За пушењето... Јас бев пушач до пред една година, но и порано сакав да ги откажам, имав неколку неуспешни обиди.. Се зависи од причините кои што го навел ечовекот да стане веган. Ако е поради здравјето, тогаш најверојатно не е пушач.Најчесто веганите се јеховини сведоци што ти проповедуваат марула салата.
Не сакам да судам од старт, но досега не сум сретнал еден веган кој ничим изазван не изиницирал муабет за хербиворство. Ти уште не си го испил кафе-латето, он почнал да крои теории на заговор за месната индустрија, како млекото што го пиеме во кафето има многу штетна улога во организмот.
Е, една интересна ствар вака мала дигресија, дали постојат вегани кои се пушачи? Никад у животот не ми текнало да прашам некој таков, па ако ве има тука, би било добро да ми одговорите.
И не, немам ништо против вашиот лајфстајл, тоа е ваш начин на живот, внесувајте што сакате во исхрана, но немојте да ми солите памет што и колку нездраво јас сум се гранел. Почитувајте ги основните природни права на секое живо битие како што цело време ги пласирате.
Јас и @BioTrpe сме вегани и поради здравјето и поради љубовта кон животните и не сме вегани само според начинот на исхрана, туку според начинот на живот воопшто. Не сме пушачи, всушност немаме никакви пороци моментално, но понекогаш си дозволуваме да се напиеме малку алкохол или кафе. Не користиме козметика која содржи животински продукти, користиме само козметика која е природно создадена во домашни услови без некои тешки хемиски соединенија, алкохол, вештачки бои и парфеми и сл. Се трудиме да не купуваме обека од животинско потекло, но сеуште носиме некои парчиња од кожа или волна кои што сме ги купиле пред да се одлучиме на овој начин на живот, кога истите ке дотраат, сигурно нема повторно да купиме нови.
Бидејки сакаме да се грижиме за здравјето, се трудиме да се занимаваме со некоја физичка активност, зависи од времето и условите што го имаме. Освен месо, млеко и јајца, не конзумираме рафиниран шекер, рафинирани масла, конзервирана храна, пржена храна, вештачки зачини како вегета, храна со вештачки ароми, бои и конзерванси, не конзумираме житарици со глутен, не пиеме вештачки сокови, без разлика дали се газирани или не, не јадеме храна од сендвичари, бурегџилници, пекари... (освен ако во моментот тоа не е единствен извор на храна) итн итн.
Бидејки ги сакаме животните, ги прибираме сите болни животинки што ги наоѓаме на улица (за кучиња моментално немаме услови за жал) и ги лекуваме, ги носиме на ветеринар, ги прочистуваме и ги вдомуваме или пак повторно ги пуштаме надвор. Често ги храниме животните кои што скитаат гладни надвор...
Сето ова не е поради тренд или поради нешто што сме прочитале или слушнале, туку едноставно така не навел животот, постепено и спонтано, не за да се докажуваме пред други, но тоа не значи дека не сакаме да зборуваме за ова, напротив, јас сакам кога на луѓето им кажувам за мојот начин на живот, но тоаа никако не ме прави ,,јеховин сведок што проповеда марула салата'' .
Брат ми на пример е веган бидејки ги сака животните, не му е гајле за здравјето и пуши, буквално се труе со кафе, пие алкохол, не е физички активен...
Пстојат и вегани кои заради болест се хранат така, некои поради религија...
Секој човек си е посебна приказна за себе, сметам дека не треба да се генерализира.