Бремена пред бракот - во минатото и сега?

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Се согласувам со тебе, само што јас место абортус би решила да го родам тоа дете и сама да си го гледам. И дури би му рекла фала. :)

Зошто сама да го гледаш ? Ако ме го сака човекот и мене ако не ме сака нема да го родам. Знаеш колку е тешко сама ? Имам другарка што така сама го гледа, мажот и исто како мртов да е, а жив и здрав е. До сега бев со неа, кога си бегав јас плачев за неа. Не не сама дете да гледам нема шанси. (star)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Зошто сама да го гледаш ? Ако ме го сака човекот и мене ако не ме сака нема да го родам. Знаеш колку е тешко сама ? Имам другарка што така сама го гледа, мажот и исто како мртов да е, а жив и здрав е. До сега бев со неа, кога си бегав јас плачев за неа. Не не сама дете да гледам нема шанси. (star)
Е тоа веќе зависи и од карактерот. Јас пример мислам дека повеќе би можела да се снајдам како самохран родител. Не знам едноставно не ми е доволно силна причина да не го родам детето само затоа што некое лигле не го сака. Затоа и реков дека би му рекла фала, што би ми подарил едно мало слатко суштество и што не би бил со мене да ме нервира :)
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Е тоа веќе зависи и од карактерот. Јас пример мислам дека повеќе би можела да се снајдам како самохран родител. Не знам едноставно не ми е доволно силна причина да не го родам детето само затоа што некое лигле не го сака. Затоа и реков дека би му рекла фала, што би ми порадил едно мало слатко суштество и што не би бил со мене да ме нервира :)

Ама рачунај за тоа дете треба да работиш за да му купиш облека, храна, пелени, играчки. Ќе почне во училиште, па ќе почне да излегува, ќе сака на одмор, ќе сака да шета.
Детето е најголемата одговорност. Мислам дека само така мислиш, а доколку би било тоа реалност поинаку би гледала на работите. Мене општо паника ме фаќа од зборот дете, а не па да имам. Ти си ептен храбра, ама знаеш и сама дека сето тоа си има последици. најтешко е мислам ако прашува детето за таткото...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ама рачунај за тоа дете треба да работиш за да му купиш облека, храна, пелени, играчки. Ќе почне во училиште, па ќе почне да излегува, ќе сака на одмор, ќе сака да шета.
Детето е најголемата одговорност. Мислам дека само така мислиш, а доколку би било тоа реалност поинаку би гледала на работите. Мене општо паника ме фаќа од зборот дете, а не па да имам. Ти си ептен храбра, ама знаеш и сама дека сето тоа си има последици. најтешко е мислам ако прашува детето за таткото...
За се има решение, ќе работам и ќе се трудам да бидам секогаш што по успешна само ради тоа дете. Тоа дете ќе ми биде мотив во животот. Знам едно е да зборувам друго е кога ќе се соочам со тоа но мислам дека од кога еден човек ќе стане родител тогаш и начинот на кој што гледа спрема животот се менува, на прво место доаѓа детето па после се друго. А за тоа дали ќе прашува за татко му и не е толку тешко, сега зависи од ситуацијата и од лиглето како ќе се изјасни но ете во случај да не сака да има никаков контакт, тогаш додека е уште мало детето најдобро е да му се каже некоја ситна лага, па кога ќе потпорасне ќе му се објасни што како било.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
За се има решение, ќе работам и ќе се трудам да бидам секогаш што по успешна само ради тоа дете. Тоа дете ќе ми биде мотив во животот. Знам едно е да зборувам друго е кога ќе се соочам со тоа но мислам дека од кога еден човек ќе стане родител тогаш и начинот на кој што гледа спрема животот се менува, на прво место доаѓа детето па после се друго. А за тоа дали ќе прашува за татко му и не е толку тешко, сега зависи од ситуацијата и од лиглето како ќе се изјасни но ете во случај да не сака да има никаков контакт, тогаш додека е уште мало детето најдобро е да му се каже некоја ситна лага, па кога ќе потпорасне ќе му се објасни што како било.

Не гледам причина за да бидеш нечија жртва. Можеби делувам себично, но никој не вреди за да ти бидеш жртва. Немам намера да си го комплицирам животот и да живеам несреќно ( зошто за мене тоа е несреќно). Осудувана секако ќе бидам, можеби тоа и не е толку важно, зошто никогаш не е важно што ќе кажат другите, но јас сум човек што не може без партнер. Морам да имам партнер, дечко, сопруг, а со дете шансата за да имаш нешто вистинско со друг е многу мала, ако живееш во Македонија. Исто така мали се шансите да го сака некој друг твоето дете. Ете ако викаш зависи од карактер, јас сум себична и гледам само за мене... ама пак кој ќе гледа за мене ако не јас сама (star).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Да се биде родител е тешка и 24 часовна работа, не е играчка тоа. И да не е добиено детето во брак, има мајки што ќе си го сакаат и гледаат детето и ништо нема да му фали. Понекогаш сама мајка може многу подобро, отколку ако некоја е максимално несреќна и потиштена во промашен брак. @Ѕвездичка , зошто мислиш дека гледањето на дете е жртвување на сопствениот живот? Да, точно е дека е 1000 пати потешко сам родител отколку 2ца, ама не е невозможно. И ако некоја мајка има неограничена и безусловна љубов кон своето чедо, ќе се снајде и ќе го изгледа. Кај мене во комшии имаше случај каде мажот доживеа несреќа и почина, жената остана сама со 2 деца, па ги порасна и еве ги денес факултет студираат, ништо не им фали. Никогаш немој да се потценуваш самата, а и самохраните родители. Некои на тоа не гледаат како жртва, гледаат како благослов, еве како што ти вика @Ita , ако добро ја сфатив што сака да каже. На некои жени детето ќе им го комплетира животот, како делче од сложувалка која им фали. Друга нема така да гледа на тоа. Од друга страна да, ако жената се смета дека во тој момент а и општо не може да овозможи основни услови за живот, се согласувам дека абортусот е подобро решение. Затоа сме сите различни и различно гледаме на некои нешта, затоа треба да сме и слободно општество каде има опција за овозможување на било каква одлука од самиот човек.

Јас конкретно мислам дека ако некоја девојка остане бремена а мажот не сака да има ништо со тоа, не е ниту срамно, ниту страшно. И никогаш нема да ја покажам со прст.
Проблемот со нашево општество е што сите сме свесни кои фироманци сме, а ништо никој не превзема. Колку пати само имам слушано муабети од типот на "ако чинела ќе ја земел некој", "ако не му чинела на првиот маж нема да му чини ни на вториот", "оваа без маж е" и слично. И за мажите има многу вакви муабети, ама сепак во некоја поблага верзија. Затоа треба колективно подигање на свеста, мора турското полека да се искоренува од кај нас.
Значи, некои луѓе се способни да го прифатат детето и да си го гледаат, некои не се, си има и за тоа решение. Мое, твое и на секој човек во државава ни е да си ја гледа работата и да не обрнува внимание на такви коментари, како што викаш ти осудувана ќе сум. Ама затоа и истиот тој човек мора да не осудува, за да мрднеме и ние ментално од црнава дупка во која се наоѓаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Ретко која жена ќе се осмели да направи абортус зошто така ќе биде убиец и гледана како онаа која не сакаше да биде мајка. Епа јас сум во ретките што поддржува абортус. Сама ако гледаш дете жртвување е и тоа големо. Самата ситуација во која се наоѓаш те прави жртва. Ако немаш добри примања повеќе од пола плата треба за детето да ја даваш.
За мене ако мислиш дека имам застарени мислења грешиш. Јас сум реална и се трудам да ја доловам ситуацијата како што е, а не како што сакаат сите да е. Тешки на сите да му е погодено, ама не му е. Такви епитети имало и ќе има, во Македонија па секогаш. Јас во оваа тема кажав само дека јас не би се осудила да гледам сама дете и не може никој да ме разубеди. Која како си милува така да си прави. Не треба да се брза зошто секогаш ќе има некој што ќе сака дете во иднина, не мора детето одма да се направи и да се гледа од едниот само.
Како да ја утешам јас другарки ми ? Преѓе два саати на кафе ми ја кажуваше маката нејзина, па ако сака некоја самохрана мајка да е мислам треба да размисли мноооогу добро. Ситуацијата во која се наоѓае претешка, па сега мора во странство да оди па да го остави детето тука. За сите самохрани родители сметам дека се жртви зошто не сакале тие сами да го гледаат детето, туку требало заедно со другиот партнер.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Такви епитети имало и ќе има, во Македонија па секогаш. Јас во оваа тема кажав само дека јас не би се осудила да гледам сама дете и не може никој да ме разубеди. Која како си милува така да си прави. Не треба да се брза зошто секогаш ќе има некој што ќе сака дете во иднина, не мора детето одма да се направи и да се гледа од едниот само.

Епа тоа се пробувам да ти кажам, дека таквите епитети постојат одамна, ама крајно време е да се освестиме малку. Доволно е ти твое дете во иднина да си го воспиташ да не размислува така, друго и да сакаш цела нација не можеш да ја оправиш.

Ретко која жена ќе се осмели да направи абортус зошто така ќе биде убиец и гледана како онаа која не сакаше да биде мајка. Епа јас сум во ретките што поддржува абортус. Сама ако гледаш дете жртвување е и тоа големо.

Ретко? Верувај не е ретко, имам контакт со вработени на гинекологија, има многу девојки што прават абортуси. Исто другарка студираше медицина, имаме правено муабет за оваа тема, имаат гледано тие, правевме муабет за тоа како се чувствуаат кога ќе дојдат, како кога ќе си заминт и слично. Настрана тоа, не се ретки.

За мене ако мислиш дека имам застарени мислења грешиш. Јас сум реална и се трудам да ја доловам ситуацијата како што е, а не како што сакаат сите да е. Тешки на сите да му е погодено, ама не му е.

Грешно си ме сфатила. Јас не велам дека дека имаш застарени мислења, јас ти велам дека не секоја мајка го гледа детето како товар, дека не секоја жена гледа на работењето за 2 усти како тежина, како жртва. Некои жени се спремни и по 2 работи да работат за да го израснат детето, ама не гледаат на тоа како казна, како обврска која како ланец ги стега, туку се пресреќни што кога ќе се вратат дома имаат детенце кое им значи се. Јас не велам дека е лесно тоа, дека тие цветаат, туку дека е изводливо. Примери колку сакаш има.

Не треба да се брза зошто секогаш ќе има некој што ќе сака дете во иднина, не мора детето одма да се направи и да се гледа од едниот само.
За сите самохрани родители сметам дека се жртви зошто не сакале тие сами да го гледаат детето, туку требало заедно со другиот партнер.
Детето не секогаш е резултат на брзање за да се има деца, едноставно се случуваат грешки и непланирана бременост, не значи дека е намерно останата девојката бремена.
За втората реченица точно, идеално е кога двајцата парнери би биле среќни, идеално би живееле во хармоничен брак, ама во животот не секогаш оди се по план. Тоа се пробувам цело време да ти кажам, дека некои се спремни да го прифатат тоа и да го задржат детето. И пак да повторам, не мислам дека тие што не мислат така се застарени или треба да се линчуваат, напротив ти викам дека секој треба да живее онака како што сака, не е целта некоја да го роди детето и потоа цел живот да истура гнев на истото заради тоа што не дошло во идеален момент.
Again, jас цело време се пробувам да ти кажам дека не сите гледаат на детето како товар и жртвување, на некои жени животот им е поубав со дете. Макар и сами да го гледаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Многу убаво кажа @Selene
Единствена жртва која што би можела да ја направи мајката, жртвувајќи го нејзиниот живот (и во кој случај би оправдала абортус) е да роди дете со тешка вродена болест. Тие деца бараат 24/7 грижа и нега и буквално животот на мајката се соживува со животот на детето и уште ако е самохран родител навистина тешко е да се излезе со се на крај. Во овој случај го оправдувам абортусот, од една страна просто е невозможно, а и немаме држава која дава солидна помош за да имаат еден нормален живот и од друга страна тоа дете цел живот ќе се мачи. Па мислам дека подобро е да се прекине една таква бременост отколку и мајката и детето да се измачуваат.

Твојата другарка нека биде среќна што има дете, некои се би дале за да имаат барем едно дете.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

neda2612

Староседелец
2 август 2017
3
0
1,001
26
Jas nemam nikakvo mislenje protiv bremenost pred brak,se toa e Bozja zelba a i ako se sakaat partnerite nema da im prestuvuva problem dali e bremena ili ne,no sepak za denesnite devojki,tinejdzerki sto od zabava ke bide nesto nezabavno,ne razmisluvaat,sepak toa prvo zapocnuva od roditelite.Ako tie na "mladi" godini na devojkata bi im objasniile za nekoi raboti vo zivotot,deka za se treba cekor po cekor...sepak ke kazam toa e do roditelite.No neznaes kade i kako ke se sluci :) Taka da bi sakala site predrasudi sto gi ima na svetot,pogotovo vo nasata Makedonija da prekinat i da se raazberat nekoi raboti sto ne seslucuvaat namerno.