Во стан или во студентски дом?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Натрапник сум ви во темава, ама ако.
Да прашаш дали би сакал да седи некој во студентски дом или во стан, а ова прашање да биде поставено во Македонија, навистина е...малку иронично.
Зависи од средствата што ги имаш на располагање. Некогаш мора да се помириш со тоа што те чека во студентски дом.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Зависи од средствата што ги имаш на располагање. Некогаш мора да се помириш со тоа што те чека во студентски дом.
Ама затоа реков, да прашаш, дали некој САКА.... Друго е помирување со реалноста, друго е сакање.
Во мое време, сѐ уште некако се издржуваше низ студентските, беа во фаза на распаѓање, ама не беа распаднати до толку, сега се... ко логорите на Хитлер.
Случајно, стапнав во Кузман пред некое време, собата имаше толку мувла... што мислам дека од челик организам да имаш, ќе се распадне од вдишувањето.
Ги гледав сликите што ги вртеа по интернетов од Гоце...
За Пелагонија и за нови бараки во Стив слушам пофални зборови, ама исто така слушам дека ти требаат дебели врски за да стигнеш до тие места.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе не се само мувлите и промаите проблем. Мене најголем проблем дур бев во студентски ми беше безбедноста. Во студентски клуч џабе постои па нешто лап-топ или слично треба цело време со тебе да биде и пак може да дојде некој на спиење да те ограби (ова на другар мој му го дрпнаа лап-топот на спиење). Еднаш кај колега еден пред година ипол случајно откривме дека бравите од цел спрат беа исти, а и да ја смениш бравата вратата да ја дувниш ќе падне.
Во стан е друго. Контролирана раја влегува и излегува, клучот ти е сигурен и можеш помирно да спиеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Абе не се само мувлите и промаите проблем. Мене најголем проблем дур бев во студентски ми беше безбедноста. Во студентски клуч џабе постои па нешто лап-топ или слично треба цело време со тебе да биде и пак може да дојде некој на спиење да те ограби (ова на другар мој му го дрпнаа лап-топот на спиење). Еднаш кај колега еден пред година ипол случајно откривме дека бравите од цел спрат беа исти, а и да ја смениш бравата вратата да ја дувниш ќе падне.
Во стан е друго. Контролирана раја влегува и излегува, клучот ти е сигурен и можеш помирно да спиеш.
Кражбите и во мое време беа чести, само што немавме толку вредни работи за крадење. Лап топ да има студент беше како да има јахта :)
Затоа и не ги спомнав(не ни ми дојдоа на памет како можна опција).
Исто, се мислам, кој будала сместува во 2 на 2 просторија по тројца студенти. Па каде ли ќе ги остават куферите, каде ли ќе учат, каде ли кафе ќе се напијат...
Еве, мене што најмногу ми сметаше во студентски, беше тоа што цимерот ми заспиваше во 10, а јас учев во доцните часови, читалните секогаш беа фул, или ако има празна клупа, нема празно столче. Немаше кај да учам, не ми дозволуваше да ја приклучам сијалицата го будела...
Ама, ќе пуштиш ногата, колку ти е чергата, и ќе молчиш, а некој што треба да ти дозволи поголем чекор ќе се прави на мутав, и ќе вика, лажат студентите после пожарот, веднаш е реновиран блокот и ќе продолжиш да го дишеш мирисот на изгорено, валкано, мувлосано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
По тројца? Пелагонија бевме четворица во собче од одвај 10 квадрати. Откако се иселив од таму слушнав дека и по петмина ги терале да седат, колку е точно не знам, не сум проверил од причина што немам навика да се враќам никогаш на места кај што сум живеел.
А лебарките? :kafe Имаше една зафрканција за кујните во студентски, малку е гадна па да не се уплаши некој нема да ја споделам. Постари од 18 години сигурно ја знаат : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас додека седев во Кузман, бевме во едни соби по двајца, во други по тројца. Само во медицинар кога заглавив бевме четворица, ама тогаш одлучив дека е крај со мојот живот во студентски.
Кога слушнав дека Медицинар веќе не е во употреба.... се израдував. Не знам дали си ја имал таа несреќа да стапнеш на тоа место и да се бањаш во тие бараки... и да треба да јадеш...таму, мислам дека сите лебарки на овој свет да ти играат оро пред тебе... нема да ти се згади. Отрпнат ќе си.
И да, прекинувам со зборење...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and existence

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Во студентски дом со други луѓе си врева хмхм а стан го немаш тоа така да мене само тоа ми треба peace & quiet
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ми текна за Гоце студентскиот, што за жал го имам посетено, иако само накратко, па морам да прокоментирам дека е срамота и жално млади да живеат во услови како во штала. Што беа тие црнила/мувли по ѕидови, тој „мебел“ што се распаѓа, па тие подови/плочки со лебарки, ммм.
Баш пребарав како изгледа сега, после реновирањето, ама имаше повеќе рендери отколку вистински слики, но и ова не е лошо (иако не знам колку е паметно када да се има). Се надевам го одржуваат.
20200214-kako-izgleda-renoviraniot-studentski-dom-goce-delchev-m.jpg

Секако, барајќи, го најдов и овој бисер од наслов. :D :D
1626715765851.png
Најверојатно е сатира, но не би ме чудело и некој навистина да го рекол ова.

Секогаш би избрала стан, чисто ради приватноста и безбедноста што ја нуди. Само и тој да не е 250 евра за 30 квадрати и мебел од 47-ма.