Колку ми е ова добар феномен. Сите луѓе, себе си се гледаат како успешни родители, кој учејќи од грешките на своите родители, од грешките на родителите во околината, ќе успеат да бидат најперфектни родители.
Тоа - е теорија
Праксата секогаш е потешка.
А кога се работи за родителство, теоријата е тешка, а родителството како пракса е најтешко.
Во раце чуваш малечко суштество кое што со секој нов ден дознава нешто ново, и се тоа новото му е интересно.
Тоа нема развиен разум до таа мера импулсите да ги контролира. Едноставно нема.
Ти, како родител, треба да ги најдеш мерките кои на твоето дете ќе му влијаат најмногу.
Ако му влијае казнување - ќе го казниш.
Ако му влијае зборување без престан - ќе зборуваш ден и ноќ.
- јас ова го кажувам теоретски, ама немате појма колку е тешко да дознаеш и да откриеш како треба да пристапиш кон сопственото дете.
И морам да ја искритикувам анкетата:
1. АКО НЕ МИ УСПЕЕ КРЕВАМ РАЦЕ ОД НИВ
- Ова, е особина на човек што знае да зачне дете, ама не знае што е зборот РОДИТЕЛ.
И сега поврзано со примерот што си го дала
Јас денес, сум сопственик на цело животинско царство, а сепак.... на мој нецели пет години, заедно со другарите од маало фативме маче, и цел ден го малтретиравме. Со темперни боици му го мачкавме влакното. Му стававме во уста камења, тоа прета не гребе ние се смееме.
Тоа не значи дека мајка ми не ме учела... дека мајка ми не ми зборувала. Значи дека сум бил дете, и значи дека се’ околу мене ми било интересно... и сум немал контрола врз сопствените нагони.
Тоа возрасни луѓе не можат да се контролираат не дете...