Ролерки возам од 5 години т.е. ги имам оттогаш и нозете ми пораснаа во нив. Ми беа таман до пред да почнам со средно некаде, значи 10ина години ги скапав. Можам со мижење да возам.
Од друга страна, за точак сум труп. Не знам да одржам рамнотежа и крај. Како сидро се укотвувам после 5 секунди на земја. Имаше само еден пони на другарка што некако успевав да го извозам по 2-3 круга, ама другово е катастрофа невидена.