Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
и Јас имам куче !
се вика Роки Балбоа , а расата му е пинч
негова карактеристика е тоа што секој човек што влегол кај мене дома, гризнат е од Роки (тоа го прави само еднашка за да му докаже на "тугинецот" дека он е газда во куќата)
болката не е голема - спомените остануваат подолго
Не заборавајте - домашните миленичиња не ги бираат својте сопственици, Ние ги бираме нив ... затоа дајте им ја максималната љубов од вас !
Значи,имам еден мачор стар 2,5 год,се вика Денко(како Денко немиенко)Го најдов,всушност тој ме најде мене пред порта.Едвај го здогледав,од што беше мало за малку ќе го згазнев
Понекогаш пее и мачешка Ариа
Омилено место му е покрај прозорецот-инаку е тежок воајер на комшиски мачки
Mojaта свиња кај баба и дедо во село....ЈА ОБОЖАВАМ
Јас имам далматинка...Бела...Едно прекрасно суштество без кое неможам да си го замислам животот...Ја сакам премногу....
Беше девето кученце,најмало најситно со најмалку дамки две различни очиња ....Но кога ја видов нејзината фацичка знаев дека тоа е тоа што го барам..и ден денес кога ке и ја видам фацата се насмевнувам ...Ја чувам околу една година и кога дојдоа луѓето од каде што ја земав не ја препознаа...Порасната е и разубавена...Но каква и да е...За мене е најубавото куче на светов