Абортус: за или против?

DanielMkd

Нов член
23 јуни 2012
5
4
3
32
ПРОТИВ АБОРТУС...веќе кога ќе се направи бељата детето не е криво за да се УБИЕ..тоа треба да се роди без оглед на се.За мене тие шо абортираат се најголемите УБИЈЦИ,полошо од од тоа нема....
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Против. Многу против. Веќе ако се дојде до таква ситуација, треба да се стиснат забите, и да се соочи со ситуацијата зрело. Признавам абортус во некои екстремни случаи како што е , силување. Дури и не признавам абортус за плод за кој е утврдено дека не е здрав. Судбината е таа, тоа дете е дете како секое друго. Здраво или нездраво има душа и заслужува да диши од овој воздух.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anne

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Против. Многу против. Веќе ако се дојде до таква ситуација, треба да се стиснат забите, и да се соочи со ситуацијата зрело. Признавам абортус во некои екстремни случаи како што е , силување. Дури и не признавам абортус за плод за кој е утврдено дека не е здрав. Судбината е таа, тоа дете е дете како секое друго. Здраво или нездраво има душа и заслужува да диши од овој воздух.

Има душа, а? Во моментот на абортирањето нема ни нервен систем, ни срцева акција, не чувствува болка, али има душа?
Како би требало девојка од 15 години да се соочи со ситуацијата зрело? Како би требало пар без никакви приходи да се соочи со ситуацијата зрело?

Два-три поста погоре една девојка побара совет за потенцијано реален и серизен проблем. Би било фино и пристојно да не се расфрлате со квази - религиозни и квази морални ставови, кои немаат никаква реална, нити па логична основа.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Нова сум... имам голема мака, не знам што да направам барав тема во која можам да го сместам ова, па мислам дека ова е најсоодветна..
Вака сега, пред неполна година абортирав, и мислам дека постапив најправилно што можам... имам 19 години и мислам дека повторно сум бремена, ми доцни 2 дена и ги имам сите симптоми како и на претходната бременост, утре ќе си купам тест за бременост и ќе знам најсигурно но чуствувам дека ќе е позитивен... е сега дечко ми има 23 години, работи, зима добра плата, ми рече јас како сакам така да направиме, тој инаку е спремен да го чуваме ако го има, инаку со него сум месец ипол, но се зближивме премногу, но тој не знае дека имам абортирано, е сега не знам што да направам дали повторно да абортирам, се плашам после од последиците, ме кочи факсот, сакам да сум редовен студент, не знам како би прифатиле моите... но од друга страна и сакам да го родам ако сум.. ве молам за помош, збунета сум премногу
Не сум против абортус, но штом сакаш да го родиш плодот доколку си бремена и штом и партнерот изразил желба да станете родители, зошто да не го родиш? Ајде еднаш си абортирала, океј, но зошто и сега да абортираш? Па секако ионака еден ден ќе бидеш мајка, зошто таа шанса да ја пропуштиш по вторпат? И нема врска ако имаш 19 години. Животот ќе продолжи понатака, факсот ќе го завршиш и ќе бидеш уште посреќна со малото покрај тебе. ... но, како си сакаш така прави.
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Грев било да абортираш? а не е грев тоа дете да расте без еден од родителите или во дом?? не е грев да нема покрив над глава, да нема што да јаде? не е грев што родителите ќе го гледаат тоа дете како пречка во нивните животи наместо како плод на љубовта? а ако се многу млади(деца) и сеуште не знаат ни млекото колку пари е во продавница затоа што за нив сеуште се грижат нивните, ни школо не завршиле, ниту работа можат да најдат.. а што ако не се знаат ни месец време, ниту пак се сакаат, единствена причина да бидат заедно ќе биде детето, кое ќе расте во брак полн недоразбирања, кавги, неверства, без топлина и љубов, имајки на ум дека најмногу се разведуваат поради тоа што бракот е склучен единствено поради тоа што девојката останала бремена. секако не сум за абортусот да се користи како контрацепција (затоа што не е), на народот му треба добра едукација, а не осудување.. на крај краева која сум јас да му судам некому за тоа што (не) го задржал детето? не сум против абортусот, сум за ПРАВО НА ИЗБОР! ако е забранет абортусот пак ќе се изведува, само нелегално -што е многу поопасно за жената.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Има душа, а? Во моментот на абортирањето нема ни нервен систем, ни срцева акција, не чувствува болка, али има душа?
Како би требало девојка од 15 години да се соочи со ситуацијата зрело? Како би требало пар без никакви приходи да се соочи со ситуацијата зрело?

Два-три поста погоре една девојка побара совет за потенцијано реален и серизен проблем. Би било фино и пристојно да не се расфрлате со квази - религиозни и квази морални ставови, кои немаат никаква реална, нити па логична основа.

Не сум го прочитала постот од девојката, и се извинувам што го кажав мојот став на оваа тема. Сега ете го прочитав и без да се расфрлам со “квази - религиозни и квази морални ставови, кои немаат никаква реална, нити па логична основа“ , би и препорачала на девојката да не го повторува абортусот, затоа што може да има последици понатаму кога ќе посака да биде бремена. Зборувај со момчето и нека ти каже точно што мисли на оваа тема, а и со твоите дома, барем мајка ти или некој што може да ти помогне. И обавезно оди на гениколог. За студиите немој да се грижиш, и вонредно ќе си го завршиш. Тие може да се завршат во било кое време на денешен ден. Па се надевам дека се најдобро ќе излезе од оваа ситуација, за тебе првенствено.
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Значи какви се не мислења прочитав, уште се чудам. Грев било да го абортираш, требало да ти работи мајчински инстикт, па требало да си без чувства за да абортираш и сето тоа не било во ред, а во ред било да го родиш и да го оставиш во дом. Бравос, каков мајчински инстикт е тоа, чудо едно.
Сум ЗА абортус до 12 недела во случаи кога жената е силувана, кога и штети на здравјето на мајката или има големи шанси бебето да има неизлечива болест, кога родителите не се во состојба да му пружат нормален живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blondie and Marchisio

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Јас сум за правото на жената на избор.
И да не се повторувам со останатите членови, абортусот не е средство за контрацепција.
За жал денешнава младина е толку неупатена што е страшно.
Па побогу прогуглајте на нет и ќе најдете некоја страница како што е објаснето убаво за абортусот, ги има милион такви страници.
Барем денес во 21 век постојат повеќе начини на заштита од несакана бременост.
Значи поголемиов дел од мислењава се двојни стандарди според мене.
Демек не е грев да го оставиш во дом ( и да заврши кој знае каде, познавајќи го системот на државичкава наша), ама грев е да го абортираш??????
Луѓе со двојни стандарди.
Оправдувам абортус во случај на силување, инцест, и кога не дај боже бременоста може да биде штетна по здравјето и на мајката и на плодот, или да пукне презервативот.
А не од срам не купувале презервативи или не знам што, ко абортирањето да е нешто толку просто и едноставно па ајде сега и по два пати или три ќе се абортира.
Абортирањето повеќе од еднаш е опасно.
После девојката и да може да остане трудна нема да може да го доноси плодот, што е уште пострашно.
На секого може да му се случи да се најде во таква безизлезна ситуација, затоа не осудувајте одма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

secrets&lies

Нов член
1 јули 2012
13
4
3
Usa
Ако е во прашање животот на мајката да се спаси тогаш мора абортус , во секој друг случај сме убици !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
секој може да има став за ова но никогаш не се знае како би постапил во таква ситуација и која била причината за тоа,и затоа не треба да судиме на никој...
Пример доколку некоја девојка била силувана,што треба да направи да го роди тој плод? или доколку се увиди дека плодот не е здрав што е подобро да се абортира или да се роди тоа дете и да се мачи цел живот и оно и родителите негови?