Вегетаријанци

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
па види ти како вегетаријанка јадиш појке салата. Растенијата трошат јаглерод диоксид а произведуваат кислород. со ајдење на салати и општо растенија вие вегетаријанците го зголемувате нивото на јаглерд диоксид а го намалувате производството на кислород. плус им ја јадете храната на животните..
Хахаха... Знаев!
А вие сештојадите што јадете живи, интелегентни суштества и тоа ги одгледувате само со таа цел, за да ги изедете и ништо повеке, а што е најтрагично не ги јадете старите и веке изнемоштени животни, туку јадете мали бебиња...
Дали знаеш што има во една салама, паштета, чајна и сл.?
Тоа се производи во кои е искористен отпадот од веке измасакрираното тело на животното како рскавици, нокти, кожа, органи кои не се препорачливи за јадење и сл. Потоа при обработката, односно мелењето на истите им се додава амонијак со цел да се уништат бактериите кои се насобираат врз месото... и ти сето тоа ке го изедеш со сласт и што е најгрозно од се ке му го дадеш и на твоето дете да го јаде.
Ако ти лично толку се грижиш за иднината на човештвото нема да го оправдуваш ваквиот начин на исхрана. Барем денес се знае за колку многу болести на човековиот организам е одговорна истата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

А ти не јадеш салата воопшто?
 
Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Сите вегетаријанци ја имаат мојата почит за нивниот начин на исхрана.Не би издржал и секако дека овај начин на исхрана носи премногу позитивни карактеристики во него но треба да е јасно и дека 100% не е најдобро.Тоа си е и покажано од експерти дека смао со зеленило не се може....
 
Вегетаријанската исхрана не вклучува само зеленило.Тука се и житариците и семките и мешунките и корењата... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Largo

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Хахаха... Знаев!
А вие сештојадите што јадете живи, интелегентни суштества и тоа ги одгледувате само со таа цел, за да ги изедете и ништо повеке, а што е најтрагично не ги јадете старите и веке изнемоштени животни, туку јадете мали бебиња...
Дали знаеш што има во една салама, паштета, чајна и сл.?
Тоа се производи во кои е искористен отпадот од веке измасакрираното тело на животното како рскавици, нокти, кожа, органи кои не се препорачливи за јадење и сл. Потоа при обработката, односно мелењето на истите им се додава амонијак со цел да се уништат бактериите кои се насобираат врз месото... и ти сето тоа ке го изедеш со сласт и што е најгрозно од се ке му го дадеш и на твоето дете да го јаде.
Ако ти лично толку се грижиш за иднината на човештвото нема да го оправдуваш ваквиот начин на исхрана. Барем денес се знае за колку многу болести на човековиот организам е одговорна истата.
чудно досега ама баш никогаш не сум слушнал дека некој умрел од јадење паштети. Добро освен ако паштетат била расипана.
Мали бебиња? сериозно? кога ке ти видиш месо на маса , го прашуваш место дали било од мало бебе или од малко поголемо или од 3 годишна крава? сакам одговор на ова.

кажи ми ти како човечкиот организам ке ги надохнади сите оние минерали и витамини кои ги има исклучиво само во месото? Знаеш ли колку вегетаријанци имале сериозни здравствени проблеми после 5-6 години нејадење месо?

факт е дека вегетаријнската исхрана не е баш најдобра..

И сега видов. спомнуваш интелегентни животни. што подразбираш под интелегенција? јас подразбирам свесно размислување нешто што животните го немаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Вегетаријанската исхрана не вклучува само зеленило.Тука се и житариците и семките и мешунките и корењата... :)
Да знам познавам вегетаријанци и пак ќе кажам јас не би издржал и затоа велам ја имаат сите мојата почит
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
чудно досега ама баш никогаш не сум слушнал дека некој умрел од јадење паштети. Добро освен ако паштетат била расипана.
Мали бебиња? сериозно? кога ке ти видиш месо на маса , го прашуваш место дали било од мало бебе или од малко поголемо или од 3 годишна крава? сакам одговор на ова.

кажи ми ти како човечкиот организам ке ги надохнади сите оние минерали и витамини кои ги има исклучиво само во месото? Знаеш ли колку вегетаријанци имале сериозни здравствени проблеми после 5-6 години нејадење месо?

факт е дека вегетаријнската исхрана не е баш најдобра..

И сега видов. спомнуваш интелегентни животни. што подразбираш под интелегенција? јас подразбирам свесно размислување нешто што животните го немаат.
Можеби не си чул дека некој умрел од паштета, ама сигурно си чул за најразлични заболувања на дигестивиот систем, за холестерол, за хормонални пореметувања, за болести на кардиоваскуларниот систем, за последиците од преголемата телесна тежина како што е инфарктот на пример и така натаму... ееее уште колку ги има и ке ги има...

Да. Секогаш кога ке помислам на месо, помислувам на мртво бебе од крава, коза, овца... што и да е. Па дури и да е стара крава, тоа ништо не би променило кај мене.

Сите витамини и минерали можат да се надокнадат со храна од растително потекло па дури и витаминот б12 за кој се мислело дека единствено го има во мнатрешните органи на животното... го има во алгата спирулина и во мисото - паста од ферментирана соја. Проблеми можат да настанат само доколку вегетаријанецот не е доволно информиран или не се труди да се храни здраво. Нормално е дека ако човек јаде само леб и ајвар ке се разболи поради тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
кои минерали и витамини ,, месо не сум јадел 23 год xD
најголем потрошувач сум на ајвар и пржени компири .
па ништо не ми било до сеа :D
 
monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
Скоро сите што ги познавам кои од нормален начин на исхрана преминале на вегетаријанска, пројавиле некаков здравствен проблем. Дали ослабена крв, намален имунитет, промени во изгледот на кожата, косата...
emoticon-0112-wondering.gif

Не го поддржувам овој начин на исхрана, ниту го сметам за здрав, потребни се сите видови на храна, посебно месо
emoticon-0105-wink.gif
, ниту се сложувам дека на тој начин треба да ги заштитиме животните. Тоа си е синџир на исхрана, така функционирало отсекогаш, нема што да измислуваме нови правила и топла вода.
Како и да е, помеѓу веге-бургер, со некакви треви и соја и убаво, сочно, свинско гиро, мојот одговор е сосема јасен.
Животот е создаден за уживање во убава храна и вино
emoticon-0105-wink.gif
, не за некаква храна наменета за тревопасни животни
 
Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас јадам месо ама само одредено месо...сакам и риба и не сум вегетаријанец, имам пријателка која што е и ја разбирам зошто не сака да јаде месо и таа ме разбира зошто сакам јас да јадам и неможам сега засега да се откажам од месото барем не целосно. Инаку секој има право на избор што ќе јаде , и јас ги сакам животните ама јадам пилешко , додуша најчесто кога конзумирам месо изборот е пилешко или рибешко:). Никогаш не би јадела срна, зајче, јагне, теле, и не сакам преработено месо од типот виршли, шунки, паштети итн итн. Во секој случај овошјето , зеленчукот и млечните производи ги преферирам повеќе.