Абе не се само мувлите и промаите проблем. Мене најголем проблем дур бев во студентски ми беше безбедноста. Во студентски клуч џабе постои па нешто лап-топ или слично треба цело време со тебе да биде и пак може да дојде некој на спиење да те ограби (ова на другар мој му го дрпнаа лап-топот на спиење). Еднаш кај колега еден пред година ипол случајно откривме дека бравите од цел спрат беа исти, а и да ја смениш бравата вратата да ја дувниш ќе падне.
Во стан е друго. Контролирана раја влегува и излегува, клучот ти е сигурен и можеш помирно да спиеш.
Кражбите и во мое време беа чести, само што немавме толку вредни работи за крадење. Лап топ да има студент беше како да има јахта
Затоа и не ги спомнав(не ни ми дојдоа на памет како можна опција).
Исто, се мислам, кој будала сместува во 2 на 2 просторија по тројца студенти. Па каде ли ќе ги остават куферите, каде ли ќе учат, каде ли кафе ќе се напијат...
Еве, мене што најмногу ми сметаше во студентски, беше тоа што цимерот ми заспиваше во 10, а јас учев во доцните часови, читалните секогаш беа фул, или ако има празна клупа, нема празно столче. Немаше кај да учам, не ми дозволуваше да ја приклучам сијалицата го будела...
Ама, ќе пуштиш ногата, колку ти е чергата, и ќе молчиш, а некој што треба да ти дозволи поголем чекор ќе се прави на мутав, и ќе вика, лажат студентите после пожарот, веднаш е реновиран блокот и ќе продолжиш да го дишеш мирисот на изгорено, валкано, мувлосано.