
Вашиот живот е голема авантура. Никогаш незнаете што се крие зад следната ограда. Најнеобични работи едноставно се случуваат. Затоа едвам чекате да видите какви можности ќе донесе следниот ден. Но како дете на Јупитер, вие знаете дека работата крие невидени можности. Во вашата природа е да сонувате невозможни сништа. Каде ќе беше човештвото ако секој ги прифаќаше своите ограничувања и се движеше само во рамките на познатото и сигурното? Тогаш ќе немаше врвна уметност, големи пронајдоци и откритија. Децата на Јупитер се тие на кои треба да им бидеме благодарни за проширувањето на нашите физички и метафизички хоризонити. Вашата неуморна потрага по зелени полиња им го збогатува животот на сите.

