Да ние наназад кога ќе погледнеме ни се чини дека нашите биле многу среќни и задоволни и да стварно некои од нив биле..но порано тоа ќути- трпи повеќе се применувало. Дел од девојките биле мажени со стројници..јас ова од баба шо ми кажувала, работата на жените била исклучиво домаќинка ,повеќето од нив, и децата и тоа е...развод каков развод бе....ќе ќутиш ептен патријахални семејства, срам, чест итн итн, ама настрана ова ја познавам една баба и еден дедо он веќе починат е. Беше постар од неа 25 години . Првата жена му починала од болест и ја земал оваа а она веќе се сметала за застарена мома оти имала 24-5 (шо значи мене веќе никој не би ме земал у минатото
) и така тие се сакаа и стално до старост се држеа за раце ..па љубов ли беше шо ли беше. Почит, доверба , сите кажуваат како ги немале чуено еднаш неубав збор да си кажат. Ете инспиративно баш..така на нив се сеќавам ко ќе се спомне брак. А за денес, незнам нејќам да бидам негативна ама бе еден брак да видев да функционира како што треба. Или се маваат со столчиња, или веќе нема секс, или мајка ти мајка ми..или за пари се караат, или тој има пари па таа нешто изиграва среќно мажена а со клоци по улици..или е тепач или апатија владеее....баш се радувам кога ќе наидам на среќни двојки ....а можда е и тренд да се преправаме шознам....
