Абортус: за или против?

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Сметам дека секоја жена има право да донесе самата одлука што сака да прави со своето тело. Никој друг не може да каже што жените би требало да прават со своите тела или пак место нив да одлучува.

Доколку некоја жена смета дека би требало да абортира - тогаш нека абортира. Нејзино тело, нејзина одлука, нејзино право.

Само што во нејзиното тело има веќе друг живот, и би било многу себично да го уништи за доброто на нејзиното тело.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Секогаш жената го има последниот и најбите збор и никој друг.
Ако се во здрава нормална врска двајцата партнери, добро е да се донесе заедничка одлука да се абортира за овие или оние причини, само ним битни и познати. Секако оние надвор од видокругот ќе гракаат како овие се убијци, ќе згаснат толку прекрасен живот. Глупости. Но да е некој на нивно место, ќе пее како славеј за темава.
И втората опција:
Ако не се во здрава врска (не може да добие здраво мислење од партнерот), жената/девојката го има зборот дали ќе се абортира или не. Нормално ако жената мисли дека не е способна да биде мајка - нејзин е изборот за абортус.
Нормално тука се гледа законот до кога и како се извршува абортус.

А за оние од Влада (сегашна и можеби некоја идна ако продолжи) кои дрдорат како НЕ за абортусот од научно-религиозен потик - прво нека создадат добар живот за оние, живите кои одиме по ова парче земја наречено Македонија, па потоа да траскаат зелени како е подобро да раѓаат жените нови деца (самохрани мајки) отколку да одат на абортус.

Што вие мислите, жената среќна и задоволна оди на абортус? Туку така? Ајде соземете се малку... не гледајте многу вести за тоа што е и каков е абортусот. Тоа е лична работа и одлука! ТЕШКА ОДЛУКА!
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
како спрема детето ?
па тоа е амо плод односно фетус

Тој фетус нема засекогаш да остане фетус и ти си била фетус и јас и сите па фала богу сега сме тука, а што ако решиле да не абортираат (језда моите сакале да ме абортираат но мајка ми се предомислила)? И тие фетуси да не би биле абортирани еден ден би биле здрави и прави луѓе исто како нас.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Тој фетус нема засекогаш да остане фетус и ти си била фетус и јас и сите па фала богу сега сме тука, а што ако решиле да не абортираат (језда моите сакале да ме абортираат но мајка ми се предомислила)? И тие фетуси да не би биле абортирани еден ден би биле здрави и прави луѓе исто како нас.


:rofl да да сите фетуси ке бидат како нас:zelen
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Само што во нејзиното тело има веќе друг живот, и би било многу себично да го уништи за доброто на нејзиното тело.

Не зборуваме за абортус во име на добар физички изглед. :^)

Не знам дали жена би абортирала за да ја задржи својата форма т.е формата на нејзинотот тело, доколку добро разбрав што сакаше да кажеш со болдираниот дел.

Доколку девојка или жена сака да роди дете, односно смета дека е во период од нејзиниот живот каде што е спремна да носи, роди и се грижи за дете - тогаш не би имала причина да абортира. Таа веројатно психички, финансиски и на било кој друг начин се подготвувала одредено време - што значи дека е спремна за да го роди тоа дете и да се грижи за него. Доколку пар не сака дете, не е спремно за дете - се знае.

Поправи ме доколку грешам, меѓутоа девојките/жените се одлучуваат за абортус само во некои одредени случаеви. Зборувам за непланирана бременост, доколку девојката/жената забремени како резултат од силување или пак доколку не е спремна да се грижи за дете (што пак може да се смета како непланирана бременост). Впрочем сите овие се поврзани.

Во случај на непланирана бременост девојката повторно може да дојде до одлука да го задржи детето, доколку смета дека е во состојба (односно е спремна) да се грижи за него. Моја другарка неодамна дозна дека е бремена, па заедно со дечко и одлучија да го задржат бебето и да се земат. Подршката од страна на сите блиски, вклучувајќи ме и мене, позитивно влијаеше врз одлуката.

Меѓутоа се сомневам дека доколку една девојка е силувана и како резултат на тоа забремени би одбрала да го чува бебето како еден постојан потсетник. Мислиш дека треба да го задржи и дали мислиш дека би го задржала?

Или, дали мислиш дека некое 15-годишно девојче, кое забременило поради нејзина неинформираност и незрелост, би требало да го задржи детето (и би го задржала бебето, без разлика на твоето мислење) - особено доколку нејзиното семејство не е финансиски стабилно, доколку нема семејство, итн.

Јас мислам дека не.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Црвена нешто како накај портокаловите ми оди ај еве еден од дебилните спотови на влада ама цензуриран

Значи ако сум против абортусот сум од вмро? Интересно
Не зборуваме за абортус во име на добар физички изглед. :^)

Не знам дали жена би абортирала за да ја задржи својата форма т.е формата на нејзинотот тело, доколку добро разбрав што сакаше да кажеш со болдираниот дел.

Доколку девојка или жена сака да роди дете, односно смета дека е во период од нејзиниот живот каде што е спремна да носи, роди и се грижи за дете - тогаш не би имала причина да абортира. Таа веројатно психички, финансиски и на било кој друг начин се подготвувала одредено време - што значи дека е спремна за да го роди тоа дете и да се грижи за него. Доколку пар не сака дете, не е спремно за дете - се знае.

Поправи ме доколку грешам, меѓутоа девојките/жените се одлучуваат за абортус само во некои одредени случаеви. Зборувам за непланирана бременост, доколку девојката/жената забремени како резултат од силување или пак доколку не е спремна да се грижи за дете (што пак може да се смета како непланирана бременост). Впрочем сите овие се поврзани.

Во случај на непланирана бременост девојката повторно може да дојде до одлука да го задржи детето, доколку смета дека е во состојба (односно е спремна) да се грижи за него. Моја другарка неодамна дозна дека е бремена, па заедно со дечко и одлучија да го задржат бебето и да се земат. Подршката од страна на сите блиски, вклучувајќи ме и мене, позитивно влијаеше врз одлуката.

Меѓутоа се сомневам дека доколку една девојка е силувана и како резултат на тоа забремени би одбрала да го чува бебето како еден постојан потсетник. Мислиш дека треба да го задржи и дали мислиш дека би го задржала?

Или, дали мислиш дека некое 15-годишно девојче, кое забременило поради нејзина неинформираност и незрелост, би требало да го задржи детето (и би го задржала бебето, без разлика на твоето мислење) - особено доколку нејзиното семејство не е финансиски стабилно, доколку нема семејство, итн.

Јас мислам дека не.
Многу не би го задржале јасно е тоа но кога веќе мене ме прашуваш мислам дека треба да се задржи без разлика дали тоа дете е планирано или па не е планирано сепак е дете и за ништо не е виновно, тоа што ќе потесќа на слилувачот, или па не е спремна да биде мајка, или е премногу млада не е причина за да не се роди. Мајка не се станува кога ќе ни текне т.е ќе ни одговара, кога треба да бидеме ќе бидеме без разлика на се ниту па парите не се клучен фактор, денес ги има утре не и мислиш тие што се си испланирале не можат да останат без пари? Плус абортусот знае да има и доста големи и сериозни последици. Може да умре или па никогаш повеќе да не има деца. Што тогаш?
Не сакам да ве убедувам во нешто само си кажувам мое мислење и како јас би постапила доколку се најдам во таква ситуација. Ако треба целосно би го променила начинот на живеење но не би се откажала од бебето фетусот сеедно.