Вегетаријанци

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Вегетеријанци и вегани оправдувам само во случај да имаат гихт (или здравствен проблем кој би им ја ограничил така исхраната). Секоја друга причина е чиста глупост.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сакаш да кажеш омнивори=канибали?
Какви убијци на своите поколенија? Лицата кои јадат месо се чедоморци, си ги убиваат децата? Од каде сега ова?
Инаку Хитлер, познат сликар од Виена, бил веган, обожавател на животинки и не газел на мува...but then...
Затоа што труејки си го својот организам создаваат генетски информации од кои можат да се развијат многу болести. Ако тие самите не заболат, тогаш ке заболи некој од нивното поколение.
Затоа што децата ги следат навиките на своите родители, доколку вие како родител не се храните здраво, односно се труете преку погрешната исхрана тоа е ваш избор нели, ама не мора да значи дека е избор и на вашите деца, а тиа кутрите јадат се што ке им ставите во тањир и со таквиот начин продолжуваат и кога ке бидат возрасни, некои деца дури и јадат ќотек доколку не го изедат тоа што не им се јаде, или она што полека ги труе...
Но не сте криви вие што така постапувате затоа што истото го правите од незнаење.

Вегетеријанци и вегани оправдувам само во случај да имаат гихт (или здравствен проблем кој би им ја ограничил така исхраната). Секоја друга причина е чиста глупост.
А како дошло до тој здравствен проблем кој би ја ограничил храната? Како ако не со консумирање на истата?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А како дошло до тој здравствен проблем кој би ја ограничил храната? Како ако не со консумирање на истата?
Има многу начини што не се поврзани со исхраната туку од надворешни фактори. Пример да речеме Петко (мојот омилен лик кој искусил секакви ситуации :D) има автомобил и прави сообраќајка, повреден е гадно и докторите му препорачуваат да избегнува храна од животинско потекло. Сеа немој само да ми извадиш заклучок дека од што јадел животиснка храна му ослабеле рефлексите.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Има многу начини што не се поврзани со исхраната туку од надворешни фактори. Пример да речеме Петко (мојот омилен лик кој искусил секакви ситуации :D) има автомобил и прави сообраќајка, повреден е гадно и докторите му препорачуваат да избегнува храна од животинско потекло. Сеа немој само да ми извадиш заклучок дека од што јадел животиснка храна му ослабеле рефлексите.
Докторите му ја забрануваат животинската храна затоа што некој од внатрешните органи има пореметена функција или воопшто не функционира, а доколку организмот не е во состојба да одржува некаков баланс се препорачува ислкучиво растителна храна затоа што таа не содржи отрови, освен ако е прскана.
Петко можеби бил пијан па се слупал, ама исто така некој друг петко добил срцев удар од големото ниво на маснотии во крвта, трет Петко е дијабетичар а неговото дете се гуши во шлајм и секој месец пие цефалексини и преноќува во ``Козле``. Петкана пак има хормонални пореметувања итн.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Затоа што труејки си го својот организам создаваат генетски информации од кои можат да се развијат многу болести. Ако тие самите не заболат, тогаш ке заболи некој од нивното поколение.
Затоа што децата ги следат навиките на своите родители, доколку вие како родител не се храните здраво, односно се труете преку погрешната исхрана тоа е ваш избор нели, ама не мора да значи дека е избор и на вашите деца, а тиа кутрите јадат се што ке им ставите во тањир и со таквиот начин продолжуваат и кога ке бидат возрасни, некои деца дури и јадат ќотек доколку не го изедат тоа што не им се јаде, или она што полека ги труе...
Но не сте криви вие што така постапувате затоа што истото го правите од незнаење.


А како дошло до тој здравствен проблем кој би ја ограничил храната? Како ако не со консумирање на истата?

Какво труење?! Чоекот немало постои ако не бркал и ловел животинки и риби и ако не собирал шумски и остали плодови. Како омнивор, чоекот си постои 200К години како засебен вид. Веганството постои колку? пола век...
Здрава исхрана подразбира само внесување растителна храна?

Којзнае како Хитлер се метнал таков....здрав и прав...веган...

Ете мене ми е ок и добра порција мусли со млеко ама и добро парче јунешки крвав стек...dsc_0231-1.jpg

Кажи искрено, зарем не те возбудува ваква слика?:gladen
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Какво труење?! Чоекот немало постои ако не бркал и ловел животинки и риби и ако не собирал шумски и остали плодови. Како омнивор, чоекот си постои 200К години како засебен вид. Веганството постои колку? пола век...
Здрава исхрана подразбира само внесување растителна храна?

Којзнае како Хитлер се метнал таков....здрав и прав...веган...

Ете мене ми е ок и добра порција мусли со млеко ама и добро парче јунешки крвав стек...Отвори ја прикачената датотека 20673

Кажи искрено, зарем не те возбудува ваква слика?:gladen
Најголема глупост е тоа дека човекот немало да постои ако не јадел месо. Тогаш како сеуште постојат зајаците?
А кажи ти ти течат ли лиги кога гледаш теленце како си пасе на ливада, добиваш ли нагон да му скокнеш и да му ја одереш кожата со заби? те привлекува ли мирисот на живо месо?
А кажи ми што помислуваш кога ке видиш јагоди или цреши... малини на пример.
Тебе те привлекува мирисот на зачините во кои се маринира месото кои исто така се растителни. Ако не е така тогаш зошто не го јадеш живо?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ikac

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најголема глупост е тоа дека човекот немало да постои ако не јадел месо. Тогаш како сеуште постојат зајаците?
А кажи ти ти течат ли лиги кога гледаш теленце како си пасе на ливада, добиваш ли нагон да му скокнеш и да му ја одереш кожата со заби? те привлекува ли мирисот на живо месо?
А кажи ми што помислуваш кога ке видиш јагоди или цреши... малини на пример.
Тебе те привлекува мирисот на зачините во кои се маринира месото кои исто така се растителни. Ако не е така тогаш зошто не го јадеш живо?

Зајакот не може да јаде месо, неговиот дигестивен тракт не е еволуиран за тоа (Имаше еден бел зајак во Монти Пајтон кој јадеше луѓе ама тоа онака, како на филм :zelen) Човекот од друга страна е омнивор и како таков еволуирал со помош на лов на месо, риболов и собирање на плодови. Во палеолитот немало маркети за `здрава храна`, немало ни земјоделие па морал чоекот да лови и да собира. Ете не мора да ми веруваш мене, ама барем во гугл имај доверба, напиши хантер гадерерс и прочитај како чоекот откако се појавил како засебен вид опстанал и се развивал.

Живо месо имам јадено, со троа лимон и магданос свеж лосос или туна се феноменални :gladen а и на сликата погоре месото е скоро живо.
И велиш........месото нема вкус ако не е зачинот? Ами ако си ти веган/ка од каде знаеш каков вкус има пилешки батак печен на јаглен?!
Не се маринира месото (тоа е лежење на месото со маринада со саати па и денови, посебна кулинарска ствар е тоа) туку се посипува со зачини за да се потенцира вкусот...огладнев од објаснување :gladen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еве ако ништо друго, дали постои било каква традиција, митологија, легенди од стари времиња за постоење на веганство? Јадењето месо е присутно низ милениуми усмена и писмена човечка традиција а веганите се појавиле после ратот, откако Хитлер избегал во Аргентина...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Зајакот не може да јаде месо, неговиот дигестивен тракт не е еволуиран за тоа (Имаше еден бел зајак во Монти Пајтон кој јадеше луѓе ама тоа онака, како на филм :zelen) Човекот од друга страна е омнивор и како таков еволуирал со помош на лов на месо, риболов и собирање на плодови. Во палеолитот немало маркети за `здрава храна`, немало ни земјоделие па морал чоекот да лови и да собира. Ете не мора да ми веруваш мене, ама барем во гугл имај доверба, напиши хантер гадерерс и прочитај како чоекот откако се појавил како засебен вид опстанал и се развивал.

Живо месо имам јадено, со троа лимон и магданос свеж лосос или туна се феноменални :gladen а и на сликата погоре месото е скоро живо.
И велиш........месото нема вкус ако не е зачинот? Ами ако си ти веган/ка од каде знаеш каков вкус има пилешки батак печен на јаглен?!
Не се маринира месото (тоа е лежење на месото со маринада со саати па и денови, посебна кулинарска ствар е тоа) туку се посипува со зачини за да се потенцира вкусот...огладнев од објаснување :gladen
Е добро де, се посипува со зачини... ај јади го без зачини...
И тоа погоре живото месо што го спомна е зачинето, ај одземи му ги зачините и јади го.
Останатите месојадни животни не го зачинуваат месото, не го варат, пржат, печат. Вкусни ли се батаците живи?
Ама сакам друго да те прашам.
Кога си гладен што чувствуваш? Имаш ли тогаш енергија како лавот на пример. Тој кога е гладен оди да лови, инстинктот го тера. А ти кога си гладен немаш енергија, депресија те мава, те мрзи да готвиш и јадеш било што за да не ти крчи стомакот. Така ли се однесуваат животните?
Која е разликата помегу тебе и нив?
Зошто ти се пријадува од помислата на храна и кога не си вистински гладен? Зошто се прејадуваш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ikac

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Со вегетеријанци (ссо вегани па ич) никој не излегува на крај. Според нив не постои никаков аргумент што ги демантира и се` што ќе им кажеш контра е изведено од мејнстрим науката или потплатено од месната индустрија.