам да ти одговарам со „да“, „аха“, „не“ , „и така“ , „епа добро“ и слично, а тогаш ќе се напнеш, ќе почнеш со стандардниот говор „ Ти никогаш не ме слушаш, јас си праам маубет сам/а на себе, бла бла бла“, ќе ме испцуеш сочно и ќе ми спуштиш слушалка, епа за да се избегне ваква ситуација, има едно решение, ИГНОР!
Има ситуации кога навистина не го слушам телефонот, сум бил на предавање, сум го стаил на нечујно и си останал така. Во такви случаи повторно нема потреба од петнаесет обиди да ме добиеш, доволен е еден, кога ќе видам, јас ќе те побарам. И така доаѓаме до моментот кога таа личност се откажала од намерата да стапи во контакт со тебе. Од како ова ќе се случи се јавуваат две алтернативи: избриши го повикот и прави се дека никогаш не си дознал за него или по истекот на одреден временски период, побарај ја ти таа личност. Ако се решите за втората алтернатива, најпрво, морате да имате спремен говор кој вклучува: добра лага за тоа зошто не си одговорил на повиците, каде си бил ти за време на нејзините обиди да стапи во контакт со тебе, кој може да потврди за тоа и слично. И тука стандард, веднаш по првото ТИИИТ, персоната нервозно крева и пред да имаш прилика нешто да кажеш започнува со „КАДЕ СИ ТИ ДО СЕГА, СТО ПАТИ ТИ ВРТЕВ, ГЛУВ ЛИ СИ ИЛИ ТАКА ТИ ОДГОВАРА, ЗА ШТО ТИ Е ТЕЛЕФОНОТ, ЗА УКРАС??? БЛААААААА БЛААААА БЛАААА“, а ти, бидејќи веќе го знаеш овој говор, го држиш телефонот подалеку од уво и „урлаш“ во себе „ПА КОЈ ТЕ ТЕРАШЕ СТО ПАТИ ДА МИ ЅВОНИШ!!!“
Е сега, постои и исклучок, а тоа е кога јас сум ти наложил поради одредена лична цел да се претвориш во таква напорна персона, за да се оствари мојата цел. Како пример за ова морам да ја наведам мојата драга колешка, нема потреба да ја именувам, со сигурност ќе се пронајде. Оваа персона е мојот персонален будилник. Да не е оваа персона факултетон мој нема со очи да го видам. Ако имате и вие некоја ваква персона секогаш имајте на ум дека вие сте најпцуената личност на светот! Ама сепак, животот, а особено студирањето, е многу полесен со ваква персона во вашиот живот. Колешке, прекрасна си!
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
И сега кога нова колумна од тебе?
Абе имам ја 4 објавени на странава и уште неколку сеуште не објавени поради техничките проблеми на страната, али може да се објават тука, ако сакате :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Абе имам ја 4 објавени на странава и уште неколку сеуште не објавени поради техничките проблеми на страната, али може да се објават тука, ако сакате :)
Објавувај си ти слободно ја нема да ги коментирам се додека не објавам и јас некоја тек тогаш ќе можеме слободно како на блоговите да си коментираме обострано(handshake)
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Објавувај си ти слободно ја нема да ги коментирам се додека не објавам и јас некоја тек тогаш ќе можеме слободно како на блоговите да си коментираме обострано(handshake)
Поради мојата лоша реакција на предходните коментари..?! :/
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Поради мојата лоша реакција на предходните коментари..?! :/
Нема врска,напротив јас стоев зад тоа дека колумната е видување на авторот,тоа му иде како као пиша Венко Андоновски една колумна за еден дечко што работел во маркет и му сечел салама,па као што мисли он со тоа работно место колку сака плата да зима.....и така натака и имаше реакции од луѓето негативни е сеа тоа е мислење на Венко и ти не можеш да му го смениш можеш само да не се согласуваш со него.
Муабетот што го почнав погоре е мислам дека сум пробал да напишам некогаш колумна ама ептен сум самокритичен,па затоа викам кога ќе напишам и ќе објавам ќе бидам во позиција на позитивни и негативни критики да добивам и тогаш ќе иам доблест да коментирам туѓа колумна дали е во ред или не.
Се надевам се разбравме.
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Нема врска,напротив јас стоев зад тоа дека колумната е видување на авторот,тоа му иде како као пиша Венко Андоновски една колумна за еден дечко што работел во маркет и му сечел салама,па као што мисли он со тоа работно место колку сака плата да зима.....и така натака и имаше реакции од луѓето негативни е сеа тоа е мислење на Венко и ти не можеш да му го смениш можеш само да не се согласуваш со него.
Муабетот што го почнав погоре е мислам дека сум рпобал да напишам некогаш нешто ама ептен сум самокритичен,па затоа викам кога ќе напишам и ќе објавам ќе бидам од позиција на позитивни и негативни критики и тогаш ќе иам доблест да коментирам туѓа колумна дали е во ред или не.
Се надевам се разбравме.
Секако дека се разбираме.. Нормално е да бидеш само критичен кога станува збор за темата и начинот на пишување..