Бугарски пасош - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Добро де патриоти .. не знам како си го дефинирате патриотизмот , но за мене поголем патриот е тој што е во странство и од таму вложува во државата , отколку оној кој седи во канцеларија во МК и ги ужива парите од народот ... Сакам да кажам според мене бугарскиот пасош не те прави помалку патриот ... И да ако не сум кажала веќе ИМАМ бугарски пасош и си ја сакам Македонија повеќе од некои кои НЕМААТ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ice_Man and Filip_Ku

red dragon

Староседелец
27 март 2013
140
129
643
35
Што се замарате сите кој како му одговара така си прави у животот. Да е убаво и сјајно у МК немало е да са се иселиле повише од 230 000 народ, а околу 250 000 имат блгарско гражданство = бг паспорт (а голема е и бројката на народ што е у процедура за бг пасош). Поголем дел га вадат за работа у Европска држава и достојна плата, а други за да возат поефтина кола и ефтина регистрација и зелен картон.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Што се замарате сите кој како му одговара така си прави у животот. Да е убаво и сјајно у МК немало е да са се иселиле повише од 230 000 народ, а околу 250 000 имат блгарско гражданство = бг паспорт (а голема е и бројката на народ што е у процедура за бг пасош). Поголем дел га вадат за работа у Европска држава и достојна плата, а други за да возат поефтина кола и ефтина регистрација и зелен картон.

Во право си секој си прави како што му одговара во животот. Има преголем број на Македонци со Бугарски пасоши и сите сме свесни за тоа под сите мислам и на Бугарите пошто и тие знаат многу добро дека Македонците не се Бугари.
Но работата е во тоа што Бугарија се лути што Македонија нема почит спрема неа, затоа и го прави сето ова што го прави т.е лесно дава државјанства на Македонци (само Македонци), а со тоа на некој начин си обезнедува докази дека наводно Македонците се Бугари (не дека и требаат таа со нејзините не може да излезе на крај не па и други) бидејќи за да се земе еден бугарски пасош во документите треба да стои дека имате потекло од Бугарин т.е дека родителите, нивните родители биле Бугари во спротива не даваат (за брат ми кога поднесувавме моравме да пишеме дека татко ми е Бугарин за да може да земе државјанство иако тој е Бугарин по мајка ми), во кратки црти провоцираат, а Македонце ко Македонце место да испадне попаметно тоа само ја продолжува провокацијата. Нормално сето ова не го прави народот, а политиката и медиумите политиката наредува, медиумите презентираат, а ние будали веруваме. И тука и таму исто е!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: red dragon

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ако Македонија не се грижи за своите граѓани и да направи услови да живеат нормално, тогаш народот мора да најде начин како да преживее, па дали со бугарски, или американски пасош, исто е. Само во случајов Бугарија има далекугледна политика и дава олеснување за вадење на пасош на македонците, како и за нострификација на дипломите. Не ни се криви Бугарите, ниту Македонците што вадат пасош, криви ни се сите кои ја водат политиката 22 години и не донесоа на ова дереџе на кое што сме денес, а тие си имаат пари за наредни 10 генерации од својата лоза. Народот нема многу избор освен на избори, каде е под колективна хипноза, неук, и дезорјентиран.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Мене навистина смешни ми се оние кои се противат на вадењето парче хартија која ќе обезбеди подобар живот или моментално решавање на проблемите.
Патриот на хартија? Државјанство не се стекнува со хартија,тоа последниве 100 години ако се случва незначи дека е природен закон. Еден човек припадник на една нација како што иам и претходно кажано,го праив - јазик - култура - обичаи.
Сигурно ако извади некој пасош од некоја афричка земја, не станал автоматски ЦРНЕЦ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeska

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Нормално дека НЕ , таа да речеме отворена врата до негде што им се нуди со бугарскиот пасош еден ден ќе им ја извадат на нос.
Така налага денешното време и борбата за егзистенција , никој не го интересираат последиците во иднина ,а сите навалиле за тие Бугарски пасоши , кој знае утре што ќе се случи , лично јас од мноогу причини никогаш не би сакал да имам Бугарски пасош ! :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Ја сум за не,со труд може да се успее,да се заработи добра пара во нашава македонија
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Зашто бе толку омраза спрема Бугарите? Зашто ете спрема Србите ја немате истата омраза?
И кога ги спомнав веќе Србите доколку ситуацијата беше обратна т.е место Бугарија Србија да беше во европската унија и да даваше туку така пасоши на Македонците, сите вие што викате дека никогаш не би извадиле би ваделе ли тогаш пасоши???
Еве јас имам Бугарски пасош цел живот па ниту ми го извадиле преку нос ниту ќе ми го извадат. Ете на Бугарскиот пасош гледам како на последна надеж ако во случај не можам никако да успеам да застанам на нозе во земјата каде што израснав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Зашто бе толку омраза спрема Бугарите? Зашто ете спрема Србите ја немате истата омраза?
И кога ги спомнав веќе Србите доколку ситуацијата беше обратна т.е место Бугарија Србија да беше во европската унија и да даваше туку така пасоши на Македонците, сите вие што викате дека никогаш не би извадиле би ваделе ли тогаш пасоши???
Еве јас имам Бугарски пасош цел живот па ниту ми го извадиле преку нос ниту ќе ми го извадат. Ете на Бугарскиот пасош гледам како на последна надеж ако во случај не можам никако да успеам да застанам на нозе во земјата каде што израснав.
Ај да не кажам нешто може ке добијам опомена или пауза
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ај да не кажам нешто може ке добијам опомена или пауза
А зашто тогаш коментираш или кажувај или воопшто не се јавувај. И не се секирај за опомени еве ја замолувам администрацијата доколку мислат дека заслужуваш опомена за тоа мислење мене да ми ја пишат оти сум те поттикнала.