Вашето незаборавно пијанство

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Купивме кило коњак, 4ца другари, онака да се провеселиме....
Времето жешко, коњакот топол, дома кај мене немаше мраз... а врв на сето беа некои грди чоколадизирани чајни колачи што го зголемија напонот во стомакот...
Ајде, турам јас на сите по една чашка, наздравуваме „з`арно - з`убо“ и ја накреваме...:kafe
После првата чаша двајцата „приучени“ пијаници откажаа и си останавме само јас и моето верно другарче...
Испивме по пола кило одвратен топол коњак, изедовме цела кутија грди чајни колачи и станавме да одиме некаде... во непознат правец...
Е, коњакот си го направи своето тогаш. Тоа не може да се прераскаже вака без жива илустрација како изгледаше моето миење на чашите од коњакот, како другар ми се фрли по скали „да плива“, како се акнав во касата од вратата и не знаев за што да се фатам да не паднам...:svirka
Така оќоравени стигнавме до најблиското паркче кај што скроз изгубивме ориентација. ЈБГ.... кревам телефонот и ѕвонам во такси и од таму слушам:„ го добивте бројот на управата за јавни прихо....“ уупс... (worried) згрешка...
Вртам пак, ама не ми се познати бројките.
Срам - не срам...завртив на последниот позив пред „управата“ - ТАТО!
Дојде, не зеде со колата, смрштен ме гледаше на ратровизор а јас тонев в седиште од срам... Откако го остави другарот мој дома, ме отпеа така одмерено и учтиво што си запамтив за цел живот!
Од тоа тогаш сум нов.. многу поозбилен и повоздржан... барем во однос на пиењето(think)

п.с. Другарот мој ми вика „ЧЕ УМРАААМ“..а јас сакам да го утешам и му викам „че биди, брат!“(pivo)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
А, така, ова барав.
Цела недела го јадам реметот, редно е и вака во пишана форма да си го доловам себеси, дури не станало заборавно.
Абе, јас сум од мирнине деца што го мразат терминот начукување и пропратните идиоштини, но во животов ми се десило и троа да се поднапијам, иако ми требаат поголеми количини за да дојде до тоа...ако бараме светла точка.
Ама! Не знам тој ден што ми стана(ло), од еден, единствен коктел, јас љетив на кров со сопругата. И така, лека, полека, си се преработи пијачката и дојде време да го напушти организмот. Стани-седни, стани-седни...„Абе, да ти помогнам?“...Не бе, што ти е, песоков се лизга.
Конечно станав и си појдов накај барот. Барот - празен. Терај даље.
Одам понатака...подзастанувам кај шанкот од што ми се мати...кад сунце је огријало, супер, девојчево ќе го прашам кај е тоалетот.
Застанувам, гледам и чекам некоја секунда да ме праша што ми треба.
И тогаш сфаќам дека тоа сум уствари јас во она огледалоно зад рафтови што стои. :frantic
Што сум па јас крива што рафтовите им се празни. :D
Среќа наиде вистинската шанкерка, па ме посочи до земјата на чудата. На излегување, се загледав во огледало и ми текна дека патуваме дента и дека ќе ме удара сонце преку стакло во изгореното рамо...Тап, превенција - скинав неколку парчиња тоалетна, ги натопив и си ги шљакнав на рамо. (facepalm)
Fucking genius. Е, не.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
последно и најдобро незаборавно пијанство ми беше на Пролетниот Виноскоп во Скопје....таа вечер многу измешав вино и си бев "позитивно" расположена :zelen со друштвото супер си поминавме, што е тоа битно, како и со многу вино...се чудев како памтев таа вечер, обично не памтиш....многу :giggle вооедно и ќе го напоменам моето клатење до кола, па до дома, па се до креветот...:rofl