Против. Многу против. Веќе ако се дојде до таква ситуација, треба да се стиснат забите, и да се соочи со ситуацијата зрело. Признавам абортус во некои екстремни случаи како што е , силување. Дури и не признавам абортус за плод за кој е утврдено дека не е здрав. Судбината е таа, тоа дете е дете како секое друго. Здраво или нездраво има душа и заслужува да диши од овој воздух.
Не сум против абортус, но штом сакаш да го родиш плодот доколку си бремена и штом и партнерот изразил желба да станете родители, зошто да не го родиш? Ајде еднаш си абортирала, океј, но зошто и сега да абортираш? Па секако ионака еден ден ќе бидеш мајка, зошто таа шанса да ја пропуштиш по вторпат? И нема врска ако имаш 19 години. Животот ќе продолжи понатака, факсот ќе го завршиш и ќе бидеш уште посреќна со малото покрај тебе. ... но, како си сакаш така прави.Нова сум... имам голема мака, не знам што да направам барав тема во која можам да го сместам ова, па мислам дека ова е најсоодветна..
Вака сега, пред неполна година абортирав, и мислам дека постапив најправилно што можам... имам 19 години и мислам дека повторно сум бремена, ми доцни 2 дена и ги имам сите симптоми како и на претходната бременост, утре ќе си купам тест за бременост и ќе знам најсигурно но чуствувам дека ќе е позитивен... е сега дечко ми има 23 години, работи, зима добра плата, ми рече јас како сакам така да направиме, тој инаку е спремен да го чуваме ако го има, инаку со него сум месец ипол, но се зближивме премногу, но тој не знае дека имам абортирано, е сега не знам што да направам дали повторно да абортирам, се плашам после од последиците, ме кочи факсот, сакам да сум редовен студент, не знам како би прифатиле моите... но од друга страна и сакам да го родам ако сум.. ве молам за помош, збунета сум премногу
Има душа, а? Во моментот на абортирањето нема ни нервен систем, ни срцева акција, не чувствува болка, али има душа?
Како би требало девојка од 15 години да се соочи со ситуацијата зрело? Како би требало пар без никакви приходи да се соочи со ситуацијата зрело?
Два-три поста погоре една девојка побара совет за потенцијано реален и серизен проблем. Би било фино и пристојно да не се расфрлате со квази - религиозни и квази морални ставови, кои немаат никаква реална, нити па логична основа.