Вегани

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Најчесто веганите се јеховини сведоци што ти проповедуваат марула салата.


Не сакам да судам од старт, но досега не сум сретнал еден веган кој ничим изазван не изиницирал муабет за хербиворство. Ти уште не си го испил кафе-латето, он почнал да крои теории на заговор за месната индустрија, како млекото што го пиеме во кафето има многу штетна улога во организмот.
Е, една интересна ствар вака мала дигресија, дали постојат вегани кои се пушачи? Никад у животот не ми текнало да прашам некој таков, па ако ве има тука, би било добро да ми одговорите.

И не, немам ништо против вашиот лајфстајл, тоа е ваш начин на живот, внесувајте што сакате во исхрана, но немојте да ми солите памет што и колку нездраво јас сум се гранел. Почитувајте ги основните природни права на секое живо битие како што цело време ги пласирате.
За пушењето... Јас бев пушач до пред една година, но и порано сакав да ги откажам, имав неколку неуспешни обиди.. Се зависи од причините кои што го навел ечовекот да стане веган. Ако е поради здравјето, тогаш најверојатно не е пушач.
Јас и @BioTrpe сме вегани и поради здравјето и поради љубовта кон животните и не сме вегани само според начинот на исхрана, туку според начинот на живот воопшто. Не сме пушачи, всушност немаме никакви пороци моментално, но понекогаш си дозволуваме да се напиеме малку алкохол или кафе. Не користиме козметика која содржи животински продукти, користиме само козметика која е природно создадена во домашни услови без некои тешки хемиски соединенија, алкохол, вештачки бои и парфеми и сл. Се трудиме да не купуваме обека од животинско потекло, но сеуште носиме некои парчиња од кожа или волна кои што сме ги купиле пред да се одлучиме на овој начин на живот, кога истите ке дотраат, сигурно нема повторно да купиме нови.
Бидејки сакаме да се грижиме за здравјето, се трудиме да се занимаваме со некоја физичка активност, зависи од времето и условите што го имаме. Освен месо, млеко и јајца, не конзумираме рафиниран шекер, рафинирани масла, конзервирана храна, пржена храна, вештачки зачини како вегета, храна со вештачки ароми, бои и конзерванси, не конзумираме житарици со глутен, не пиеме вештачки сокови, без разлика дали се газирани или не, не јадеме храна од сендвичари, бурегџилници, пекари... (освен ако во моментот тоа не е единствен извор на храна) итн итн.
Бидејки ги сакаме животните, ги прибираме сите болни животинки што ги наоѓаме на улица (за кучиња моментално немаме услови за жал) и ги лекуваме, ги носиме на ветеринар, ги прочистуваме и ги вдомуваме или пак повторно ги пуштаме надвор. Често ги храниме животните кои што скитаат гладни надвор...

Сето ова не е поради тренд или поради нешто што сме прочитале или слушнале, туку едноставно така не навел животот, постепено и спонтано, не за да се докажуваме пред други, но тоа не значи дека не сакаме да зборуваме за ова, напротив, јас сакам кога на луѓето им кажувам за мојот начин на живот, но тоаа никако не ме прави ,,јеховин сведок што проповеда марула салата'' .

Брат ми на пример е веган бидејки ги сака животните, не му е гајле за здравјето и пуши, буквално се труе со кафе, пие алкохол, не е физички активен...
Пстојат и вегани кои заради болест се хранат така, некои поради религија...
Секој човек си е посебна приказна за себе, сметам дека не треба да се генерализира.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@malo сѐ ќе беше убаво така доколку мнозинството вегани не напињаат со нивниот начин на исхрана. Океј, ти си веган јас не сум и готово. Можеш да ми кажеш зошто ти сметаш дека тебе ти е убаво и ќе биде сосема во ред, ама кога ќе настапиш со ставот дека другите се смотани затоа што јадат месо е тоа не е веќе искажување мислење туку напаѓање став. На напаѓање став се одговара со аргументи, а кога другата страна не е желна ни да сослуша за твоите аргументи тоа е глупав разговор без смисол.
Тоа ти е исто како јас да убедувам народњак дека е шупак затоа што не слуша тоа што јас слушам. Едно е да ти кажам „Еј знаеш, слушам Чик Кориа и ептен е јак, слушни го ако сакаш.“, а сосем друго да ти кажам „Пер, како може да слушаш народно? Само глупи луѓе слушаат народно.“

@Ditto+Maker и јас сум омнивор, ама ете има денови кога не ми се јаде ништо меснато. Јајца и онака слабо конзумирам. Ете јас уживам во такви денови да јадам спанаќ со ориз или пак ориз со грашок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Омнивор сум, како повеќето. Ми доаѓаат некогаш мисли кои ме тераат да пробам барем на еден ден да не конзумирам ништо што е од животинско потекло, ама се откажувам.
Па, имам неколку прашања:
Кое/и веганско/и јадење/а би ми го/и предложиле да го/и пробам?
Кое (веганско) јадење Ви е омилено?
И какво е Вашето искуство со тофуто, или други такви производи "кои по правило" не се вегански?
Чисто така, ме интересира.
- Незнам кое јадење да ти го предложам, сите вегански јадења се убави, но бидејки си љубител на месо, за почеток можеш да пробаш плескавици од леќа, кога ке имам време деновиве ке пишам рецепт. Истите можеш да ги комбинираш со компир, ориз, тестенини, салата.... со сшто сакаш или пак да си направиш вегански хамбургер.
- Мене најубаво веганско јадење салата од варени мешункасти подови во комбинација со свеж селенчук (спанаќ, црвени пиперки, маслинки, домати, кромид или праз, парчиња лимон, магданос, босилек и бибер) или шпагети од тиквички (го имам пишано рецептот во друга тема). Всушност кога ке размислам имам многу омилени јадења, сега ми текнува на сите овошни каши и разни десерти, ама ме мрзи да ги пишувам.
- Не јадам купечко тофу, го мразам и одамна немам јадено такво нешто, сама си правам сиренце од бадеми или сончоглед кое е 100% веганско и многу здраво, а и многу вкусно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сиренце од бадеми или сончоглед? Како се прави тоа чудо?
Многу лесно
Ставаш живи (непечени) семки од бадеми или сончоглед во вода. Ако се бадеми треба да одстојат околу 12 часа, а сончогледот еден час. Потоа се процедуваат и се фрла таа вода, бадемите треба да се излупат. Се мелат во блендер со малку вода и малку сол, може и сок од лимон ако сакате да е малку киселко, а може и да додадете и други зачини, јас сакам да си ставам букова сол понекогаш. Се става смесата во газа и се цеди така околу 2-3 дена за да почне да ферментира и потоа се јаде. За да го забрзате процесот можете да ставите некој пробиотик.
Може да се прави и без ферментација, само да се исцеди и да се јаде, но тогаш би требало да го посолите повеќе, ако сакате посличен вкус на сирење.
Инаку сирење може да се прави од секоја семка која се јаде, сум слушнала дека се прави и од сусам, од семе од сфион, од црно семе... јас само овие две сум ги пробала.
 

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
Омнивор сум, како повеќето. Ми доаѓаат некогаш мисли кои ме тераат да пробам барем на еден ден да не конзумирам ништо што е од животинско потекло, ама се откажувам.
Па, имам неколку прашања:
Кое/и веганско/и јадење/а би ми го/и предложиле да го/и пробам?
Кое (веганско) јадење Ви е омилено?
И какво е Вашето искуство со тофуто, или други такви производи "кои по правило" не се вегански?
Чисто така, ме интересира.
Ако имаш блендер можиш да пробаш веганска паштета или мајонез, здрав за разлика од купечки, полн со хемикалии ;) Ако сакаш рецепт ќе ти ги пишам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker and BioTrpe

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
- Незнам кое јадење да ти го предложам, сите вегански јадења се убави, но бидејки си љубител на месо, за почеток можеш да пробаш плескавици од леќа, кога ке имам време деновиве ке пишам рецепт. Истите можеш да ги комбинираш со компир, ориз, тестенини, салата.... со сшто сакаш или пак да си направиш вегански хамбургер.
- Мене најубаво веганско јадење салата од варени мешункасти подови во комбинација со свеж селенчук (спанаќ, црвени пиперки, маслинки, домати, кромид или праз, парчиња лимон, магданос, босилек и бибер) или шпагети од тиквички (го имам пишано рецептот во друга тема). Всушност кога ке размислам имам многу омилени јадења, сега ми текнува на сите овошни каши и разни десерти, ама ме мрзи да ги пишувам.
- Не јадам купечко тофу, го мразам и одамна немам јадено такво нешто, сама си правам сиренце од бадеми или сончоглед кое е 100% веганско и многу здраво, а и многу вкусно.
Еј, ме потсети на плескавиците од леќа. Имам јадено мислам два пати и тоа од црвена леќа. Убави беа, што е вистина- вистина е.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Еве ти и други болести, сигурно ке си препознаеш и сам некои, или некои комшии или роднини кои ги имаат. Или појди во болница и запишувај кој од што е болен.
Акни, Алергија, Анемија, Ангина, Воспаление на слепо црево, Артритис, Астма, Автоимуни болести, Артериосклероза, Броблеми со грбот, Мокрење во кревет, Пореметување во работата на цревата, Воспаление на зглобовите, Катаракта, Проблеми со холестерол, Синдром на хроничен замор, Заболување на периферните крвни садови, Пореметување на мислењето, Запаление на дебелото црево, Кронова болест, Срчана слабост, Констипација, Тромбоза, Дијабетес, Дијареа, Воспаление на уво, Дивертикулоза, Прерана сексуална зрелост, Заболување на жучната кеса, Камен во жучната кеса, Гастритис, Главоболка, Гувбење слух, Инфаркт, Хемороиди, Кила, Висок крвен притисок, Хормонски дисбаланс, Хипертензија, Хипогликемија, Напад на топлина, Пад на иминитет, Импотенција, Лошо варење на храната, Болки во цревата, Слабост на бурезите, Доцна менопауза, Лупус, Мигрена, Проблеми со менопаузата, Пореметување на расположението, Мултипле Склероза, Микседем, Гојазност, Остеоартритис, Остеопороза, Полипи, ПМС, Зголемување на простата, Реуматоидни артритис, Сенилна деменција, Сексуална дисфункција, Проблем со синусите, Заболување на кожата, Шлог, Инфекција на крајници, Чиреви, Заболување на крвните садови, Проширени вени.
Ракови: на бешика, на мозок, на гради, на дебело црево, на жучна кеса, тенко црево, бубрег, јетра, леукемија, плуќа, лимфома, уста, јајници, панкреас, простата, ректум, кожа, стомак, тестиси, тироиди, матка,
Ме потсети на клипов на Иван. Некаде пред 9та минута. :zelen
Не знам што ќе ви е веганство, кога тој сите овие болести ги лечи...
---
А, имаше брзо еден твит у стил: Баш ме интересира како зборат бе веганиве за храна. „Еј, што сум јадел една брокула прееска, стока се напраив.“ :D

Проповедите се најлошо нешто. Општо кога ќе почне некој да ми расправа како неговиот животен стил е најдобар и другите не го сфаќаат, си стварам слика за basic attention whore и научив да не ни регистрирам понатака за да си ги спасам нервите.
Мене многу ми пречи една другарка (вегетаријанец) кога ќе почне да ги прашува келнерите што ставаат во таа и таа храна, па дали може модификации за неа, па се расправа со нив што повеќе би одговарало во тоа јадење, па демек она подобро знае какво им било сирењето, па ја враќа храната сред гужва. Искрено, срам ме фаќа и ја прекорувам пошто ем многу лош впечаток остава, ем луѓево имаат уште муштерии што чекаат на нив. :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10153902260398643&id=90035328642
Ајде да го изгледаме видеово и да бидеме реални дека сето ова е платено од нас, нашиот ручек не пораснал на дрво туку дишел, чуствувал, се надевал а страдал и бил крвнички убиен. Не се обидувам да ве натерам да промените начин на исхрана, ваш живот, избор, само да се согласиме сите дека ниедно убиство не е хумано :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^Дали ако лав убие зебра не е убиство? Аман веќе бе луѓе, аман. Пораснете и сфатете дека природата е сурова и не цветаат розови ружи и не може сите да се галат.