хахаха нема потреба да зборам повеќе, бројките си кажуваат..
Првично, мило ми е што се трудиш да развиваш некаква дискусија, да создаваш нешто твое...
Второ, морам да кажам дека она што се обидуваш да бидеш, она по кое сакаш да те распознаваат, моментално ти е во некое благо бунило.
Зошто?
Колумнист не може да биде човек што не знае да прифати критика!
Е сега, малку он топик.
Секогаш ќе има разлика на генерации, тоа е некако природен тек на нештата.
И да, морам да кажам дека во голем број на случаи, апсолутно стојам на страната на оние кои со чудно спуштени веѓи и размислување исполнето со прашалници ги посматраат одредени постапки на тинејџерите.
Во некои ситуација, според моите критериуми ја поминуваат границата...ама што знам, можеби јас премногу очекувам или пак имам краткотрајна меморија.
Реално 16 години и не е баш период кога треба да очекуваме да се затворат дома, да дремат над книги или не дај боже кукли и вовчиња, да играат жмурка во маало...
Мое дете да го прави тоа на тие години, ќе го однесам на психијатар.
Па логично е да имаат љубови, да сакаат да шетаат, да експериментираат...се во граници на нормалното (иако тоа за секого е различно)
Па побогу и јас на 16 години пушев трава, не можеа да ме приберат од улиците, па сполај му мислам дека се изградив во сосем нормална, принципиелна личност, која си го изживеала тинејџерскиот филм.