Ова според Јосиф 11:82?Родителите треба да разговараат со своите деца и јасно да им кажат што точно се очекува од нив. Децата треба да го знаат редот во куќата, но треба да знаат и каква казна следува ако го прекршат. Откако со децата ќе се разговара за казните и тие добро ќе ги разберат, куќниот ред треба да се спроведе во домот. Родителите не покажуваат љубов ако постојано ги опоменуваат децата дека ќе ги казнат, а никогаш не ја спроведуваат казната.Децата се чувствуваат посигурни и повеќе ги почитуваат и ги сакаат своите родители кога знаат дека родителот секогаш си стои на зборот, и дека неговото „Да“ значи „Да“ а неговото „Не“ значи „Не“ — дури и кога станува збор за казна.
Казна за покорност? Па знаеш ли колку тинејџерите ги заболе уво бидејќи нивните родители ги уценуваат со казни? Ене ги, се облекуваат во мичи и деколтиња по автомобили, возени од ќелеши полни со пари. А замисли... требало да преспиваат кај другарките. Ама родителите не им дозволуваат да одат никаде и ги казнуваат.
Целиот проблем почнува од родителот и неговото недоволно посветено време кон детето. Од една страна и не се целосно за обвинување бидејќи сме дојдени во такво време каде родителите р`мбаат од јутра до сутра за да му обезбедат каква-таква иднина на детето... Од друга страна има и такви кои живеат на сребрена лажичка и мислат дека и детето истотака треба. А детето си има и второ место од каде да учи - општеството, при што се создава еден нуспроизвод на изгубеност и заталканост од двете страни.