Имам добар пример во животов каков родител НЕтреба да бидам.Колку што ме боли тоа толку и ме подига, ме охрабрува, ме мотивира..
Јас своето детство не го ни паметам како што треба зошто го поминав во грижи, размислувања..грижи за тоа што ќе биде утре, ако згрешам што ќе биде, грижи за брат ми..никогаш ништо не сум препуштала на случајноста, сум внимавала на секоја една работа.
Најверојатно тоа и ме созреа пред време, далеку пред моите врсници.Додека тие сеуште играа со јаже пред зграда, јас плачев зошто мајка ми е тажна.
Сето тоа остава траги, порано или подоцна..
Сум имала среќа што сум се родила како прилично интелегентно дете најверојатно, па уште од мала сум почнала да сфаќам некои работи, секогаш сум одела понапред со времето, кога во 2ро одд. на тестирање сите ученици за 1мин. читаа по 50-60 збора, јас ги читав 200. И горда сум си на тоа.Отсекогаш сум си го негувала тоа и сум се трудела да успевам.
На моите деца ќе гледам да им овозможам здрава и мирна средина за живеење, детство без грижи..ќе целам кон тоа да станат независни, но не уште од мали, ќе се трудам додека можам да бидам дел од нивниот живот, да ги усмерам, а што ќе одберат тие..тоа ќе биде само нивна одлука.
Никогаш не би ставила некого пред нив..маж е маж, денес е еден, утре може да биде друг, но децата се дел од тебе..кога ги раѓаш како да откинуваш еден дел од себе..тој дел кога ќе биде среќен, ти ќе бидеш уште посреќна, кога ќе биде повреден, тебе ќе те боли..
Најгрдо е чувството еден ден да се почувствуваш дека си потфлил како родител..не би сакала да го доживеам тоа. Сакам да им бидам пример во животов, ама никогаш не би сакала да ги терам да го живеат оној живот за кој што јас сум „сонувала“, да ги живеат оние работи кои јас сум ги пропуштила во животов..
Секој живот е еден, единствен и посебен..ако сами не згрешат никогаш нема да увидат што е добро во животов..нема да бидам мајка која секогаш ќе ги „вади“ од секоја каша, подобро е некои работи да ги почувствуваш на свој грб за да созрееш.
Се надевам дека ќе бидам добра мајка, за да еден ден во животот осетам како со почит веќе изградени личности ми се обраќаат со „мамо“.