Вашите домашни миленици

Just Smile

Нов член
20 јануари 2019
24
22
3
Имам мачка, Тео. Сакам и куче ама во стан живеам, а куче и стан не ми оди баш.
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Имам две кучиња . Шарпланинецот Бруно и Турскиот кангал Роки . Имав и уште еден Кангал Бела , која за жал настрада од волци . Поради нивната големина и пргавост , ги чуваме во викендица на Шар Планина , грижата за нив е секако обврска - вакцини , чип , чешлање и бањање , прошетка , редовно хранење и менување на вода .. Покрај тоа , имаме плус обврска . Поради природата каде што е сместена викендичката , секогаш ги прегледуваме со маж ми , да не имаат сериозни повреди од волци и друг дивеч . Не така одамна , Кангалот беше повреден од дива свиња , а минатата зима женката ја задавија волци . Обврската е голема , дури и маж ми сакаше да ги даде еден период , ама јас го разубедив :D . Како да го дадам мојот меланхоличен Брунчо , или манекенката Роки :D . Па кога ќе те погледнат со тие очи се топиш :sreken . А и жал ми е да ги дадам , од бебиња се со нас . Како ми растеа децава , така и кучињава :) . А и децава мои ги сакаат многу и им се радуваат . Плус , заштитени сме како бели мечки во планинана горе :D .