Бракот во минатото

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Да ние наназад кога ќе погледнеме ни се чини дека нашите биле многу среќни и задоволни и да стварно некои од нив биле..но порано тоа ќути- трпи повеќе се применувало. Дел од девојките биле мажени со стројници..јас ова од баба шо ми кажувала, работата на жените била исклучиво домаќинка ,повеќето од нив, и децата и тоа е...развод каков развод бе....ќе ќутиш ептен патријахални семејства, срам, чест итн итн, ама настрана ова ја познавам една баба и еден дедо он веќе починат е. Беше постар од неа 25 години . Првата жена му починала од болест и ја земал оваа а она веќе се сметала за застарена мома оти имала 24-5 (шо значи мене веќе никој не би ме земал у минатото :D) и така тие се сакаа и стално до старост се држеа за раце ..па љубов ли беше шо ли беше. Почит, доверба , сите кажуваат како ги немале чуено еднаш неубав збор да си кажат. Ете инспиративно баш..така на нив се сеќавам ко ќе се спомне брак. А за денес, незнам нејќам да бидам негативна ама бе еден брак да видев да функционира како што треба. Или се маваат со столчиња, или веќе нема секс, или мајка ти мајка ми..или за пари се караат, или тој има пари па таа нешто изиграва среќно мажена а со клоци по улици..или е тепач или апатија владеее....баш се радувам кога ќе наидам на среќни двојки ....а можда е и тренд да се преправаме шознам....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and Emma.T

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Порано имале понормални бракови затоа што не се земале поради пари, статус, несакана бременост или пак поради тоа што сите од друштвото правеле свадба, па ај и ние.(facepalm)
Не знам како живеат оние девојки што влегуваат во брак поради бременост. Дали ги измачува прашањето дека е голема веројатноста дечкото да е со нив само поради детето, а не поради тоа што таа е жената на неговиот живот? Дали се свесни дека кога-тогаш детето ќе порасне, а на нив на стари години ќе им треба брачен другар, затоа што децата ќе имаат свои семејства? Или пак оние кои трчаат по пари, дали се свесни дека парите нема да им донесат љубов, исполнетост и среќен брак?

Нормално дека и порано имало несреќни бракови и дека било срамота да се разведеш, ама денешниве бракови се ужасни до тој степен што често ми доаѓа да (puke) од патетики или пак ги жалам што живеат во такви лаги.
И да не биде се црно, има и нормални бракови, ама тие се многу ретки, за жал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Порано имале понормални бракови затоа што не се земале поради пари, статус, несакана бременост или пак поради тоа што сите од друштвото правеле свадба, па ај и ние.(facepalm)

Грешка си.

Луѓето ОДСЕКОГАШ склопувале брак заради пари. Уште од најстари времиња, ако не лично, фамилиите гледале интереси. За статус ич да не правиме муабет. Од секогаш деца на богати трговци, завршувале со деца на богати трговци, деца на даскали завршувале со деца на даскали.

Читајќи ја темава добив впечаток дека сите мислат дека порано браковите биле подобри. Јас воопшто не се согласувам со тоа:| Луѓе, неверство, склопување на брак заради бременост, тепање, имало одсекогаш. Разликата била во тоа што порано било срам и брука тоа да се изнесе јавно, и срамота жената да се пожала. Порано бракот бил последното нешто, убаво, неубаво, сакаш, неќеш ќе трпиш. Денес се разбира дека може да побараш развод. Па според мене подобро е да се разделиш со некого доколку дојдат страшни проблеми, отколку да живееш во агонија, во нездрава средина и здравје да си губиш секој можен ден. Никој од нас не може да знае што носи утрото, никој не може да биде сигурен 100% каков ќе биде животот. Сведоци сме дека луѓе растураат 10 годишни врски поради проблеми, тоа не е нешто ново. И ако се јави некој таков проблем, кој НЕ се решава, порадо двајцата да се разделат и да си продолжат со животот, отколку да се исколат меѓу себе.

Порано немало Фејсбук, немало телефони и луѓето помалку биле свесни за околината. Баба ми ми има кажувано, како нејзината мајка била во договорен брак и како цел живот патела заради тоа. Воопшто не го сакала прадедо ми, ја омажиле премлада за него, а тој бил веќе во поодминати години. Баба ми кажуваше како нон стоп таа жена плачела, но не смеела збор настрана да каже. Порано хомосексуалците за да прикријаат дека се хомосексуалци се женеле, а тајно се гледале со мажи. И? Тие жени? Порано биле истите гадости што ги има денес, ама немало интернет да се разбере.

Секоја ера си носи позитивности и негативности. Не дека сега мед и млеко е, важи се што се има наброено во претходните постови, ама порано не било се розово. Имало некои работи кои биле подобри, има и сега.
 
Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Грешка си.

Луѓето ОДСЕКОГАШ склопувале брак заради пари. Уште од најстари времиња, ако не лично, фамилиите гледале интереси. За статус ич да не правиме муабет. Од секогаш деца на богати трговци, завршувале со деца на богати трговци, деца на даскали завршувале со деца на даскали.

Не зборував за периодот на договараните бракови, туку за оној кога жените сами можеле да си одберат маж и мажот сам да си одбере жена т.е. околу 40-тите / 50-тите години од минатиот век. Не велам дека ги немало тие појави, ама дефинитивно биле поретки за разлика од сега.
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Чудни су онија бракови кои успеале у минато, а биле чиста намештаљка : )
Имало случаеви куде што без да се знаеф, они се зимаф, а у стројници нели,таксаф ги родители, споиф ги од нигде и ништо
И тој на 16 године бе, колко млади а толко способни за брак и домашни обврске и за работу, тк е било сфе друго бе, на работа на труд, морни копачки и копачи : )
И има дн днска живи бабефци и дедофци кои су од овуј врсту на брак, и још се сакаф еј : )
На другара ми баба и дедо од Нагоричане : ) Имаф над 85 и двоицата, а толко су слатки и луди, мноо су ми интересни
Е они су споени на тј начин, без да се знаеф

А од друу страну не е чудно што повише успевале бракови у минато, имало бре тк права љубаф(има и ск ама ск е сфе изопачено)

А дншњи бракови пола су од интерес пола од предвремена бременост : )
Права љубаф у дншњо време е снашка да не е трудна на сфадбу хаха

Ја сам мноо протиф бракови у неузреани годинке
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Статистички е многупати докажано дека праковите кои биле склучувани пред 15,20,30,40 години траат повеќе од оние кои се склучувано во овие неколку децении.
Мислма дека поранешниот начин на живот овде го има најголемиот удел, тој традиционализам и конзерватизам многупати допринесувал за опстанок на бракот иако еден од брачните другари не го сакал тоа.Исто така социјалистичката односно комунистичката доктрина влијаела многу на тоа.Но исто така големо влијание имала економската сосотјба(овде зборувам кај просечниот граѓанин)....денес веќе во испреплетено општество во кое не се знае ништо и во кое секојдневно имаме измени тежок е за одржување овој институт.Јас сакам едно ти сакаш друго резултат, расправија.Од понатаможната расправија уште една и уште една без никаков обид за наоѓање на концензус истите такви бракови за жал завршуваат со развод.
 
M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Полесно е денес да се разведеш, да. Но кои се причините за развод?
Свекрвата ми мрчи за ручекот-под притисок сум.
Свекорот ми пререкол за воспитување на дете-под притисок сум.
Маж ми не е амбициозен, сите возат ауди ние уште со југо сме-ме влечи надолу.
Мара излегува кога сака на кафе, јас морам да го известам прво-тиранин е.
Види ги Кардашианс си тераат по свое, јас сите ли да ги слушам?-Ќе се разведам, не се трпи.

Да не бидам сфатена погрешно, далеку од тоа дека оправдувам константно трпење во бракот, ама до толку сме разлигавени и можностите ни се толку мали во споредба со желбите што ги имаме, да и сами не сме свесни.
Не треба понекогаш да се замижи пред нешто? Не треба да се бориме во кризни ситуации за да опстанеме кога веќе деца се во игра? Малтретирање не оправдувам, ама и аздис и однос кон бракот како кон тинејџерска врска уште помалку.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123

Тотално не се сложувам со тебе!Што се однесува до ова...
Баш за децата е подобро да живеат во мир и слога,наместо во семејство каде постојано има кавги,тепачки и негативна енергија.И да,некои луѓе имаат повеќе трпение,некои помалку.Тоа што во минатото немало разводи не значи дека се било идеално и перфектно.Ако нема љубов,нема слога,нема доверба,мислам дека треба да се ставе крај.
 
M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Не зборам јас за постојани кавги и тепачки, кажав дека малтретирање на оправдувам, туку дека често се претерува и за мали проблеми се дозволува односот да залади а со тоа и бракот малку по малку да поаѓа надолу. Ситница по ситница и гледаш исфрустрирани личности кои не сакаат ни да се потрудат да си удоволат.Зошто? Затоа што е лесно да се разведеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не зборам јас за постојани кавги и тепачки, кажав дека малтретирање на оправдувам, туку дека често се претерува и за мали проблеми се дозволува односот да залади а со тоа и бракот малку по малку да поаѓа надолу. Ситница по ситница и гледаш исфрустрирани личности кои не сакаат ни да се потрудат да си удоволат.Зошто? Затоа што е лесно да се разведеш.

Значи според мене,ако претеруваш" за ситници,тоа значи дека не ја сакаш повеќе па гледаш и најмала работа што ти смета кај неа само за да ја откачиш и да имаш нешто како доказ да се тешиш дека ете,не си ти крив,а тоа значи дека нема повеќе љубов.Ако нема повеќе љубов,најдобро е да се стави крај на бракот.Сфаќам дека треба да се жртвуваш за децата,ама што ќе се жртвуваш кога постојано ќе бидиш нервозен,нема да ти биде ништо погодено и така натаму.И ти нема да се чувствуваш пријатно,ниту децата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo