Бракот во минатото

Aristokrat

Староседелец
27 февруари 2012
2,655
3,335
1,153
Не зборам јас за постојани кавги и тепачки, кажав дека малтретирање на оправдувам, туку дека често се претерува и за мали проблеми се дозволува односот да залади а со тоа и бракот малку по малку да поаѓа надолу. Ситница по ситница и гледаш исфрустрирани личности кои не сакаат ни да се потрудат да си удоволат.Зошто? Затоа што е лесно да се разведеш.
Прашање до тебе каде е границата да се разведеш со партнерот?
 
  • Like
Реакции: Давор

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
М, браковите во минатото и нивното опстојување... Прво мора да се земе во игра фактот дека порано ќе пукнело брука ако некои решат да се разведат. „Ете ја таа ку*ва е, не и’ беше доволен тој замина со друг“; „Ете го тој, кај цело време одеше со други сега и ја остави жената на цедило“ - и слични муабети веднаш пукнувале - и пукнуваа додека јас растев, затоа што владееше неукиот народ.
Денес како далеку поеманципирани личности кога нешто не функционира треба да се оди на развод. Но - тврдам дека браковите кои не функционираат се склучени од три причини:
1) корист (материјална)
2) избрзување(грешка со бременост)
3) здраствени проблеми кои доведуваат до стерилност
Во првиот наведен случај(корист) после долго време, оној кој е искористуван знае да ги покаже роговите и да почне да навредува. Другиот останува повреден. Настануваат кавги и врската неможе да опстане.
Во вториот случај, немало љубов, немало доверба, имало врска која се засновала на сексуални односи(и бидејќи 50% (можеби сум и скромен) пред да почнат со сексуални односи незнаат ни што е машки полов орган, ни што е кондом, а камо ли апчиња за контрацепциј) и си остануваат бремени. Од совесност/или несовесност, се запишуваат детето доаѓа на овој свет. Бидејќи немало љубов, немало доверба, мажот не се завртува дома, жената е изложена на најтешката работа - сама да одгледа дете. Доаѓа време пукнува и тој однос - доаѓа до развод.
Во третиот случај. Стерилноста е работа што никој не ја посакува. А во години како моите на пример. Да си стерилен, и да знаеш дека не можеш да имаш пород, е една од најболните работи во животот. Некои тој проблем го решаваат со посвојување, некои со изнајмување утроба... А некои со развод.

- Како и да е, браковите во минатото и денес не се разликуваат, се’ е исто. И денес има бракови кои одлично функционираат, се сакаат, почитуваат, надополнуваат, подршка се еден на друг - нормално дека и ти се караат, но имаат чист однос, без навреди кои ќе ги болат цел живот. И денес како во минатото има бракови кои се склучуваат буквално со договор за „здружување на богатство“.
Единствената разлика е што денес тоа го живееме и го гледаме со свои очи, а за „тоа“ време ни раскажуваат старите кои се пристрасни за своето време и секоја реченица ја започнуваат „еее како беше во наше време“.
 
  • Like
Реакции: melpomena and M.Adams

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
24
Камо ли и денешните бракови да беа како порано .. се знаело таму мажот е глава на семејството он е тој кој оди да печали и води ред на домот и семејството а жената си ја гледа домашната обврска,не се меша во работата на мажот и му помага за се во куќата да си оди напред како нели има голем стравопочит кон својот маж, А сега што?? Спротивното! - жената е таква створена секогаш да се споредува со мажот и секогаш да го гледа од високо. . но ако мажот се спротиставува на се што она го придонесува и мисли,ке дојде до кавга тепачка и сл. ке дојде разводот, слабоста на бракот а од тука и последиците кои најмногу на грб си ги имаат децата, тие се тие кои најмногу нели страдаат.. затоа бракот во минатото ке си остане во минатото, колку и да е тој поцврст за разлика од денешниот брак(yawn)
 
M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Значи според мене,ако претеруваш" за ситници,тоа значи дека не ја сакаш повеќе па гледаш и најмала работа што ти смета кај неа само за да ја откачиш и да имаш нешто како доказ да се тешиш дека ете,не си ти крив,а тоа значи дека нема повеќе љубов.Ако нема повеќе љубов,најдобро е да се стави крај на бракот.Сфаќам дека треба да се жртвуваш за децата,ама што ќе се жртвуваш кога постојано ќе бидиш нервозен,нема да ти биде ништо погодено и така натаму.И ти нема да се чувствуваш пријатно,ниту децата.
Прво-љубов. Што значи љубов после години и години брак? Пеперутки во стомакот? Трзавици низ тело кога ќе те допре?
Да ти заигра срце секојпат кога ќе ти се насмевне или да се гледате во очи додека водите љубов? Ако тоа се очекува како доказ дека постои уште љубов тогаш мислам дека многу ќе останат разочарани. Ќе го снема, аш.
Останува почит, разбирање, разговор и сконцентрираност на домот и на вашите деца.
Мојата граница? Ќе знам кога ќе ја преминат, претпоставувам кога нема да ми се оди дома од напорен ден на работа.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,757
1,673
На сигурно
Sofija... Дали ти тоа сакаш да кажеш дека ради што денес има рамноправност дома браковите не успеваат? :)
Шала на страна,треба да се знае кој е ШЕФ У КУЧИ (wasntme) ,ако нема хиерархија ништо не правиме.Било каква институција неможе да егзистира ако не постои каква таква хиерархија.
Можеби навистина браковите во минатото заради почитувањето на таа хиерархија опстанувале подолго а?
Јас навистина си го ставив прстот и ме подзамисли ова.(не сум иронична)
Нека има хиерархија и во денешните бракови но ете како за промена Босот нека биде жената :biggrin ...или евентуално тие нека си одлучат.
 
  • Like
Реакции: slb_bobo and Arkantos

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
24
Sofija... Дали ти тоа сакаш да кажеш дека ради што денес има рамноправност дома браковите не успеваат? :)
Секако дека успеваат .. туку прамам разлика и велам дека бракот порано си бил подобар за разлика од денешниот. Зашто темата е "бракот во минатото" , а тоа значи дека јас го подржувам;)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Шала на страна,треба да се знае кој е ШЕФ У КУЧИ (wasntme) ,ако нема хиерархија ништо не правиме.Било каква институција неможе да егзистира ако не постои каква таква хиерархија.
Можеби навистина браковите во минатото заради почитувањето на таа хиерархија опстанувале подолго а?
Јас навистина си го ставив прстот и ме подзамисли ова.(не сум иронична)
Нека има хиерархија и во денешните бракови но ете како за промена Босот нека биде жената :biggrin ...или евентуално тие нека си одлучат.
Тврдам дека не :)
Работиш ти? Го сакаш шефот? Дали шефот некогаш положбата ја користи да угнетува и да создава Стравопочиување?
Која е поврзаноста со љубов и среќа и стравопочитувањето?
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,757
1,673
На сигурно
Тврдам дека не :)
Работиш ти? Го сакаш шефот? Дали шефот некогаш положбата ја користи да угнетува и да создава Стравопочиување?
Која е поврзаноста со љубов и среќа и стравопочитувањето?
Шефот сум јас...и сите се со мене во релација љубов и среќа (bandit)
Сепак пак ек кажам,не мислам на шефување со камшици и наредби,одобренија,дозволи...туку сепак ајде како да речам,ете мајка ми е шефот дома кога се одлучува околу домакинството,татко ми моментално е фабриката и умот за приходите,но сепак шефот за домакинство располага и води контрола за нив :D
Сепак мора да има некаква поделба околу обврските,иначе потполно се согласувам со новата ни M.Adams ,сега претеруваат и младите двојки но и постарите родители и тоа од аздис.
Се согласувам и со твоето мислење и да не ги повторувам,само го напишав она плус што сакав да го спомнам.
 
Колку и да се во релација љубов и среќа, не си свесна колку страв врти во нив. Едно мрдање со првче твое и иш од работа.
Не е потребно од шефување во еден однос... Само разбирање.
Затоа што порано каде што шефувал мажот... Жената цепела дрва, жената го средувала домот, тој ќе влезе од работа валкан сиот, и сиот труд нејзин да среди дома се ќе падне во вода зошто тој ќе извалка во 10 минути а таа мора да молчи дури и нозеде да му ги измие итн итн...
Е тоа не е брак. Тоа не е љубов.
Тоа е робовладетелство!
Пре би да „ризикувам“ за развод, ама да имам рамноправност :)
 
  • Like
Реакции: melpomena