Во стан или во студентски дом? | Црнобело Форум

Во стан или во студентски дом?

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Каде според вас е поубаво? Во стан или пак во студенстки дом?

Во студентски дом, барем за храната не се грижиш, но хигиената е на ниско ниво, топла вода само во одредено време во денот, за разлика од тоа, во стан е потивко за учење, топла вода кога сакаш, со цимери кои ти си ги избрал, слични по карактер. Е сега, за плаќање, секако е поскапо во стан, но се чувстуваш како да си дома.
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
4 години седев во интернат и тоа кога бев средно..тоа време сега да можам да го вратам се би дала,дружењето забавата и уште милијарда работи со ништо на светот не се заменуваат..премногу ми недостигаат некои личности.За храната за топлата вода и за хигиената нема да коментирам затоа што се знае на какво ниво би била,ама пак фала богу иако цел спрат пиевме од исто шише вода никој никаква болест не го фати..НЕЗАБОРАВНИ МОМЕНТИ :(...Сега сум на факултет и седам во стан...и можам да кажам дека воопшто не е исто..ми недостига седењето во интернатот...И за учење,ако сакаш да учиш секаде ке најдиш време и место,сум учела во занимална со уште 30 ако не и повеке души и пак сум била со сите 5 ки :)
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Во стан е послободно тоа секако ама зависи и на што газда ке закачиш,секакви ги има.Какви работи имам слушано што му правеле газдите...Бог да чува
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
388
680
1,103
Стан најубаво, ако сакас мир, најавени гости, одмор, место за учење, поголема хигиена, со луѓе кои ги знаеш и познаваш.
Сум живеел и во студентски дом, хигиената е на најниско можно ниво, едно ВЦ и еден туш ги делиш со цел спрат, па и со погорниот или подолниот, ненајавени гости во 1,2,3 саатот после полноќ а ти сабајлето си на факултет и слично. Сега живеам во стан и барем ми е мирно дома, со мои луѓе а и гости кои ги знаеш и секако нема гужви...
Моја препорака е дефинитивно стан...
 

Minnie

Активен Член
18 февруари 2012
126
127
43
Somewhere over the rainbow
Се разбира во стан дека е поубаво, со одбрани луѓе си, почисто е, имаш мир, и послободен си.Затоа јас одбирам стан, но за некои тоа не е достижно за жал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScoobyDoo

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Ве жалам тие што сте по Студентските домови. Сликата е повеќе од ужасна! :S
Пример од Гоце Делчев студентскиот..
Застарена електрична инсталација, ѕидови кои полека се распаѓаат, доводни и одводни цевки кои протекуваат, кородирани радијатори за парно греење, лифтови кои не работат, дупки по подовите и плафон кој може секој момент да ти се руши врз глава. Ова се само неколку од епитетите кои го опишуваат студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје. 1200 студенти “преживуваат” во неподносливи услови кои им се однапред предодредени.




“Гоце Делчев”, студентскиот дом, кој некогаш претставувал најрепрезентативно живеалиште за студентите од цела Македонија, сега е во очајна состојба.
Со самото пречекорување на прагот од било кој од четирите блока, ве чекаат мрачни ходници во кои може да се почувствува промаја од скршените прозорци и врати. Насекаде има испишани имиња и исцртани слики дополнети со дупки. Честа е појавата и на ронење на ѕидовите која настанува како последица од влагата создадена од напукнатите водоводни цевки.




Лифтовите ретко се пуштени во употреба, а околу нив пораките со содржини од типот: продавам ракија и вино, бонови за исхрана, хеланки за 250 денари се неизбежен дел од декорацијата. Меѓутоа, ако случајно пред вас се најде лифт кој работи, вие сте “среќниот добитник” на небезбедно возење.

Во санитарните чворови постојат нечовечки услови. Бактериите и неподносливата миризба можат да бидат причина за болести. Често се случува во некој од блоковите да нема топла вода, па студентите се приморани да се тушираат во соседниот блок.



Студентите се жалат на ентериерот во собите кој се рангира под нулата. Прозорци кои не се отвораат, кревети со стари душеци кои не се воопшто удобни и недостигот на мебел за сместување на сите потребни работи се проблем без решение.






Единствена светла точка е парното греење и топлите радијатори, но со оглед на фактот дека има промаја од скршените прозорци, овој ефект се губи.

Целосната слика на студентскиот дом “Гоце Делчев” станува се подепресивна, а драматизацијата ја дополнуваат и бездомниците кои се движат во овој предел. Скриени помеѓу огромната бетонска градба, со кеси наполнети од контејнерите во близина, си наоѓаат складно засолниште.
По сите овие очигледни докази за условите кои ги нуди овој дом, се наметнува прашањето дали некој воопшто се грижи за ова недостојно место за живеење на млади луѓе? Каде се принципите на професионалната одговорност? Жално е, но тоа е сурова реалност. Студентскиот дом “Гоце Делчев” полека, но сигурно пропаѓа.

Извор: http://www.fakulteti.mk/news/12-02-20/najgolemiot_studentski_dom_vo_makedonija_se_raspagja.aspx
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi