М, браковите во минатото и нивното опстојување... Прво мора да се земе во игра фактот дека порано ќе пукнело брука ако некои решат да се разведат. „Ете ја таа ку*ва е, не и’ беше доволен тој замина со друг“; „Ете го тој, кај цело време одеше со други сега и ја остави жената на цедило“ - и слични муабети веднаш пукнувале - и пукнуваа додека јас растев, затоа што владееше неукиот народ.
Денес како далеку поеманципирани личности кога нешто не функционира треба да се оди на развод. Но - тврдам дека браковите кои не функционираат се склучени од три причини:
1) корист (материјална)
2) избрзување(грешка со бременост)
3) здраствени проблеми кои доведуваат до стерилност
Во првиот наведен случај(корист) после долго време, оној кој е искористуван знае да ги покаже роговите и да почне да навредува. Другиот останува повреден. Настануваат кавги и врската неможе да опстане.
Во вториот случај, немало љубов, немало доверба, имало врска која се засновала на сексуални односи(и бидејќи 50% (можеби сум и скромен) пред да почнат со сексуални односи незнаат ни што е машки полов орган, ни што е кондом, а камо ли апчиња за контрацепциј) и си остануваат бремени. Од совесност/или несовесност, се запишуваат детето доаѓа на овој свет. Бидејќи немало љубов, немало доверба, мажот не се завртува дома, жената е изложена на најтешката работа - сама да одгледа дете. Доаѓа време пукнува и тој однос - доаѓа до развод.
Во третиот случај. Стерилноста е работа што никој не ја посакува. А во години како моите на пример. Да си стерилен, и да знаеш дека не можеш да имаш пород, е една од најболните работи во животот. Некои тој проблем го решаваат со посвојување, некои со изнајмување утроба... А некои со развод.
- Како и да е, браковите во минатото и денес не се разликуваат, се’ е исто. И денес има бракови кои одлично функционираат, се сакаат, почитуваат, надополнуваат, подршка се еден на друг - нормално дека и ти се караат, но имаат чист однос, без навреди кои ќе ги болат цел живот. И денес како во минатото има бракови кои се склучуваат буквално со договор за „здружување на богатство“.
Единствената разлика е што денес тоа го живееме и го гледаме со свои очи, а за „тоа“ време ни раскажуваат старите кои се пристрасни за своето време и секоја реченица ја започнуваат „еее како беше во наше време“.