Дете на Уран
Вие сте родени поинакви од другите. Има многу луѓе кои избираат да бидат поинакви. Тие уживаат да одат против сите правила и да ги предизвикуваат другите. Но сепак кога нивната борба против авторитетите ќе заврши, тие се потчинуваат на востановените норми и дури и се залагаат за нив. Но вие, никогаш и не сте се чувствувале дека припаѓате во востановените шеми. Вероватно имало многу вознемирувачки настани во вашето рано детство. Можеби вашето семејство се селело многу често или пак имало времиња кога едниот родител или и двата морале да бидат подалеку од вас на одреден период. Или пак сте стапиле на сцената прерано или предоцна како би уживале во сигурноста и удобноста на стабилно опкружување. Постои несинхронизираност во градењето на вашата психа. Постои некој постојан немир во вас кој ве прави несигурни дали треба да останете или да си одите. Саканите можеби ви се лутат и ве обвинуваат дека вие не знаете што навистина сакате. Пријателите вероватено се шалат со вас заради вашата склоност постојано да ја “матите водата”. Но, она што вас ве покренува не е вашето незадоволство колку што е некое внатрешно чувство дека “тоа не е баш тоа.” Според вас мора да има нешто повеќе од она што во моментов го гледате. Неможете ништо против чувството дека вие само се врткате во подножјето а неможете да ја видете планината.