^ затоа што кога сите би биле вегетеријанци би имало доволно храна за сите. Или како што вие кои не сте вегетеријанци милувате да кажете- трева. Што е пак, сосема погрешно. Палетата на производи достапни за консумирање на вегетаријанците е неограничена. Рецептите кои вклучуваат комбинација на вегетаријански намирници исто така се (незамисливо) многубројни.
Штета што е балкански синдром секој ден за ручек на трпеза да има месо. (компир со месо, грав со месо, грашок/леќа/боранија/ориз/млечен производ/сарма/се со месо)
Се извинувам за екстремноста на сликата.
Ова е едно од најлошите нешта што можат да ви се случат како последица на консумирање месо. Не велам дека токму вас ќе ви се случи и дека последиците ќе бидат токму вакви, меѓутоа е случај низ светов. Плус, од неконсумирање месо не може да ви се случи нешто вака ужасно.
Ова како мал вовед во темава. И една препорака. Пожелно е кога отварате нови теми да дадете прво ваше мислење и да ја зачнете темата. Во спротивно, темата нема иднина, а уште помалку форумов. А као треба да имаме посебно мислење за вегетаријанците? Тие се посебна раса на луѓе, секта, некоја чудна определба или шо? После појаснувањето што се бара од посетителите на темава, радо би одговорила. Се извинувам ако звучам строго, гледам дека девојката која ја отворила темата и сама се изјаснува дека не консумира месо, ама ја молам нека појасни која е смислата на отворање на ваква тема?