Абортус: за или против?

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Јас сум дефинитивно против тоа но сметам дека има ситуации каде МОРА да се иззреагира така ... (за жал) (worried)
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
^ Ондак си за...
Не можеш да си против, а да оправдуваш. Не можеш да си за абортус, а да не го оправдуваш.
Секој си знае што е најдобро за него. Ако жената смета дека тоа е правилната одлука, само напред.
Имам кажано веќе, јас сум за абортус.

А, сакам и одамна да пишам, ама изумувам цело време.
Што по ѓаволите и е на владава со дотичните реклами против абортус, за зголемување на наталитет?
Цурава бремена, дечкото се туфка како ќе го чуваат, а таа му кажува дека детето ќе личи на него. И одеднаш се станува розево. Кога би било така лесно во реалниот живот, лесно на нас смртниците.
Не бе, не, не ја можам државава.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Моментот беше - Имаш право на избор - избери живот.(facepalm)

Демек, можеш да гласаш и за други, ама гласај за нас.

После зошто се попрост станувал народот... па каков да стане со вакви дебилштини по државна телевизија.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Дефинитивно и категорично сум ПРОТИВ....освен во оние случаеви кога е утврдено дека плодот е со одредени малформации и деформитети, или Даунов синдром и слично, или пак кога е загрозен животот на мајката....а инаку ептен, ама ептен сум против....
 
monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
од сите мислења кои ги прочитав имам само да кажам дека жал ми е за сите деца неродени и абортирани:sleep
па право на избор има секоја жена-за тоа се сложувам ама има право и животот во неа-да живее
мислете многу е лесно да се абортира,психички стрес проследен со болка,со гледање на чудни инструменти и распарчен плод кој го фрлаат во тегла:rolleyes:
тоа ни малку не е пријатна глетка
а после абортусот следат милион прашања,дали сум во ред,дали ќе родам повторно????и најважното грижа на совест
јас сум Против абортусот од таа причина што јајце клетката,зачетокот,фетусот,ембрионот и на крај плодот не заслужуваат таква пресуда од трето лице
секакви ситуации постојат ама сите тие се излезни,не безизлезни а детето е дете без разлика дали е од силувач,од милувач,од млад или од стар
дури и ако плодот има здравствени проблеми кои се решаваат по раѓањето би го родила,треба животот да го прифатиме таков каков што е
сега се се лекува,болести и малформации освен оние кои не успеваат да преживеат;)
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Моника, далеку да е, ама да те силуваат и после 2 месеци да дознаеш дека си бремена од силувачот, тешко дека бебенца и цвеќенца на памет ќе ти доаѓаат.
Абортусот не е ниту забавен, ниту интересен, ама трае кратко и тука завршува.
После силувањето тој страв се носи со себе до крајот на животот. На жената и треба многу време да се опорави. А посебно не би и помогнало во опоравувањето дете од силувачот.

Не знам што мислиш за плодовите од инцест, и убиените зиготи во епрувета при вештачко оплодување?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град

Вака извини што те цитирам ама морам.
Прво и основно ако си силувана и останеш бремена ќе мора да се помириш со судбината која те пронашла.Ќе се соочиш со реалноста ако неможеш да го чуваш ќе го дадеш во дом..Има некој кој со задоволство би го гледал без разлика од кого е и како е натснато.
Потоа кога зборуваме за епруветата станува збор за нешто сосема поразлично..Најпрвин ќе кажам дека плодот е жив од моментот на зачнувањето а не од предходно.Потоа неможеме да споредиме зигот со плод....Плодот се убива со абортус не утре дента откако е зачнат или веднаш...Поминуваат неддели,месеци..А за тоа време плодот се развива во утробата на мајката затоа да не мешаме баби и жаби.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

извини шо јас те цитирам тебе, ама морам да те прашам:
се читаш ли што пишуваш?
а и сите кои толку гласно скокате против абортусот?
решавајте си за себе, ако некогаш се најдете во ситуација, заради една или друга причина
и оставете ја секоја жена сама да си одлучи дали би или не би.
 
Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
извини шо јас те цитирам тебе, ама морам да те прашам:
се читаш ли што пишуваш?
а и сите кои толку гласно скокате против абортусот?
решавајте си за себе, ако некогаш се најдете во ситуација, заради една или друга причина
и оставете ја секоја жена сама да си одлучи дали би или не би.
Да многу добро се читам..и знам многу добро што говорам...
Јас имам многу пати кажано јас го почитувам правото на избор кога се работи за самиот себе но не и кога се работи за друг живот.
Според сите можни закони во светот убиството т.е одземањето на туѓ живот се казнува па дури и кога било во самоодбрана(нормално со олеснитела околност)ама сепак се казнува,доколку го убиеш твоето 1 годишно дете ќе бидеш осуден а за абортус не..Најголемиот проблем е и во тоа што оние кои го подржуваат сметаат дека плодот не е живо суштество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Нели е потрагично да дадеш дете во дом, отколку да ја прекинеш бременоста уште пред да започне?
До 5-6 недела зачетокот не е ништо повеќе од групација на клетки. Се додека нема срцева активност и не е започната органогенезата тоа не е убиство. А и подоцна, доколку жената се реши на такво нешто, значи има јака причина. Тоа е избор.
Ама да родам дете што не сакам да го имам, а притоа и во дом да го дадам е ГРЕВ.
Мислам дека сите знаеме како најчесто завршуваат тие деца.
Пак ќе речам, да родиш и да го дадеш во дом... Поглупава теза немам чуено.