Вегани

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Еве и да е така, да се стремиме во такво идеално општество како што викаш во болдот, да одиме кон таква еко структура на град со инфраструктура која не би била опасна за скитниците/не би произведувала скитници, дали сметаш дека човекот би бил комплетен, неговата алчност, пардон неговиот животински инстинкт нема да го натера да заграба повеќе?
Па еве вака праисториски time line веќе сме доживеале. Човекот живеел на некој начин во заедница која не загадувала толку колку во денешно време. Знаеш што го натерала неговата природа да направи, не? Тоа се вика еволуција. И не зборам за ептен назад кога бевме многу посродни со мајмуните. Доволно е неолитот да го истражиш малку па пак ќе ти стане јасно. И немој да ми кажеш дека во тоа не веруваш туку во некои теистички/креационистички идеи. Јер за тоа имаш материјални докази дека било така.
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Ги прочитав сите мислења и точно знам што,и зошто напишав.
Точно дека на лугето месојади мислев,не мислев на животните!
Ако си веган,биди си,немам против,но не би требало да се наметнува тоа.
Јас како индивидуа,ако сматрам или сакам да пробам или постанам веган,тогаш тоа и ќе го сторам и ќе видам дали ќе придолжам.
Можеби идејата,намерата ви е убава,но мислам дека не е коректно тоа да се форсира.
Ги читав порано постовите за веганство од мало,и крајно коректно се држеше до нејзините искуства и доживувања од таа област,но не беше нападна и не сакаше тоа со сила да го наметне.
Целта ми е да се запре крволочното убивање на невини животни, па вие поголеми ѕверови од тигарот, лавот,рисот итн испаднавте бе ...
Лавот убие еден бизон и го јадат цел чопор + мршојади или хиени пред мршојадите, притоа го уловиле она кое не можело да избега (а секогаш тоа се тие изнемоштените да го продолжат патот или болните), откако ке се најадат тие неколку дена па и недели не ловат.
Додека секојдневно од страна на човекот се убиваат милиони и милиони животни .. за да се прехрани човекот кој нема организам да ја поднесе и свари животинската храна, всушност и не е храна бидејки секој животински продукт што ке го лапнеш ке излезе како измет.
Не мораш да бидеш веган но не инвестирај во масовното убивање т.е. не купувај од маркети и продавници, купи си свиња исчувај си ја па јади ја на крај ако си толку зависен од месо, башка месото купено од маркет се туморите од свињите што мало ги спомна, она најгадното, само тие се пакувани во мали пакувања, а она "убавото" од свињата си оди како цел дел/
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Еве и да е така, да се стремиме во такво идеално општество како што викаш во болдот, да одиме кон таква еко структура на град со инфраструктура која не би била опасна за скитниците/не би произведувала скитници, дали сметаш дека човекот би бил комплетен, неговата алчност, пардон неговиот животински инстинкт нема да го натера да заграба повеќе?
Па еве вака праисториски time line веќе сме доживеале. Човекот живеел на некој начин во заедница која не загадувала толку колку во денешно време. Знаеш што го натерала неговата природа да направи, не? Тоа се вика еволуција. И не зборам за ептен назад кога бевме многу посродни со мајмуните. Доволно е неолитот да го истражиш малку па пак ќе ти стане јасно. И немој да ми кажеш дека во тоа не веруваш туку во некои теистички/креационистички идеи. Јер за тоа имаш материјални докази дека било така.
Не не е тоа еволуција, туку самиот си кажа .. тоа е човековата алчност и неговото его. Нагонот да граба и граба, да ги уништува послабите, само тој и никој друг, ако ова според тебе е еволуција, тогаш си промашил и тема и се ...
Неолит или било кое време ако ми кажуваш дека цртежите по пештерите или блок камен испишуван со хиероглифи укажува дека сме месојади, тогаш пак си ја утнал темата и се ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Целта ми е да се запре крволочното убивање на невини животни, па вие поголеми ѕверови од тигарот, лавот,рисот итн испаднавте бе ...
Лавот убие еден бизон и го јадат цел чопор + мршојади или хиени пред мршојадите, притоа го уловиле она кое не можело да избега (а секогаш тоа се тие изнемоштените да го продолжат патот или болните), откако ке се најадат тие неколку дена па и недели не ловат.
Додека секојдневно од страна на човекот се убиваат милиони и милиони животни .. за да се прехрани човекот кој нема организам да ја поднесе и свари животинската храна, всушност и не е храна бидејки секој животински продукт што ке го лапнеш ке излезе како измет.
Не мораш да бидеш веган но не инвестирај во масовното убивање т.е. не купувај од маркети и продавници, купи си свиња исчувај си ја па јади ја на крај ако си толку зависен од месо, башка месото купено од маркет се туморите од свињите што мало ги спомна, она најгадното, само тие се пакувани во мали пакувања, а она "убавото" од свињата си оди како цел дел/
Од почеток ја сватив твојата поента,и знам на што алудираш,но верувај дека многу мал број луге размислуваат како тебе!На голем број луге им е грев за животните што се убиват и колат,но сепак од софрата со печење не се делат!
Дали сакаш да ми кажеш ти кога се определи за веганството?Дали постана веган,откога те советуваа твоите родители,или тебе како индивидуа ти засмета убивањето на животни,и подоброто здравје,како што кажуваш или таков се роди?
Инаку од маркет никогаш не сум купил месо,тоа така и ќе остане.
 
Па си кажав јас дека и јас сум бил сештојад .. и тоа затоа што моите родители биле доволно глупи како и сите останати (ноо никако по нивна вина, бидејки така биле научени) како што и сега ги воспитуваат децата, уште во градинка.
Сосема друго би било кога уште од градинка се изучува веганството, но пак ке ти кажам со веганството големите коомпании ке немаат денар во својата касичка а со тоа и оние кои се на власт ке немаат од каде да крадат. Сето тоа е поврзано, друга страна поврзана е што животинската храна е нездрава,со болести и реклами имаш баш за тоа за да купиш - јадеш- се разболиш за потоа улога да земе фармацевстката индустрија .. сето ова се врти во круг цел наш живот.
Со веганството нема болни луѓе - нема пари во фармацевстската индустрија, нема јадење месо - нема пари во месната индустрија, нема пиење млеко, јајца, други млечни производи - нема пари во млечната индустрија, штом овие 3 како најголеми индустрии немаат пари тогаш и владата нема од каде да зима пари
па затоа веганството го нема никаде да се изучува, дури и се омаловажува и исмејува како што го прават тоа одредени членови на форумов.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не само што се омаловажува и исмејува, туку и се забранува. На лекар не смееш да спомнеш дека детето ти е вегетаријанец, а не па веган, најверојатно уште во истиот момент ке ти викнат социјални служби за да ти ги земат децата. Во училиште морав да лажам дека детето е алергично и затоа не смее да јаде животинско, а кога син ми на учителката и зборувал дека месото и млекото не се здрави и дека не треба да бидат во пирамидата на исхрана, доби укор и ме викаа во училиште на разговор, па тогаш почнаа лагите за алергиите, за да не се створат поголеми проблеми. Во градинка немаш избор, едно мени има, а нема ни можност сам да си носиш храна...веганството од сите страни се забранува, веганите трпат навреди, разни негативни коментари и им се лепат епитети уште од дома во семејството, па понатака се до институциите како здравството и образованието кои на некој заканувачки начин се обидуваат да те отргнат од идеата да си веган. После се чудите на агресивниот пристап и ке кажувате дека секој има право на избор, ама ете според повекето сештојади, веганството е злосторство, а не право на избор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
По што се разликуваме од животните па се делите толку од нив?
Штом имаат уши да слушаат, нос да мирисаат, очи да гледаат, јазик да вкусуваат, кожа да осеќаат, мозок да размислуваат тогаш не гледам по што се разликуваме од нив.
И тие исто така соосеќаат како нас, исто така знаат за љубов, си играат, се дружат, комуницираат меѓусебно, а тоа што велите дека во коефициентот на интелигенција се разликуваме .. па и кај нас луѓето постојат разлики во интелигенцијата, па ги нарекувате ли и нив животни? Ги игнорирате, или ги јадете ли за бадник?
---> Следува видео со вознеирувачка содржина за оние кои се делат <---
 
Angel-Alessandra99

Староседелец
2 јули 2015
46
44
628
25
Во светот на модата
@BioTrpe ако си веган,биди си веган,никој не ти брани. Твој избор си е како ќе се храниш. Ама не навредувај и не наметнувај. Во темата која е за рецепти за сирова веганска исхрана спомена дека ние сме болни и уште не знам што и дека се покриваме со пудри за да изгледаме помлади. Епа јас ниту сум веган,ниту сум вегетаријанец,а имам чисто лице. Пудра не ставам воопшто. Ги читам и постовите на @malo и нејзините не се наметливи и навредливи за разлика од твоите. Инаку, @malo пред некое време на ТВ гледав една жена која штотуку станала мајка,а истата таа била вегетаријанец. И на докторката и’ објаснила дека таа е вегетаријанец и ја прашала дали може детето да го храни вегетаријански. И докторкава и вика барем до 10 година да му дава се’ за да изгради мускулна маса,а потоа може како сака да го храни.