Вегани

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
E κај да ве најдам κога сите Сκопјани на једно место сте се збρали :D ја ваκа од подалечκу.. : (
А баш саκам да ρазговаρам со неκој веган за ова а сеа ме мρзи да пишам детали и да се пρаам неκој κомандиρ па да ρаспρашувам..
@existence зошто толκу осудуваш? Не велам не фалбаџии се ама не е па тоа и нешто од што би тρебало да се сρамат. . Сеκаде κажуваат тоа е нивно пρаво не моρаш да плуκаш по нив и аκо ти смета не ги слушај..
Виκаш немам ништо пρотив нив а се сκапа ρугање...
E κај да ве најдам κога сите Сκопјани на једно место сте се збρали :D ја ваκа од подалечκу.. : (
А баш саκам да ρазговаρам со неκој веган за ова а сеа ме мρзи да пишам детали и да се пρаам неκој κомандиρ па да ρаспρашувам..
@existence зошто толκу осудуваш? Не велам не фалбаџии се ама не е па тоа и нешто од што би тρебало да се сρамат. . Сеκаде κажуваат тоа е нивно пρаво не моρаш да плуκаш по нив и аκо ти смета не ги слушај..
Виκаш немам ништо пρотив нив а се сκапа ρугање...
Еве јас, @malo , @Holla ke те примиме на разговор :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Уште немаш сретнато веган, стрпи се.
Можеби си во пρаво. Што знам κаκов впечатоκ κе остави веганот на мене. А многу саκам да сρетнам веган...

Јас сретнав пред 2 години, веган. Девојка на тогаш, некои 20 години, која после првото испиено кафе ми кажа дека е веган, ми објасни кој идиот сум што јадам месо. Ми ги кажуваше предностите, од кои болести ќе се заштитам, бла, бла, бла.
Од ко ми ја поду главата со глупости кои не сакам да ги знам(ако сакам да ги знам ќе прочитам литература) често ја гледам во сендвичарата што ми е преку улица. Јаде хамбургер најчесто. Хмммм :)
Е затоа ги мразам муабетиве за вегани.... пола од тие што се декларираат само сонуваат да бидат - као демек, ако сум веган, Господ за муда го фатив.

Ама вистинсκи веган :D
А за ваκов случај.. ме изначуди.
Κолκу е глупо да се пρајш со сила будала. Леле бош луѓе.
Виκа деκа е веган дели совети бла бла хамбуρгеρи мсκа а? Најјаκа типκа е таа. :giggle
Е на таκвите в гρади што се маваат деκа се ,,вегани,, тρеба таκа κоа κе ги видиш со хамбуρгеρче или пилешκо в чинија в суρат да им го залепиш..
Мислам деκа заρади таκви се стваρа лоша слиκа за веганите и де плуκаат. .
Пишам лично мислење вρз основа на вашите а κога κе запознаам веган обавезно κе ви κажам κаκво мислење имам. Мада знам не ве интеρесиρа :D

Еве јас, @malo , @Holla ke те примиме на разговор :p
Падна договоρ :D
 
Последна промена од модератор:

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Можеби сум наивен, можеби глупав, али цел живот сум сметал дека вегетаријанците се раѓаат такви или се така воспитани од страна на нивното семејство. Еее, тоа беше така се додека еден другар буквално преку ноќ реши да стане вегетаријанец. Сите бевме онака со подзинати усти, детето јадеше хамбургери, мелеше месо, како одеднаш се разбудил, станал и решил да не јаде месо? Не знам сеа што точно јадеше, ама знам дека месо почна никако да не јаде. Детето се претвори во сосем друга личност. Почна да има проблеми со здравјето а неговите мислеа дека е до тоа што не јаде месо. Некако беше како жив мртовец, онака порано беше доста енергичен, сега некако без енергија, многу потивок и доста се затвори во себе. Се дружеше со нас комуницираше ама едноставно не беше како порано. Сеа престанавме да се дружиме, различни факултети, секој на своја страна, го неам видено една година можеби и повеќе, ама знам дека тогаш мислевме дека се претвори во друга личност заради тоа што не јадеше месо. Стана како вампир, цел блед, многу ослабна, мислиш да го турниш со показалецот ќе се испружи пред тебе. Сега кога подобро ќе размислам, можно е детето да си имало и некои други проблеми ама у тој момент, тоа ни беше единственото логично објаснување.
 

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
Јас лично немам многу против вегани, но имам многу многу против нивните проповедања. Мене ич не ми чуе кој што јадел и како јадел сѐ додека не почне да ми кажува што треба да јадам. Друго нешто е што со веган не се излегува на крај, секогаш се они у право и твоите аргументи се невалидни затоа што они прочитале дека некој си Др. Ојле Дојлевски од Северна Каролина направил истражување за кое нема ни податоци дека се случило и докажал дека они се во право. Веганството е патот кон бесмртноста.
Секоја чест на исклучоци.
Ако не сакаш да слушаш аргументи на вегани, за на крај тие да бидат во право, избегнувај да влезиш во конфликт со нив. И неможиш да осудуваш дека ако 10вегани што ги знаеш во твојот живот ти "солат памет" мора и сите останати да се проповедници.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
:rofl
Малκу помалиот бρат неш ме испρашува, пρашањата за κолоκвиум стоκи ова она и дојдовме до оваа дефиниција. Бρат ми виκа што е вегетаρијанец и јас уште не одговоρено најмалиот виκа:
- ја да κажам.
Виκам де ај κажи (и чеκам сеа неш κолκу толκу паметно да κаже) и мρтов ладен виκа
-κаκо не знајш бе, човеκ што ја пρави вегетата
:rofl:rofl:rofl:rofl
Од сρце ме изнасмеа сρцκава и уште ни виκа што бе не погодив??
А стваρно што е вегетаρијанец.
Поголемиот: човеκ што паси тρева.. месо што не јаде
Д фаκ :rofl:rofl:rofl
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако не сакаш да слушаш аргументи на вегани, за на крај тие да бидат во право, избегнувај да влезиш во конфликт со нив. И неможиш да осудуваш дека ако 10вегани што ги знаеш во твојот живот ти "солат памет" мора и сите останати да се проповедници.
Претежно се проповедници. Не е само мој впечаток тоа, такви се. Не викам дека нема исклучоци кои не се замараат со тоа што друг јадел, ама тоа се многу ретки случаи.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Најчесто веганите се јеховини сведоци што ти проповедуваат марула салата.


Не сакам да судам од старт, но досега не сум сретнал еден веган кој ничим изазван не изиницирал муабет за хербиворство. Ти уште не си го испил кафе-латето, он почнал да крои теории на заговор за месната индустрија, како млекото што го пиеме во кафето има многу штетна улога во организмот.
Е, една интересна ствар вака мала дигресија, дали постојат вегани кои се пушачи? Никад у животот не ми текнало да прашам некој таков, па ако ве има тука, би било добро да ми одговорите.

И не, немам ништо против вашиот лајфстајл, тоа е ваш начин на живот, внесувајте што сакате во исхрана, но немојте да ми солите памет што и колку нездраво јас сум се гранел. Почитувајте ги основните природни права на секое живо битие како што цело време ги пласирате.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@existence не се фалат само веганите, сите се фалат, ама бидејки во денешно време веганството зема замав, стана нешто како тренд и повпечатливо е од другите нешта. Секој сака да си се представи себе си онака како што тој замислува дека е најдобро, не само веганите. Велиш дека веган ке препознаеш така што тој сам ке ти каже, а како ке познаеш металец? Не мора ни да ти каже, на маицата му пишува, му се гледа по целиот изглед... Како ке познаеш дека некој чита книги (денес посебно е во тренд да се читаат книги на други јазици)? Не мора да ти каже, веднаш ке приметиш по разговорот, бидејки користи фрази од истите, а ако е од оние што читаат странски книги, фразите ги кажува на јазикот на кој ги читал. Како ке препознаеш вмро-вец? Како ке препознаеш некој што константно уплаќа на спортска?
итн.
Нормално е и да се убедуваме малку меѓу себе. Кога ти ке слушнеш добра музика, зарем не им ја нудиш и на другите да ја слушнат, зарем не филозофираш зошто таа музика е добра и зошто ти се допаѓа? Не мора само за музика де е, нека биде филм, нека биде книга, политичка партија, фудбалски тим, марка на патики, храна, начин на живот... Кога некој ке проба нешто за кое што смета дека е добро, нормално е дека ке сака да го сподели.

Не викам дека нема досадни луѓе и јас можеби сум досадна на форумот (верувам дека во живо не сум, бидејки до сега лично никого не сум осудувала или убедувала, ама и во моја околина скоро сите се вегани или вегетаријанци), Но на форум е друго, секако дека нема да отворам тема за фудбал кога не гледам фудбал или секако дека нема да коментирам на теми за нешта кои не ги познавам и не ме интересираат, затоа не е во ред секогаш да се упропастуваат темите за веганство и да се пишуваат постови со подсмев и сл. Во ред е и да си го кажете мислењето, ама вие тоа го правите буквално на секоја ваква тема и ние веганите не можеме да си споделуваме искуства.

Како би изгледало ако сега јас на темите за фудбал на секој втор пост ви пишувам дека вие што гледате и сакате фудбал сте глупи бидејки тој спорт е глупав и дека сте досадни со тоа светско првенство и дека ми е преку глава од мажи што само за фудбал зборат и се коцкаат по кладилници.
И постирам мислења од типот - Како да препознаеш фан на Реал Мадрид? - Носи нивни дрес, на фб пишува статуси поврзани со тимот, навива за нив... и други слични глупости.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Омнивор сум, како повеќето. Ми доаѓаат некогаш мисли кои ме тераат да пробам барем на еден ден да не конзумирам ништо што е од животинско потекло, ама се откажувам.
Па, имам неколку прашања:
Кое/и веганско/и јадење/а би ми го/и предложиле да го/и пробам?
Кое (веганско) јадење Ви е омилено?
И какво е Вашето искуство со тофуто, или други такви производи "кои по правило" не се вегански?
Чисто така, ме интересира.