Бракот во минатото

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
872
1,103
393
27
Струмица
во денешно време се поретки се тие бракови кои се задржуваат до крајот, кога одиме во црква ветуваме дека ќе сме заедно во се, до крајот на животот, но повеќето бракови се распаѓаат или пак во брак се останува само поради детето, за разлика во времето на нашите баби и дедовци каде ем се мажеле/женеле многу порано, ем биле заедно до крајот на животот...

според вас, до што се должи тоа, кој е виновникот :)
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,012
1,103
Чистата љубов е едноставна. Ја имало тогаш, ја има и сега.
Не мислам дека браковите во минатото биле подобри од сега. Секако дека и тогаш имало лоши и неуспешни бракови, а секако дека и сега има прекрасни бракови, исполнети со љубов и разбирање.
Времето и новите генерации сами по себе ја наметнуваат различната перцепција за бракот.
Порано не бил животот како сега, не учеле факултети, работеле земјоделие, не се надградувале, животот бил и поефтин, па логично е да се мажат на 17ина години.
Немој да мислиш дека многу од тие бракови биле идеални како што изгледале. Тогаш било табу тема развод на пример, било срам да кажеш дека маж ти те тепа, дека е курвариште... За разлика од денес кога жената има повеќе сила и можности.
Имам примери за тазе и не толку тазе бракови, каде партнерите се почитуваат и сакаат секој ден повеќе.
Бракот како брак зависи само од двајцата партнери. И тогаш, и сега. Сменети се само гледиштата на човекот.
 
  • Like
Реакции: Bibi@ and JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Нашите (пра)баби и дедовци ги немале можностите кои ги имаме ние денеска.
Споредете тогашни 16 годишни со сегашниве.
Во тоа време тие немале никакви технологии кои би им помогнале, ниту пак имале некој огромен степен на образование, посебно женските деца. Тие од мали нозе се учени да се грижат за домашните, оделе на ниви по студови, готвеле, переле на раце, крави молзеле уште во 4 наутро итн, па до својата 16та година веќе биле „истренирани“ и одлични домаќинки, па биле способни да се грижат за деца.
Сега што? Го мрзи да стане од топло во 7, за утре да стане човек од него, немаат водичка во очи. Ќе си симне ли апликација на ајфонот за чување бебе?
Бракови порано се склопувале и со стројници, се склопувале и од љубов, ама за разлика од сега, како и да бил склопен тој брак, сепак имало доза на почит ако немало некоја голема љубов. Па било и срамота да се разведеш, да си растуриш фамилија.
Сега разведени со по 3 деца, ги гледаш рамо до рамо со едвај полнолетни кај што се клатат по клубови.
А најголема пропаст на денешно време е склопување брак поради несакана тинејџерска бременост. Полошо амин.
Мислам, општо ако единствениот стимул на мажот да ја венча жената му е поради детето, па поарно и самохрана мајка би била, отколку да го врзувам така, а на кутриот душичката да му плаче за слобода. А и како би можела да очекувам од средношколец (па да ви кажам право како се поместуваат стандардиве, дури и 27-8 годишни уште студираат и не се спремни за брачен живот) кој вчера самиот пркнал од пелени, сега да ги менува истите на своето дете? Кога-тогаш ќе скршне од патот кај што ќе бара надокнада за пропуштената младост.
Разлики врие. До бесконечност може да се оди на темава.
 
  • Like
Реакции: Lollypop, JaMi and Caci

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
302
163
пред компјутер
Користете кондоми ако сакате да не се земете само поради детето.
Продавницата или трафиката ви е крива шо била затворена и не можевте да купите кондом, е тоа.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Апосолутни несмееме да ги споредуваме тогашниоте стабилни и огранизирани бракови со сегашниве.Проблемот, според мене...најголем е економски.Односно, секоја сака пари,секоја сака поубава кола,мобилен телефон,телевизор,НОВА КУЌА,СТАН, секоја сака нови плочки во ВЦ, секој сака поубава кујна и многу друго...Проблем е што скеој тоа неможе да си го дозволи.Па настануваат оние општопознати караници...комшивката има она,јас ништо,комшијата купи нова кола,јас со канта...се тоа се вслошнува и проблемите земаат поинакви размери, се разбира во ова време трпение се немало како порано па и затоа резултатот е раскинување на бракот.
Покрај економската состојба тука е и (не)сериозноста на луѓето.Бракот веќе како една од најважните општествени институции како таква организација веќе го загуби она главното,авторитетот што го има овој збор.Имено, се повеќе и повеќе луѓе склучуваат брак иако несвесни кои им се одговорностите, дека ова не е игра, па сега ќе излезам од играта и никому ништо, дека тука е потребно меѓусебно разбирање,договор,организирање на работите како и многу друго.
Луѓето веќе по многу крат временски период(без и воопшто добро да се познаваат) склуќуваат бракови...па што очекувата кога ќе испадне дека биле некои братучеди,дека единот од брачни другари уствари бил мафиас,дека бил нарокоман,дека имаш уште три жени,дека имал деца...нормално разводот е веќе тука решението на сите.
Велат, дека лоши билењ разводите, се намалувало раѓањето на деца, луѓето станувале неодговорни, немале смисла за организација, незнаеле како се живее заедно биле вакви онакви и незнам какви...тука и државата губела вака онака така...и незнам уште што.
Не, ни државата ни самите довчерашни брачни другари не губат....единствени што губат се децата произлезени од таквиот брак.Тие се единствените губитници, на нив е целиот терет да растат во нестаблина средина, каде предвреме мора да бидат "возрасни" каде за нив детство претставува нешто друго.....а најлошо е кога ќе видат цело семејство некаде заедно седнати во некој ресторан или кафуле...тие тоа не го разбираат.Упште полошо ако имаат помали браќа или сестри за кои очигледно мајката и таткото ќе немаат време да се грижат.На нив е целиот товар, на децата и на никому друг.
 
  • Like
Реакции: violetmoon and Caci

Gloria

Нов член
7 јануари 2013
5
5
3
Тема за дилема :^)
Во минатото луѓето не го избирале својот брачен партнер,други луѓе т.е. нивните родители го правеле тоа (за жал),а голема причина што опстојувале тие бракови е фактот дека ако постои развод во фамилијата таа е оцрнете,нечиста,усрамена итн. Во денешницата во модерните држави тоа повеќе не постои, секој си е индивидуален. Сепак би рекла дека во нашата држава до одреден степен е задржана таа глупава традиција, но сепак разводот не е табу тема или сл.
 

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
302
163
пред компјутер
Абе порано морало да се женат/мажат ето така наредувале родителите и как сакале така прават без разлика дали го сакаш или не за маж/жена. Додуша сега имало и среќни и во минатото.
А сега е чиста глупост, од љубопитност се земат да видат како е, како ја запросуваат и најголема причина бебето што го носи, што обратиле 1% внимание за време на секс.

И денес тие младите џенски ме нервираат, се прават среќни, носат и поклони, многу си го сакам де вам де там, а не знаат дека утре треба во 8 да станат да чистаат, да прават ручек на мажот, да пеглат, да перат, е ондак после тоа и е тешко, е тешко е ка немаш у глаата, ка ми се мажиш на незрели 17 или 18 било как.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,274
1,911
1,123
Kumanovo
Брак у доба на искривени морални вредности, либерализам и људи сс перен музак у Америчку машину за прање... незнам, искрено.
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Тоа е мода, виновник нема. Гледаат турски серии и да не бидат покусо од турците и они се разведуваат :|