Генерација '96

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Па гледам се карате па се извинувате, а што ќе смени тоа? Некој ги чита нашиве мислења од таа генерација!? Нив им е галје брате, пак по старо, кој како си фрчка натам навам така ќе си продолжи да си го применува тоа. Не се карајте за џабе, не вреди,во денешно време секој сака да биде родител ама никој не знае убаво да си го воспита детето. Нашите години што беа никад нема да се вратат, тоа време се знаеше барем на 28 години брак, влезеш зрела подготвена за дете, вака сега уште на 16 години размислуваат за брак и дете.
а кои биле тие години и кое било тоа време? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Lady*

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
а кои биле тие години и кое било тоа време? :D
Незнам колку годишна си ти, тоа беа добрите 90ти години... Сега често сум на свадби се млади се мажат, па после не им одговара ова она, се разведуваат несвесни дека се тоа се одразнува психички врз детето, поради гордоста и разгаленост на едниот родител кон детето стануваат вакви, невоспитани и недозреани, не научени за улица туку за компјутер и дечковци.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Незнам колку годишна си ти, тоа беа добрите 90ти години... Сега често сум на свадби се млади се мажат, па после не им одговара ова она, се разведуваат несвесни дека се тоа се одразнува психички врз детето, поради гордоста и разгаленост на едниот родител кон детето стануваат вакви, невоспитани и недозреани, не научени за улица туку за компјутер и дечковци.
јас сум 34годишна, се омажив на 22
сестра ми е 38годишна, се омажи на 25
другарките ми се омажени на 18, 19, 24, 23, 26, 32
братучетките, кои се дестина години постари од мене, се омажиле отприлика на 25-6
неколку од нив се разведени и тоа токму тие кои не избрзале со бракот и раѓање деца
значи и тогаш и секогаш, немало и нема правила
се мажеле и на 18, се мажеле и на 30
секој со среќата и судбината
 

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Првично, мило ми е што се трудиш да развиваш некаква дискусија, да создаваш нешто твое...
Второ, морам да кажам дека она што се обидуваш да бидеш, она по кое сакаш да те распознаваат, моментално ти е во некое благо бунило.
Зошто?
Колумнист не може да биде човек што не знае да прифати критика!

Е сега, малку он топик.
Секогаш ќе има разлика на генерации, тоа е некако природен тек на нештата.
И да, морам да кажам дека во голем број на случаи, апсолутно стојам на страната на оние кои со чудно спуштени веѓи и размислување исполнето со прашалници ги посматраат одредени постапки на тинејџерите.
Во некои ситуација, според моите критериуми ја поминуваат границата...ама што знам, можеби јас премногу очекувам или пак имам краткотрајна меморија.

Реално 16 години и не е баш период кога треба да очекуваме да се затворат дома, да дремат над книги или не дај боже кукли и вовчиња, да играат жмурка во маало...
Мое дете да го прави тоа на тие години, ќе го однесам на психијатар.

Па логично е да имаат љубови, да сакаат да шетаат, да експериментираат...се во граници на нормалното (иако тоа за секого е различно)
Па побогу и јас на 16 години пушев трава, не можеа да ме приберат од улиците, па сполај му мислам дека се изградив во сосем нормална, принципиелна личност, која си го изживеала тинејџерскиот филм.

Многу убаво кажано,нема потреба веќе никој да коментира :)
Чао Пријатно !!! :sreken
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Како прво линкот не ти работи,што си го поставил,како второ да во право си дека тоа е твое гледање на работите и искажување на твоите размислувања и гледишта ама ако не го опипуваш пулсот на читателот,пишувај си ги колумните и не давај повратни коментари на истите (пошто и така не те занима нели):)
Не не, страната има некои технички проблеми, коа ќе се опраи страната и линкот ќе си функционира..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum