Рум,кај девојка ми на роденден,со другарче,слушајќи метал со пиратски теми и локајќи без осет. Земавме онакви средни шишенца,пола литро,моето го испив,другарчево се откажа,го допив и неговото,па на крај допивав од сите останати,језда беа мешани со кока кола,и кога станав... си седнав пак. После некое време толку ме удри у глава,што се ролав по земја,спиев и повраќав на секои 15 минути и незнаев како си дојдов дома. Најлошото беше што за трезнење ме остаија со еден другар шо осет нема,наместо да ме стисне малку по стомак он ме згмечи толку силно што добро е што јетрата у стомак ми остана. Храбар дека ќе седнам бар малку на пц и ќе успеам да разгледам нешто,дојдов до компјутерот,длабоко аналитички го загледав,сфатив дека не можам ни да гледам добро,го изгасив и си легнав. По навика до кревет мора да имам сок,а ко за беља имав Кока Кола,па уште толку се истурив од повраќање. Наредниот ден главата не си ја осеќав од болка,а желудникот ми се превртуваше толку многу што цел ден само вода пиев. А,и битно сите ги убедив дека девојка ми ќе ја земам за жена,језда претходно ја отерав у пизду матер пошто пробуеше да ми се качи на ушка додека бев у стадиум на еволуција.
Тие не ги памтам ми ги кажуваа, сум порачувал и кока кола, швепс што ти не (не памтам ништо од тоа) знам после 3-4 часа некаде малку ми дојде свеста, од соковите сум се отрзнал најверојатно, погледнувам во новчаникот уште 200 денари и ставам на страна 100 денари за такси, се качувам во таксито доаѓам пред портата ме оставува, кога ќе видам отишле парите, немам ни за таксито
И тие отишле, срашна работа целиот посрамотен, не ми бараше таксистот дека виде целиот сум заникаде, ама после 2-3 дена го најдов во град и му дадов дупло како извинување. Страшна работа да се изгубиш и да не знаеш што правиш од тогаш почнав да го намалувам алкохолот и ете веќе 3 години не сум ни пробал, а не ни помислувам да пијам, а камо ли да се опијам.

И така, незнам како ме отрезнија, дојде татко ми да не земе мене и другарка ми, у кола сум се пресоблакала да и ја даам на другарка ми маицата пошо нејзина била, ко да немало друг ден